Јас го имам од Топшоп во кујна и сега за сега сум задоволен. Баш го мерев со апаратче троши околу 3100W (се дур има проток не исклучува или намалува), загрева брзо ( ~10 сек.) а во зависност од протокот на вода, што помал проток толку пожешка вода, мах 70Ц. За сега едина мана му е на пример кога ќе пушташ топла вода и набрзо после тоа сакаш да се напиеш вода, мораш да пуштиш една минута да истече топлата. И исто така што има мала гаранција (6 месеци), незнам како ќе реагира на бигор.
http://www.topshop.com.mk/brendovi/brendovi-dom-i-kujna/delimano/digital-faucet-cesma-bojler.html[DOUBLEPOST=1455442150][/DOUBLEPOST]Еве и јас да споделам позитивно инфо за греење со инвертер.
После долго читање и барање земав Hitachi RAK-35RPB/RAC-35WPB од Техноклима. Ме фати 41000 ден., плус монтажа 4300. Монтирана (од мајстор Зоки) во нов стан (прва зима) со еден надворешен ѕид, свртен на запад, греен од сите други страни (мада под мене нема никој вселено), со 10цм стиропор и пвц прозори со 3 стакла. Греам 50м2, распоредот во аттач, внатрешната е монтирана во дневна над прозорот (дува накај влезна врата). Од кога ја монтирав ( пред нова година) работи 24/7 (со пауза од 15 дена кога ни пуштија пробно парно). Подесена од 8 сабајле до полноќ на 23-26 степена додека навечер ја ставам на 20-21, вентилаторот на ауто. За сега сум презадоволен, успева да го згрее цел стан (врати од спални цело време отворени, кон купатило чат пат), во најодалечената спална е 22Ц а во детската 23Ц. Во дневна не е претопло (22-24) бидејќи перките ги кревам нагоре и вертикалните ги усмерувам према спалните. Потрошувачката не кренала над 350W, освен кога ја пуштивме првиот ден ама тогаш станот беше 8 степена а и тогаш над 1500W не отиде. Дефрости има ама се занемарливи, едно време ги приметував, од прилика на секој сат по 3-5 минути (ваљда програмирани) а сега не се замарам со нив пошто си брка работа солидно.
Интересно е што кога не работи компресорот троши 4-5W (сликата во атач) и исто толку кога е на офф, во стендбај. За жал сабајле по грешка ја избришав сликата со акумулирана потрошувачка, ќе сликам па ќе ја пуштам, ама потрошувачката за последниве 4 дена е неполни 17kWh, што значи во просек по 4,25kWh на ден. За компарација, во погорниот пост пишав за Дормео проточната чешма, нејзе да ја оставам саат и кусур време да работи ќе потроши колку климата што грее 50м2 за цел ден.
Надворешната единица е екстремно тивка, нема никаква бучава ниту вибрации а и внатрешната исто, го нема она крцкање на пластика. (Само ме јаде јанза што се држи на 2 штрафа и тоа само напред, никако неможеа да протнат рака да стават уште еден најмалце). Ако има некој предлог како би ставил би му бил многу благодарен. Ќе сликам и тоа да видите.
Како мана сега за сега би навел во одредени ситуации е малку трома. На пример ако промениш температура од 24 на 25 и одма потоа кликнеш да смениш брзина на вентилатор или да смениш позиција на перка, не реагира. На далечинското стои дека си кликнал ама перката не мрда. Треба да почекаш едно минута-две па и три па потоа проработува.
Исто и со инфо копчето имам проблем, каде што јавува моментална температура (не сум сигурен дали чита од сензор во самото даљинско или од внатрешната) и потрошената струја. Температурата е ок, секогаш дава вредност ама потрошња некогаш јавува а некогаш не.
И за на крај, тоа дувањето се осеќа, кој неможе да го трпи нека не зима ваков тип на инвертер нека зема воздух-вода па на радијатори да тера. За среќа моја, мене не ми смета и на жена ми исто а децата се мали па не се жалат
Исто така заклучив дека империтив за евтино греење-ладење е да имаш топ изолација. Во тој случај, што се вика и со свеќи можеш да се грееш
Ама убедливо најевтино би било со инвертер.
Ако нешто сум испуштил слободно прашувајте, стојам на располагање.