Најекономично греење и ладење

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.020
Поени од реакции
34.439
Мерење од последните 751 саати (~31 ден):
- скапа тарифа, 89.9 kw/h
- евтина тарифа, 60 kw/h

Вкупно 149,9 kw/h
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.020
Поени од реакции
34.439
Мерењето е за Тошибата во дневна. Грито во спална во моментов нема мерач. Ионака воглавно навечер го пуштам за спиење.
 
Член од
18 август 2015
Мислења
213
Поени од реакции
420
По подолго време ќе се вклучам во форумот затоа што веќе имам 3 месеци искуство со греење со клима што е донекаде доволно за да го пренесам искуството особено на лаиците како мене. Најпрвин благодарност до сите упатени од форумот по чија заслуга се одлучив за греење со клима и морам да кажам дека сум презадоволен од истото. За потсетување греам 28м2 дневна од стан во Гостивар со Грее Хансол 3,5кв. Собата е мн ладна бидејќи гледа кон северозапад и ниеден соседен стан од горе, долу и источно не се грее. Сепак климата одлично се ја заврши работата и немаше никаков проблем во ниеден момент од 10 декември од кога е вклучена. Она што сакам да го потенцирам е дека советите на повеќето од искусните форумџии за тоа климата воошшто да не се гаси е апсолутно точна во мојот случај. Она што го забележав е дека на климата по првото вклучување е дека брзо стигна до 22 С, а за повисоки Т до 26 му требаа 2 дена, откако се замлачија ѕидовите без проблем одев и до 28. Сетирањето на климата во смисла правец на дување...итн го наместив да во ниту еден момент не се почувствува некаков ветер, сепак за тоа треба малку експериментирање. Климата ја користам со ifeel со далечинско поставено на 4м од климата на 120цм од под, притоа температурата кај климата ми беше секогаш 3 степени пониска.
Она што е најважно многу поријатно беше престојувањето и спиењето за мене па и за бебето во просторијата со клима vs панелот во спална.
Сметките за струја одлични... декеври и февруари ќе бидат како лани или 500ден пониски, а јануарската кога беше најладно беше за 2200ден пониска во споредба со минатогодишните. Од целокупната потрошувачка сум презадоволен имајќи во предвид дека сега сме со детенце и боијлер, машина за садови, за перенје и машина за сушење се пушта секој ден, панел во спална.
Пријателите и сите скептици кои ме советуваа да ставам панели или термо печка останаа без збор, па веќе ме задолжија да изберам 2 клими за нарена сезона.
Да заклучам греењето на клима е ново искуство за мене и сум презадоволен од истото. Секако за тоа е потребна пристојна клима соодветна на просторот. За сите кои имаат потреба од мои искуства со климата и застапникот Греемак слободно нека ме контактираат, ќе бидам максимално искрен.
На крај ќе додадам дека кај нас може да се најде пристојна клима сигурно, дали цените се реални... тоа се сомневам (има поупатени од мене) и дали има компанија која ќе понуди решение на лаици како мене без да има обид да се продаде поскапо или поголемо... многу тешко-а ова го заклучувам по моите прошетки по продавници за клими, а доказ е дека за клима се одлучив благодарение на форумов и читање по нет а не од профеционалците. Дефинитивно им треба добар тренинг за продажба и што е поважно "грижа за постојните клиени" бидејќи тие носат 80% од новите клиенти, а не рекламите по телевизии, списанија ...
И јас се одлучив за греење со клима како примарно греење, по подолго истражување и читање на повеќе форуми меѓу кои е и овој. Се начитав многу, многу информации, искуства од луѓе кои несебично ги споделуваа со другите за да како лаик во областа пресечам. И кога пресеков морав да ги убедам и моите домашни кои долго време не сакаа ни да ме слушнат, но со тек на време, малку по малку, пренесував информации ги поттикнував да читаат и на крај се согласија да се грееме со клима инвертер. Сега тие, особено моите постари се во мисија на пренесување информации кон соседи, пријатели, роднини....сега сфаќаат колку ми било тешко да им пренесам информација која на почетокот едноставно не сакаат ни да ја слушнат, сметајќи дека такво нешто не е возможно ( на човек со сила можеш да му земеш, но со сила не можеш да му дадеш)....за се треба време и трпение, сега се благодарни и презадоволни, како со загревањето така и со потрошувачката.
Ти посакувам уште многу, многу зими климатата успешно да те грее. На крај ти благодарам за пренесените искуства и запазувања, тие ( како што некој многу одамна има кажано )- злато вредат. Се надевам дека и потаму ќе останеш активен член на овој форум и ќе ја збогатиш дискусијата со согледувања и искуства за греење со инвертер особено со уред од марката Gree.
Поздрав
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
222
Поени од реакции
67
Повеќе год. користам клима (претежно кога Т е над 0С ), но сега приметив дека Т на дување( проверка со рака) кога ке достигне околу 24 С во дневниот простор ми дува некако млако скоро ладно. Климата е наместена на 25 С. Климата е panasonic 12 инвертрер .Дали е нормално кога ке се доближи до посакуваната Т да намали со давање топлина, или можеби треба да се самоисклучува.
Вакви примери почнав да приметувам после поправка на климата ( пред тоа не ме интересираше). пред една година од сецкање на струја ми прегоре климата со грешка f 99. Според мајсторите ми предлагаа дека е прегорен компресорот, но самоиницијативно си нарачав Инвертрер повер модул, си го инсталирав сам и климата си проработи за 5 долари нарачка. Е сега дали поинаку се понаша климата заради новиот дел иако е според карактеристиките сосема ист или мене ми се причинува не знам. Мислам дека претходно климата( немав приметено) млако да дува туку се гасеше кога ќе достигнеше избраната Т.
 
Член од
11 јануари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
114
Еве и сметката за февруари (26.1-26.02) стигна: 3416 денари.

Јас немам дилеми за греењето со клима, туку дај кажете предлог за греење на спалните. Собите се по 14м2 и тоа со кос кров и делат заеднички ходник од 7м2. Се мислев да ставам една 12ка клима во ходникот, верувам ќе ги грее солидно и двете соби и ходникот. Маана е што ќе треба цело време да држам отворени врати од собите. Или пролетва да барам некое мултисплит решение, бидејќи имам спуштен плафон, можам над него да водам до собите канал. @kodus @Strelec, некој предлог?
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
870
Поени од реакции
569
me raduva sto klima uredite pocnaa se poveke da se koristat. Samo ne mi jeasno zosto se gradat ovie silni gasovodi, koga gasot ne e poveke atraktiven, a i en pravi zavisen. So dobar inverter i dobra izolacija moze dosta da se zastedi
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Повеќе год. користам клима (претежно кога Т е над 0С ), но сега приметив дека Т на дување( проверка со рака) кога ке достигне околу 24 С во дневниот простор ми дува некако млако скоро ладно. Климата е наместена на 25 С. Климата е panasonic 12 инвертрер .Дали е нормално кога ке се доближи до посакуваната Т да намали со давање топлина, или можеби треба да се самоисклучува.
Вакви примери почнав да приметувам после поправка на климата ( пред тоа не ме интересираше). пред една година од сецкање на струја ми прегоре климата со грешка f 99. Според мајсторите ми предлагаа дека е прегорен компресорот, но самоиницијативно си нарачав Инвертрер повер модул, си го инсталирав сам и климата си проработи за 5 долари нарачка. Е сега дали поинаку се понаша климата заради новиот дел иако е според карактеристиките сосема ист или мене ми се причинува не знам. Мислам дека претходно климата( немав приметено) млако да дува туку се гасеше кога ќе достигнеше избраната Т.
Ne ti duva ladno, duva toplo ama e poladno od tvojata telesna temperatura pa zatoa ti izgleda deka e ladno.
Ako mnogu duva toplo brzo ke ja dostigne temp i ke iskluci.
Mislam deka twin rotarry comp. moze min. da raboti so 10% load.
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
222
Поени од реакции
67
Ne ti duva ladno, duva toplo ama e poladno od tvojata telesna temperatura pa zatoa ti izgleda deka e ladno.
Ako mnogu duva toplo brzo ke ja dostigne temp i ke iskluci.
Mislam deka twin rotarry comp. moze min. da raboti so 10% load.
знам само кога ќе ја вклучам дека провевот е топол на почеток, а кога ќе се затопли просторијата провевот ми изгледа далеку помлак.
Можеби грешам, ама имам таков впечаток иако мерам со рака
Или можеби така ми изгледаше бидејќи претходно ми беше нон стоп вклучена опцијата на најако на вентилатор, а сега ја имам подесено на Auto.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.020
Поени од реакции
34.439
me raduva sto klima uredite pocnaa se poveke da se koristat. Samo ne mi jeasno zosto se gradat ovie silni gasovodi, koga gasot ne e poveke atraktiven, a i en pravi zavisen. So dobar inverter i dobra izolacija moze dosta da se zastedi
Неколку факти кои изгледа не ги разбираш:
- гасот секогаш ќе биде атрактивен, пошто на струја не работат само климите - и гасот не служи само за греење простории (хинт: готвење, загревање вода за капење, итн)
- гасоводот се гради на сметка на наплата на македонскиот дел од стар клириншки долг на СССР кон Југославија (кој никако другчије немаше да го наплатиме), во превод - не плаќеме за изградбата, а бенефит секако ќе имаме па макар и на бугарската мрежа да се закачиме
- гасот ќе помогне за намалување на смогот, плус е непоходен услов за увертира во целосна забрана на горење дрва (и ѓубре) во Скопје, и другите поголеми градови

На крај - за каква зависност зборуваш ебате, дај бе без такви кењање за виша (америчка) политика - се испогушивме овде по градовите од СМОГ. Испоумревме од чадови ебаго.
Просто не ми се верува какви дилетантни заглупувања: да не сме користеле гас, ќе сме станеле зависни! Иди прашај ги тие од западна Европа зошто целата индустрија им е на руски гас, па уште градат и нов гасовод, Северен Ток 2... Ама ние овде во Македонија демек треба да апстинираме од еколошки чист, и евтин енергенс. Не гледаш дека со сила те прават глуп?? :cautious:
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
870
Поени од реакции
569
@Vanlok ne znam koj e diletant, za toa ke vidime posle nekolku godini. Jas prestojuvav vo Polska koja dosta koristi gas i koja posto poto saka da se oslobodi od nego, a ne mozat da go storat toa zatoa sto se vrzani so dolgorocni dogovori. Za ukrajina da ne zboruvam, tie za drugo greenje i ne znaat. I sega imaat problem. Rusite se itri, dzabe ni gradat gasovodi, no ke go vratat toa so cenata na gasot. Kako sto rekov, da pocekame nekoku godini.


-makedonija e mala zemja i nejzinite energetski potrebi ne se golemi, i mozat vo golem del uste da se namaluvaat so stedenje na energija a ne natamosna ekpanzija. Za voda za kapenje moze da se stavi obicen bojler (da ne zborime za solaren panel koj resava i drugi potrebi), vidi kako e po grecija. Za gotvenje se trosi mozebi 1% od celata energija toa ne e seriozno. Po mene podobro e da se uvezuva struja cija cena paga, i verojatno ke bide uste poniska, od kolku da se uvezuva gas cija cena ke odi samo nagore (da li raboti redovno TeTo vo Skopje i zosto ne?)

Kazi mi nekoja fabrika vo Makedonija sto koristi gas vo proizvodstveniot proces. Germanija ima jaka hemijska industrija zatoa i treba Severen tok 2 (i da vidime dali ke go izgradat)
a toa za zagaduvanje deka ke go resi gasot ne znam bash, dali i avotmobilite ke ni bidat na gas? Mozebi e ova diletansko prasanje? mene nikoj so sila ne me pravi glup, toa e mislenje, imam iskustvo vo sferata na energetika sum bil vo dosta zemji i znam sto zboruvam!
 
Член од
2 август 2014
Мислења
1.785
Поени од реакции
4.148
Ima nekolku fakti koi ne treba da se zanemarat:
-celata cista el. energija koja ja pravea nasite hidrocentrali ja trosea samo "Jugohrom" i "Ohis",
-"necistata" el. energija proizvedena od site termoelektranite na jaglen ( za ilustracija "Bitola" I i II se so instalirana moc otprilika kolku atomkata "Krsko" vo Slovenija) ja jadea zelezarnicata vo Skopje, ostatokot od industrijata i domacinstvata,
-nedostatokot od 30-40 % se uvezuvase
Od togas do sega ne e NISTO napravenovo podobruvanje na energetskata situacija (osven dve tri hidrocentrali koi ni od daleku ne gi zadovoluvaat segasnite potrebi, a kamo li razvoj). Edinstven izlez e izgradba na nuklearka, za koja nie nemame prirodni uslovi, bidejci za ladenje na reaktorot nemame dovolno golema reka (mozebi Vardar vo dolniot tek), veternici se preskapi, solarni elektrani uste beter, branovi nemame fala bogu, ostanuva samo tremolektrani pogonuvani od GAS.
Nivna prednost e sto mozat da bidat izgradenu sekade, duri i vo blizina na naselbi, pa da se koristat i za zagrevanje na domacinstavata, bidejci se mnogu niski zagaduvaci. No nasive vladi godini so red nemaat sluh ( ili si go polnat cekmezeto pri uvoz na el.energija) i namesto da gradime vakvi gasni termoelektrani koi ne kostaat povece od dve godisni rashodi za uvoz...... Od prilika se potrebni 3 elektrani kako skopskata gasna elektrana i problemot so uvozot bi bil resen... so kredit koj moze da se vraca samo od parite sto i taka gi davame za uvoz mozat da se izradat vakvi centrali sekoja vtora godina po edna.... ama nekoj si ima druga matematika.
Inace ne ja razbiram logikata na @savan : nasite potrebi se mali,pa mali se zatoa sto nema INDUSTRIJA covece, da gi namalime uste, da se vratime vo sreden vek. Ne te razbiram, ako na Germanija i treba gasot, a toj e skap sto e rabotava, zosto saka gasovod?
Pa zaradi gasot i e vojnava vo Sirija. Katar ( citaj Amerika) sakase nivniot gasovod da odi preku S. Arabija, Sirija i Turska za Evropa..... Sirija (citaj ASAD) ne prifati, tuku se dogovori od Iranskiot gas preku Sirija i Turska da odi za Evropa. Utredenta dojde do toa sto dojde.....
Siguren sum deka edinstveno ispravno e Makedonija da ima celosna gasifikacija na domacinstvata, pa ko gospodin covek da imame dostapno gas sekade i vo sekoe vreme kako sto e toa vo razvienite zemji, a ne kako mene da gi razvozuva toa bocite natamu navamu......
 
Член од
5 декември 2015
Мислења
216
Поени од реакции
266
Na diskusijava bi se nadovrzal so narodnana "Pametno tele od poveke cicki cica".. Definitivno ni treba gas no istotaka i pomasovno ekolkosko obrazuvanje i osvestuvanje kaj narodot i sto poveke solarni paneli po krovovite i sto poveke greenje so klima uredi i ponajveke velosipedski pateki i velosipedi po ulicite osobeno vo ramnovo skopje..

Za makventot za izminatiov mesec merenjevo:
01fev2016 - 01mart2016 (29 dena)
Max Watt: 1560 (sunday at 08:10:29h *valjda taa na 6ti fev)
kWh: 277 (prosecno 0.4 kWh)
Skapa tarifa: 495h=1247den
Eftina tarifa: 199h=285den
Vkupno: 694h=1531den
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.020
Поени од реакции
34.439
Ne te razbiram, ako na Germanija i treba gasot, a toj e skap sto e rabotava, zosto saka gasovod?
Pa zaradi gasot i e vojnava vo Sirija. Katar ( citaj Amerika) sakase nivniot gasovod da odi preku S. Arabija, Sirija i Turska za Evropa..... Sirija (citaj ASAD) ne prifati, tuku se dogovori od Iranskiot gas preku Sirija i Turska da odi za Evropa. Utredenta dojde do toa sto dojde.....
Остај го дечково, му ја полнеле главата со проамеричка пропаганда таму во Полска (или каде веќе бил).


@savan толку глупости напиша, што не знам од каде да почнам.
Ај вака - прво пошто ете Германија ја спомнавме, дали знаеш дека таму и сите домаќинства се приклучени на гас. Второ ако е целата работа толку „неисплатлива“ зошто побогу целата индустрија во Германија е на гас (од кој повеќето е руски)? Или уште не си стигнал да отидеш во Германија, а?

До Германија не си стигнал, па сега Украина ќе ни ја даваш како пример, каде го имаа најевтиниот гас во светов... Пред ’мурканците да им направат државен удар. Ок, не најевтин гас. Најевтин е сепак во Казакстан - а таму гасот е бесплатен, ебате. ;)

Понатаму, како побогу сметаш дека „ Македонија може да ги надокнадува потребите од струја преку повеќе штедење“??
Тебе да те стават да одлучуваш, и ова да го донесеш како стратешка одлука - ќе победиш во натреварот за најглупа одлука во историјата на светот, откако Хогар Страшниот нарачал дваесет илјади викингшки шлемови.... СО РОГОВИТЕ ОДВНАТРЕ! :D


Но не застануваш таму со глупостите: Целосно уведување на гас, и негова замена на дрвата како греен енергенс од избор. Тоа немало да го намали загадувањето?
Сериозно?? И продолжуваш, евтина била струјата, најевтино било да увезуваме струја??

Мене после тропање на вакви глупости, мене би ми било срам да продолжам да дискутирам. А за тоа автомобилите колкав загадувач се, во однос на горењето дрва (и ѓубре), повели па едуцирај се:
http://www.bnl.gov/isd/documents/71376.pdf
http://www.maforests.org/Chris_Matera_Biomass_Reality_Check.pdf
Или ако не ти се читаат детални студии, еве ги стриктно само најважните факти:
Indicative emission of particles:
- Fireplace and wood stove (per 4 hours of burning): 150 g
- Car, model 1992 (per 30 km): 0.5 g
- Car, model 2009 (per 30 km): 0.15 g
- Natural gas boiler (per 4 hours burning): 0.2 g


... sum bil vo dosta zemji i znam sto zboruvam!
Јас исто така сум патувал во многу земји, ете преклани и на тропски остров бев. Но замисли, тоа мене никако не ме прави стручњак по - на пример, тропски риболов. На истиот начин, како што ако евентуално некогаш се преселиш во гаража - тоа тебе нема да те направи автомобил. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom