The Big Bang Theory

  • Креатор на темата Креатор на темата диме
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се вашите омилени ликови во серијата? (најмногу три)

  • Вкупно гласачи
    432
Ако си по науката (физика, математика), ќе ти биде пресмешна. Исто така треба да имаш некои познавања од Star Wars, Star Trek, стриповите, некои компјутерски игри...Сето ова за да стварно уживаш и го осетиш светот на 'нрдовите во серијава. А иначе смешна е и без да ги знаеш овие работи, но не е тоа тоа.:)
Значи затоа јас на моменти се осеќам како ментална...не можам да разберам се' пошто ништо од ова не ме интересира :nesvest:
 
Значи затоа јас на моменти се осеќам како ментална...не можам да разберам се' пошто ништо од ова не ме интересира :nesvest:

:) Не е неразбирлива (додуша малку и е):) , но сепак уживањето е поголемо кога имаш (барем некои) познавања од тие работи што ги набројав во минатион пост.

А да ти одговорам на прашањето што го имаш поставено поназад, нема да ти биди интересно ако ти кажам, ама еве на тебе оставам, ќе го скријам па сама одлучи дали да видиш или не:

На Шелдон ќе му договорат состанок со женска првпат во последната епизода од трета сезона. И четвртава сезона со тоа почна.
 
Па да де.Озбилно на моменти се запрашувам што е толку смешно ама како што и самиот знаеш,од се' тоа што имаш наброено погоре буквално мразам се'(освен физика) така да..
А за Шелдон ...:vozbud:
 
Го отупеа со новата, едно време серијава ми беше посмешна од How I Met Your Mother. Сега, meh..
 
Ја бев баталил серијата после некоја епизода од 3та сезона пошто досадна ми стана, али двете епизоди од оваа сезона се лудница, посебно втората. :)
 
Не ми се допадна 1 епизода пошо имаше секс хумор, да не дај Боже и оваа серија да се упропасти со такви испади... Ама 2 епизода баш беше на место, имаше ЛОЛ моменти, добри коментари, досетки, шеги, хумор на место.
 
Ја бев баталил серијата после некоја епизода од 3та сезона пошто досадна ми стана, али двете епизоди од оваа сезона се лудница, посебно втората. :)

Добро има некои епизоди каде што Шелдон и неговите теории/објаснувања немаат крај и стварно е досаден на моменти, но серијата ја гледам само заради него и Пени!!!:drk:
 
Ќе почекам да се наталожат едно 10 епизоди од новата сезона па да гледам натенане.
 
На 4-та епизода од третата сум, вришти епизодата.:D

[videohttp://www.youtube.com/watch?v=Dy8EsHZr6DI[/video]

Ова ме смееше до солзи.
 
Не ми се бендиса отварањето, нарочито првата епизода, се надевам во средината на сезонава ќе го одржат просекот.
 
Ќе почекам да се наталожат едно 10 епизоди од новата сезона па да гледам натенане.

За то ќе почекаш подолго, оти Кејли Куоко (Пени) си ја скрши ногата при јавање и сега не знаат кога ќе продолжат со снимање нови епизоди. Инаку вчера ги гледав новите 2 епизоди одлични беа, по подолго време се насмеав на серијава. Секако подобра беше втората епизода
со тоа машинчето за виртуелна присутност
:pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom