Ниту еден оператор немаше МК превод се додека не го направија со закон да мора. А тоа за цената,ако тргнале сега незначи дека треба да бидат поскапи,напротив треба да е поефтино
Не се сложувам повторно. Од самиот старт од кога постојат MaxTV и поранешното BoomTV имаа превод на Discovery, Animal Planet, NatGeo и FOX каналите. Нешто подоцна и другите локални оператори ги понудија преводите. Не можеш да кажеш дека ниту еден оператор немаше, бидејќи имаше и судски спор помеѓу BoomTV и blizoo, но и после тој спорт одреден период не нудеа превод.
Па види, ние ќе си бараме (а и наше право е тоа) да бидат цените пониски, но од тие цени треба да имаат и они некој ќар, ама секако, не па да се заборават со цените и да мислат дека имаме придонеси како во Германија. Според мене, може минимално да се зголеми понудата и цената да остане или иста или и таа да се намали. Но никако да се зголеми цената, а да се намали понудата како што направија Vip од кога се споени.