И јас се одлучив за греење со клима како примарно греење, по подолго истражување и читање на повеќе форуми меѓу кои е и овој. Се начитав многу, многу информации, искуства од луѓе кои несебично ги споделуваа со другите за да како лаик во областа пресечам. И кога пресеков морав да ги убедам и моите домашни кои долго време не сакаа ни да ме слушнат, но со тек на време, малку по малку, пренесував информации ги поттикнував да читаат и на крај се согласија да се грееме со клима инвертер. Сега тие, особено моите постари се во мисија на пренесување информации кон соседи, пријатели, роднини....сега сфаќаат колку ми било тешко да им пренесам информација која на почетокот едноставно не сакаат ни да ја слушнат, сметајќи дека такво нешто не е возможно ( на човек со сила можеш да му земеш, но со сила не можеш да му дадеш)....за се треба време и трпение, сега се благодарни и презадоволни, како со загревањето така и со потрошувачката.По подолго време ќе се вклучам во форумот затоа што веќе имам 3 месеци искуство со греење со клима што е донекаде доволно за да го пренесам искуството особено на лаиците како мене. Најпрвин благодарност до сите упатени од форумот по чија заслуга се одлучив за греење со клима и морам да кажам дека сум презадоволен од истото. За потсетување греам 28м2 дневна од стан во Гостивар со Грее Хансол 3,5кв. Собата е мн ладна бидејќи гледа кон северозапад и ниеден соседен стан од горе, долу и источно не се грее. Сепак климата одлично се ја заврши работата и немаше никаков проблем во ниеден момент од 10 декември од кога е вклучена. Она што сакам да го потенцирам е дека советите на повеќето од искусните форумџии за тоа климата воошшто да не се гаси е апсолутно точна во мојот случај. Она што го забележав е дека на климата по првото вклучување е дека брзо стигна до 22 С, а за повисоки Т до 26 му требаа 2 дена, откако се замлачија ѕидовите без проблем одев и до 28. Сетирањето на климата во смисла правец на дување...итн го наместив да во ниту еден момент не се почувствува некаков ветер, сепак за тоа треба малку експериментирање. Климата ја користам со ifeel со далечинско поставено на 4м од климата на 120цм од под, притоа температурата кај климата ми беше секогаш 3 степени пониска.
Она што е најважно многу поријатно беше престојувањето и спиењето за мене па и за бебето во просторијата со клима vs панелот во спална.
Сметките за струја одлични... декеври и февруари ќе бидат како лани или 500ден пониски, а јануарската кога беше најладно беше за 2200ден пониска во споредба со минатогодишните. Од целокупната потрошувачка сум презадоволен имајќи во предвид дека сега сме со детенце и боијлер, машина за садови, за перенје и машина за сушење се пушта секој ден, панел во спална.
Пријателите и сите скептици кои ме советуваа да ставам панели или термо печка останаа без збор, па веќе ме задолжија да изберам 2 клими за нарена сезона.
Да заклучам греењето на клима е ново искуство за мене и сум презадоволен од истото. Секако за тоа е потребна пристојна клима соодветна на просторот. За сите кои имаат потреба од мои искуства со климата и застапникот Греемак слободно нека ме контактираат, ќе бидам максимално искрен.
На крај ќе додадам дека кај нас може да се најде пристојна клима сигурно, дали цените се реални... тоа се сомневам (има поупатени од мене) и дали има компанија која ќе понуди решение на лаици како мене без да има обид да се продаде поскапо или поголемо... многу тешко-а ова го заклучувам по моите прошетки по продавници за клими, а доказ е дека за клима се одлучив благодарение на форумов и читање по нет а не од профеционалците. Дефинитивно им треба добар тренинг за продажба и што е поважно "грижа за постојните клиени" бидејќи тие носат 80% од новите клиенти, а не рекламите по телевизии, списанија ...
Ти посакувам уште многу, многу зими климатата успешно да те грее. На крај ти благодарам за пренесените искуства и запазувања, тие ( како што некој многу одамна има кажано )- злато вредат. Се надевам дека и потаму ќе останеш активен член на овој форум и ќе ја збогатиш дискусијата со согледувања и искуства за греење со инвертер особено со уред од марката Gree.
Поздрав