мислам дека немаме погрешно мислење и еве зошто
- оваа фирма одлучила да се споредува и главната конкуренција да ја гледа во телеком бар според цените што по мене е смешно
- реално гледано се поскапи за едно 20% од реалната конкуренција а тоа им е близу, кај близу за 999 денари имаш 3 пати побрз интернет, значи 30 мб, плус повеќе канали, за тие 200 денари разлика можам да ставам некој пакет плус по избор
- за телевизија што користи интернет, 10 мб се премалце, јас имам таа брзина интернет и ја инсталирав апликацијата, и за мене бар е тотално нефункционална, ако гледам некое видео на нет а брат ми е на другиот тв преку андроид боксот гледа нешто, каналите на неотв сецкаат. Или недај боже да пуштиш торент, барем јас не би се жртвувал или едно или друго кога веќе плаќам за двете услуги
- фалат уште неколку канали што барем јас би ги гледал како синестар, history ама не viasat, syfy, comedy central
- премногу канали на неразбирливи јазици за 99% од популацијата а со тоа и тотално бескорисни, не би рекол дека некој ќе седне да гледа некоја шпанска, руска, германска или бугарска телевизија. Што е следно националната телевизија на Узбекистан?
значи и јас барам алтернатива за мојот сегашен оператор ама во сегашната понуда не ја гледам. за да бидат конкурентни би требало уште да ги корегираат цените, бар да се израмнат со близу, или ако веќе не да ја качат брзината на нетот и повеќе и поквалитетни канали не од типот на tv Espania

не ми е јасно зошто секогаш се наоѓаш прозван на секое мислење да ги браниш неотел, оставаш впечаток дека си платен за тоа