dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.412
- Поени од реакции
- 85.364

На точно еден месец пред почетокот на англиската Премиер Лига време е полека нашите погледи да ги свртиме кон едно од најинтересните фудалски и спортски натпреварувања во светот.
Минатата сезона бевме сведоци на историја кога екипата на Манчестер Сити предводена од Пеп Гвардиола сруши голем број на рекорди во ова натпреварување. Тимот на граѓаните во голем дел останува несменет од минатата сезона па оттаму може да го сметаме тимот од синиот дел на Манчестер за главен фаворит за титула и во оваа сезона.

На последните три позиции во минатата сезона се најдоа ВБА, Стоук и Свонси, а на нивното место оваа сезона повторно ќе гледаме 2 англиски и една екипа од Велс.
Вулверхемптон имаа најдобра сезона во Чемпионшип лигата и заедно со второпласираниот Кардиф си го обезбедија правото да бидат дел од англиската фудбалска елита оваа сезона. Во плејофот најуспешен беше лондонски Фулам коj што после неколку годишна пауза се враќа во најквалитетното фудалско натпреварување во Англија. Доаѓањето на Фулам во лигата дефинитивно ќе ни донесе голем број на интересни лондонски дерби натпревари.

А ако Манчестер Сити се главните фаворити тогаш кои се екипите што ќе се обидат да му го земат скалпот на фудбалскиот Голијат од Манчестер?
Секако одговорот лежи во вообичаените осомничени.
Манчестер Јунајтед предводени од Мурињо и мултимилионскиот ростер ќе се обиде минатогодишното вицешампионско место да го замени со пласман на самиот врв. После сезона во која што црвените ѓаволи не освоија ниту една титула и покрај квалитетот на нивниот состав, дефинтивно ова треба да биде сезона во која што Мурињо и неговите играчи ќе треба екстра да загризат за да се доближат на граѓаните.
Вицепрвакот на Европа лани заврши трет во ЕПЛ, а притоа и стана екипата што им ги скрати соништата на Сити за станување на втор непоразен шампион во историјата на лигата. Предводени од Клоп и охрабрени од континенталниот успех минатата сезона фановите на Ливерпул дефинитивно ќе бидат гладни за уште една сезона во која што ќе имаат многу причини за славење.
Зад тројката од мината сезона ги имаме Тотенхем,Челзи и Арсенал. Екипи кои што првично би требало да бидат дел од рововската битка за пласман на првите 4 позиции што носат директен пласман во Лигата на Шампионите.
А кога сме кај ова натпреварување вреди да се напомене дека оваа сезона Англија ќе биде претставувана од Сити, Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем, а пак преставници во Лигата на Европа ќе бидат Челзи и Арсенал во групната фаза и Барнли кој што ќе проба да стигне до групите на ЛЕ преку квалификациите.
Кога сме кај топџиите мора да се напомене дека ова ќе бида прва сезона за тимот од Северен Лондон без Арсен Венгер. Дали Унаи Емери ќе биде добра замена за французинот или Арсенал ќе стане уште една "модерна" екипа која што редовно ќе има менаџерски промени останува да видиме.

Предвесник на фудбалската 2018/2019 во Англија ќе биде и стандардниот Комјунити Шилд. Овогодинешниот KШ ќе се одигра на петти август (недела) во 16 часот по македонско време, а директен пренос ќе има на СК каналите.
За титулата ќе се борат Манчестер Сити (ЕПЛ шампиони) и Челзи (ФА Куп шампиони)

Интересното за оваа сезона е што за прв пат екипите не смеат да купуваат играчи откако ќе започне сезоната. Трансфер рокот за екипите завршува на 09.08.2018, односно на 2 дена пред почетокот на лигата.
За крај на темата немам ништо друго да додадам освен... сладете се!