И јас сум позитивно изненаден од Арсенал, нарочито од Емери. Мислев дека ќе има далеку поголеми проблеми за да се снајде во лигава, ама очигледно сега за сега човекот одлично ја менаџира екипата и го наоѓа правиот баланс. Мене ко неутралец ми е мелем за очи што Арсенал игра напаѓачки фудбал, онака мерак ми е да седнам да гледам меч каде што знам дека ќе има голови и убави потези, за разлика од Јунајтед рецимо.
Во ЛЕ исто така газат се пред себе, значи човекот успева да го избалансира тимот на ЧЕТИРИ фронта, што секако е за почит пошо му е прва сезона во ПЛ и плус не знае ни јазик, т.е. не знаеше кога дојде сега малце од малце има научено нешто.

Се надевам дека можат да догураат до ЛШ следната сезона, имаат фрка со краткиот ростер, односно клупа, ама нека оди Арсенал на сметка на Тотенхем или Челзи во ЛШ штакурац.