Најекономично греење и ладење

Член од
15 јануари 2015
Мислења
452
Поени од реакции
424
Ми треба препорака за течно средство за чистење на внатрешната единица. Истата е размонтирана и ја извадив предната маска како и насочувачите на воздухот. Второ пршање дали има некој упатен со колку бари притисок е потребно да се прска водата имам гледано некој туторијали на интернет па знам како и што треба одприлика да направам па затоа ако знаете ќе ве замолам да ме упатите за средсво и од каде може да се купи и за големината на притисокот.

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
Кога ти е веке демонтирана вн.единица може да ја оставиш кај сервисер да комплетно ја исчисти со вап и се останато што следува и ке кошта 600ден. услугата.Доколку сервисерот ја демонтира исчисти и повторно ја монтира вн.единица Тоа би те коштало 2500ден.
 
Член од
25 септември 2015
Мислења
106
Поени од реакции
197
Ми треба препорака за течно средство за чистење на внатрешната единица. Истата е размонтирана и ја извадив предната маска како и насочувачите на воздухот. Второ пршање дали има некој упатен со колку бари притисок е потребно да се прска водата имам гледано некој туторијали на интернет па знам како и што треба одприлика да направам па затоа ако знаете ќе ве замолам да ме упатите за средсво и од каде може да се купи и за големината на притисокот.

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
Vo FRIGO DOGAN imas tursko sredstvo nameneto bas za cistenje na klimi/izmenuvacot...Go imam koristeno a i go koristam..se vika ICLEAN...i e fantasticno...E sega problemot ti e sto mislam deka nemaat pakovanje pod 5 l i lus sredstvoto e koncetrat (se razreduva vo zavisnost kolku e prljava klimata)..5L tuba kosta okolu 1200 den..Otkako ke naneses sredstvo (koe i da bide)..ni slucajno nemoj so VAP bidejki od pritisokot ke gi zatvoris lamelite na izmenuvacot...Dovolno e so edna pumpica cisto da go isplaknes izmenuvacot od sredstvoto...P.S. imam videno nekoi decki koristat i ARIS DE GRAS kosta 120 denari i go ima vo skoro site marketi.Po iskustva na drugi vikaat deka e sosema solidno sredstvoto (ne sum go probal,nemozam da potvrdam)..Da napomenam deka vo DOGAN imaat i antibakterisko aromatizirano sredstvo koe dava svezina i kosta okolu 300 denari (rozevoto go preporacuvam)..koe ke vi trae barem 2 meseci pa i povekje.
Da nebidam pogresno razbran..NE MU PRAVAM REKLAMMA NA FRIGO DOGAN...nego samo prenesuvam licno iskustvo[DOUBLEPOST=1455298365][/DOUBLEPOST]Uste pred dva meseci kazam deka imam silent blok gumici (ne mnogu)...Eve @Vanlok uste go cekam da se javi na primer :)
 
Член од
25 април 2008
Мислења
56
Поени од реакции
84
Фала на советот инаку ова со чистењето ми е занимација пошто сум на годишен одмор и си се наоѓам во работа со старата клима.Ја исчистив надворешната со арис де грас ама вика дека не стреба да се прска на алуминиум со него затоа страв ми е на внатрешната да не оштетам нешто инаку надворешната ја направи џам. Поздрав па ќе пишам што сум направил и дали сум ја склопил.

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 
Член од
30 март 2012
Мислења
376
Поени од реакции
234
Фала на советот инаку ова со чистењето ми е занимација пошто сум на годишен одмор и си се наоѓам во работа со старата клима.Ја исчистив надворешната со арис де грас ама вика дека не стреба да се прска на алуминиум со него затоа страв ми е на внатрешната да не оштетам нешто инаку надворешната ја направи џам. Поздрав па ќе пишам што сум направил и дали сум ја склопил.

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
aj slikaj malu do kaj si rasklopil
 
Член од
11 јануари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
114
Зависи од бројот на членови во семејството, не е исто 1 или 2 и 4,5 или повеќе члена во семејството. Можеби треба да се обрати внимание на она што реално може да претставува некаква заштеда. На пример: замена на сите светилки во домот со енергетски ефикасни, лед светилки и сл., внимавање истите тие да не бидат вклучени кога нема потреба за тоа-тоа се однесува и за други апарати телевизор, радио и сл., машини ( за перење, за сушење и сл ) исклучиво во ефтина тарифа. На лето сушење на облеката по можност надвор ( сушарата нека одмори до зима ) и сл такви ситници кои сепак можат да придонесат за намалување на сметката за потрошена електрична енергија.
Тоа е мојот придонес за намалување на сметките за потрошена електрична енергија, се надевам дека и други на форумот ќе дадат и други корисни совети за тоа. Секој совет и искуство злато вреди.
Поздрав
Јас приметив солидна разлика откако класичното кујнско бојлерче го заменив со проточно. И секако гледам апаратите да се бар А+ класа.
 
Член од
5 декември 2015
Мислења
216
Поени од реакции
266
...Можеби е тоа обајснето во европската регулатива 14825, каде се дефинира пресметувањето на референтните SCOP i SEER. Тоа е документ на 80-90 страни, а проблемот е што чини околу 300 евра, а го нема да се симне бесплатно, барем јас не успеав да го најдам. Ако некој го најде, нека сподели.
 

Attachments

Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.500
Јас приметив солидна разлика откако класичното кујнско бојлерче го заменив со проточно. И секако гледам апаратите да се бар А+ класа.
Kakvo protocno bojlerce imas zemeno? Mi nudea edno od TopShop ama nekako rizicno mi bese takvo vgradeno vo samata cesma. A ko gi vidov i na Ali deka gi ima :)
 
Член од
11 јануари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
114
Kakvo protocno bojlerce imas zemeno? Mi nudea edno od TopShop ama nekako rizicno mi bese takvo vgradeno vo samata cesma. A ko gi vidov i na Ali deka gi ima :)
Моето е Сименс, околу 7600 беше на попуст. Ми се чини ова е: http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=29_77&product_id=52841

А тоа од Топ шоп, исто бев скептик. Жена ми земаа за кујната на абота, и сега за сега се задоволни.

А во викенд станот во Охрид, татко ми уште пред години, го исфрли кујноското објлерче и ја врза топлата вода на главниот бојлер од купатило. Тука има загуб и во цевките, ама пак е подобро од класично кујнско бојлерче, кое е нон-стоп уклучено, полно со бигор и без изолација = страшен невидлив потрошувач.
 
Член од
22 јануари 2008
Мислења
102
Поени од реакции
110
Јас го имам од Топшоп во кујна и сега за сега сум задоволен. Баш го мерев со апаратче троши околу 3100W (се дур има проток не исклучува или намалува), загрева брзо ( ~10 сек.) а во зависност од протокот на вода, што помал проток толку пожешка вода, мах 70Ц. За сега едина мана му е на пример кога ќе пушташ топла вода и набрзо после тоа сакаш да се напиеш вода, мораш да пуштиш една минута да истече топлата. И исто така што има мала гаранција (6 месеци), незнам како ќе реагира на бигор.

http://www.topshop.com.mk/brendovi/brendovi-dom-i-kujna/delimano/digital-faucet-cesma-bojler.html[DOUBLEPOST=1455442150][/DOUBLEPOST]Еве и јас да споделам позитивно инфо за греење со инвертер.
После долго читање и барање земав Hitachi RAK-35RPB/RAC-35WPB од Техноклима. Ме фати 41000 ден., плус монтажа 4300. Монтирана (од мајстор Зоки) во нов стан (прва зима) со еден надворешен ѕид, свртен на запад, греен од сите други страни (мада под мене нема никој вселено), со 10цм стиропор и пвц прозори со 3 стакла. Греам 50м2, распоредот во аттач, внатрешната е монтирана во дневна над прозорот (дува накај влезна врата). Од кога ја монтирав ( пред нова година) работи 24/7 (со пауза од 15 дена кога ни пуштија пробно парно). Подесена од 8 сабајле до полноќ на 23-26 степена додека навечер ја ставам на 20-21, вентилаторот на ауто. За сега сум презадоволен, успева да го згрее цел стан (врати од спални цело време отворени, кон купатило чат пат), во најодалечената спална е 22Ц а во детската 23Ц. Во дневна не е претопло (22-24) бидејќи перките ги кревам нагоре и вертикалните ги усмерувам према спалните. Потрошувачката не кренала над 350W, освен кога ја пуштивме првиот ден ама тогаш станот беше 8 степена а и тогаш над 1500W не отиде. Дефрости има ама се занемарливи, едно време ги приметував, од прилика на секој сат по 3-5 минути (ваљда програмирани) а сега не се замарам со нив пошто си брка работа солидно.
Интересно е што кога не работи компресорот троши 4-5W (сликата во атач) и исто толку кога е на офф, во стендбај. За жал сабајле по грешка ја избришав сликата со акумулирана потрошувачка, ќе сликам па ќе ја пуштам, ама потрошувачката за последниве 4 дена е неполни 17kWh, што значи во просек по 4,25kWh на ден. За компарација, во погорниот пост пишав за Дормео проточната чешма, нејзе да ја оставам саат и кусур време да работи ќе потроши колку климата што грее 50м2 за цел ден.

Надворешната единица е екстремно тивка, нема никаква бучава ниту вибрации а и внатрешната исто, го нема она крцкање на пластика. (Само ме јаде јанза што се држи на 2 штрафа и тоа само напред, никако неможеа да протнат рака да стават уште еден најмалце). Ако има некој предлог како би ставил би му бил многу благодарен. Ќе сликам и тоа да видите.

Како мана сега за сега би навел во одредени ситуации е малку трома. На пример ако промениш температура од 24 на 25 и одма потоа кликнеш да смениш брзина на вентилатор или да смениш позиција на перка, не реагира. На далечинското стои дека си кликнал ама перката не мрда. Треба да почекаш едно минута-две па и три па потоа проработува.
Исто и со инфо копчето имам проблем, каде што јавува моментална температура (не сум сигурен дали чита од сензор во самото даљинско или од внатрешната) и потрошената струја. Температурата е ок, секогаш дава вредност ама потрошња некогаш јавува а некогаш не.

И за на крај, тоа дувањето се осеќа, кој неможе да го трпи нека не зима ваков тип на инвертер нека зема воздух-вода па на радијатори да тера. За среќа моја, мене не ми смета и на жена ми исто а децата се мали па не се жалат :)
Исто така заклучив дека империтив за евтино греење-ладење е да имаш топ изолација. Во тој случај, што се вика и со свеќи можеш да се грееш :) Ама убедливо најевтино би било со инвертер.

Ако нешто сум испуштил слободно прашувајте, стојам на располагање.
 

Attachments

Последно уредено:
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923
Јас го резервирав бојлерчето од дормео, ќе видам деновиве кога ќе стигне како ќе се покаже.

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Член од
5 август 2015
Мислења
11
Поени од реакции
26
Не сум доволно богат за тоа :)


Јас летно време неможам да извадам 3000 денари. Се восхитувам на ваквите луѓе. И јас имам проточен бојлер, сушара, машина за перење 2-3 пати неделно.
Каде грешам ?
Само вистинските домакинки можат да го направат тоа :D
Имам еден колега зимно време секој месец ме прашува колку ми дошло за струја и на крај коментира дека сигурно седиме во ладно :)
Шала настрана, морам да признаам дека пазам да ги вклучувам апаратите на ефтина струја, ама па не сум роб на тоа.. Сите апарати ни се од А класа нагоре, освен сушарата Ц класа, ама таа ми е пред 7 години, тогаш имаше само Б повисока класа и беа ужас скапи.. Например, сите алишта ги перам и сушам у недела, двете машини цел ден вртат.. Инаку немам штедливи сијалици, 90% ми се онакви мали со 2 игли што се боцкаат да се закачат, незнам како се викаат..
Мене летно време сметките за струја ми се движат од 1,500 до 2,000.
Станот летно време ни е доста ладен, па ретко уклучувам клима за ладење. Не пече цел ден сонце па затоа ми се скоро цел ден спуштени ролетните, инаку се прави сауна. Клима пуштаме ептен ретко, кога ќе ни дојдат гости па од повеќе луѓе се загрева просторот или кога се готви/пече зошто кујната ни е во склоп на дневната и одма се загрева.. Затоа летно време избегавам многу да готвам.. Исто летно време не користам сушара, не дека штедам туку дека купатилото ни е 1,5м на 2м, без прозор и не се дише во него кога работи сушарата. Зимно време исто додуша, ама додека работи пуштам вентилатор цело време да врти па не е толку страшно..
А зимно време мислам дека најголем удел што се мали сметките е зошто многу ни е топло и без греење дома.
Се случило полно пати да си дојдам дома и по саат-два да приметам дека не сум ја пуштила климата. Ако готвам нешто, може комотно да ја исклучам. Инаку и 80% од времето ни е отворена вратата од дневната кон ходникот и детската пошто на индијанциве таму им се играчките и нонстоп се наваму натаму.. Детската е у сендвич меѓу нашата дневна и спалната на комшиите и е најтопла соба во станот, ептен кога беа минусните температури пуштавме таму греење..
И јас на крај мислам дека добра изолација на станот има најголем удел во пониски сметки за струја..
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923
Уште да напишеш големина на станот.

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom