- Член од
- 5 август 2015
- Мислења
- 11
- Поени од реакции
- 26
Не сум доволно богат за тоа
Јас летно време неможам да извадам 3000 денари. Се восхитувам на ваквите луѓе. И јас имам проточен бојлер, сушара, машина за перење 2-3 пати неделно.
Каде грешам ?
Само вистинските домакинки можат да го направат тоа

Имам еден колега зимно време секој месец ме прашува колку ми дошло за струја и на крај коментира дека сигурно седиме во ладно

Шала настрана, морам да признаам дека пазам да ги вклучувам апаратите на ефтина струја, ама па не сум роб на тоа.. Сите апарати ни се од А класа нагоре, освен сушарата Ц класа, ама таа ми е пред 7 години, тогаш имаше само Б повисока класа и беа ужас скапи.. Например, сите алишта ги перам и сушам у недела, двете машини цел ден вртат.. Инаку немам штедливи сијалици, 90% ми се онакви мали со 2 игли што се боцкаат да се закачат, незнам како се викаат..
Мене летно време сметките за струја ми се движат од 1,500 до 2,000.
Станот летно време ни е доста ладен, па ретко уклучувам клима за ладење. Не пече цел ден сонце па затоа ми се скоро цел ден спуштени ролетните, инаку се прави сауна. Клима пуштаме ептен ретко, кога ќе ни дојдат гости па од повеќе луѓе се загрева просторот или кога се готви/пече зошто кујната ни е во склоп на дневната и одма се загрева.. Затоа летно време избегавам многу да готвам.. Исто летно време не користам сушара, не дека штедам туку дека купатилото ни е 1,5м на 2м, без прозор и не се дише во него кога работи сушарата. Зимно време исто додуша, ама додека работи пуштам вентилатор цело време да врти па не е толку страшно..
А зимно време мислам дека најголем удел што се мали сметките е зошто многу ни е топло и без греење дома.
Се случило полно пати да си дојдам дома и по саат-два да приметам дека не сум ја пуштила климата. Ако готвам нешто, може комотно да ја исклучам. Инаку и 80% од времето ни е отворена вратата од дневната кон ходникот и детската пошто на индијанциве таму им се играчките и нонстоп се наваму натаму.. Детската е у сендвич меѓу нашата дневна и спалната на комшиите и е најтопла соба во станот, ептен кога беа минусните температури пуштавме таму греење..
И јас на крај мислам дека добра изолација на станот има најголем удел во пониски сметки за струја..