Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Урдинов најѕвер беше од сите, штоперите одлични, Гоче само гради топка и пајџа.
 
Кога играме и во колку против Ангола, и дали ќе има пренос негде?
 
Добро е за резултатов, 0 - 0 кај португалците кои играле со јак состав...квалитетен резултат.
Ама што е со тимов? Што е со составов? Каде ни се добрите играчи?
И едно нај тешко прашања... ШТО К. Прави ТРИЧКОВСКИ пишан како ЦБ...дали озбилно некој кој што го гледал мечот нека каже...Тричко играше одбрана :coffee:
 
абе шо зборувате... ја тепаме португалија секако!!! :pos:
коеф за победа на протугалија е во пад веќе 2 дена!!! ја за утре пробувам македонија да не изгуби!!!

кој ме послуша, нека си арчи парите со здравје!!!
браво за ташак и бабунски (ако и оваа не е местена :cenzura: )
 
Тотално небитна утакмица што си нема врска ова не докажува ништо,како што Холандија изгубија од Бугарија.
 
Добро е за резултатов, 0 - 0 кај португалците кои играле со јак состав...квалитетен резултат.
Ама што е со тимов? Што е со составов? Каде ни се добрите играчи?
И едно нај тешко прашања... ШТО К. Прави ТРИЧКОВСКИ пишан како ЦБ...дали озбилно некој кој што го гледал мечот нека каже...Тричко играше одбрана :coffee:
Кај прочита такво нешто, нема врска, си играше лево крило како и секогаш...
 
И Португалија не даваше 100% од својата сила ,и разумно го прави тоа уште да им се повреди некој на пријателскиве е те тогаш ке играат "подобро "
 
Кај прочита такво нешто, нема врска, си играше лево крило како и секогаш...
На флешскор составите беа целосно изместени,никој не беше на точна позиција,пример Урдинов беше во среден ред:D
Така да,не гледајте таму!;)
 
кажи ми што направи Ибраими едно добро ,одма ке се согласам со тебе дека бил добар колку топки имаше искоција и една акција 5 на 4 он ке шутира од 23 метри а го чекаат на втора статива 2 -ца и ти ми викаш добар бил ...сигурно се шегуваш

Виде колку се залагаше назад, колку истрча, колку топки пресече...Јест да е напаѓач, ама вчера ние се браневме и задачата по своја страна ја исполна. Е сега што не можеа саглам контра да скоцкаат тоа е друга, но јасно е дека подобро да ги гледаме како младиве гинат на терен, него некои што си го ладат :) Уште Ангола да се тепа, па да се врати колку толку самодовербата кај играчиве.
 
Виде колку се залагаше назад, колку истрча, колку топки пресече...Јест да е напаѓач, ама вчера ние се браневме и задачата по своја страна ја исполна. Е сега што не можеа саглам контра да скоцкаат тоа е друга, но јасно е дека подобро да ги гледаме како младиве гинат на терен, него некои што си го ладат :) Уште Ангола да се тепа, па да се врати колку толку самодовербата кај играчиве.
И јас сакам да ја тепаме Ангола ама се мислам ке се случи Македонската работа Нерешено со Енглеска, губиме од Андора..
и сега нерешно со ПОр. а со Ангола пораз ама останува да видиме
--- надополнето: 27 мај 2012 во 12:12 ---
Сепак беше пријателска и со право Ташак смени 5 фудбалери ама ме иритираше Ибраими 4 или 5 гонтри или дрибла сака кроз гајчи да им ги пика топките или шутира од 25 метри а има ирачи што чекаа подоле топка мислам дека си ја изигра он за себс утакмицата што е многу нечесно за разлика од другите играчи
 
Goal.com не ставија во нивниот најнов стрип :D
542187_10150996750922853_1526632928_n.jpg


П.С.Ние сме тоа малото црвеното :D
--- надополнето: 27 мај 2012 во 13:24 ---
http://www.goal.com/en-gb/news/4051...day-europes-giants-brought-back-down-to-earth
 
До коге бе ќе се палиме на пријателски утакмици.
 
Кога е следната утакмица да ги гледам дрвава?
 
Тошак: Жал ми е што немаше ТВ пренос за да видат во Македонија како игравме

27 мај 2012 14:16

Македонскиот фудбалски селектор Џон Тошак е задоволен од играта на неговите избраници на дуелот со Португалија и најавува дека дисциплинираната игра ќе продолжи и понатаму, веќе во вторник на дуелот со Ангола.
Одигравме добар и дисциплиниран натпревар. Посебно сум задоволен што видов дека младите играчи се вклопија во нашата игра. Дури и мислам дека ние ги имавме подобрите шанси за постигнување на гол и штета е што не реализиравме барем една, но нерешениот резултат за нас е многу позитивен. Веќе се подготвуваме за следниот меч против Ангола за два дена во Есторил. Морам да кажам дека ми е многу жал што луѓето во Македонија немаа можност да го гледаат во живо на ТВ овој извонредно важен натпревар за нас со петтата селекција во светот. Секако тоа ќе ни значеше многу во овој момент како што ни значат добрата игра и поволниот резултат“, изјави селекторот.
Македонската експедиција денеска се сели во Есторил каде што ќе се подготвува за дуелот со Ангола. До дуелот во вторник ќе се одржат два тренинга.

http://www.time.mk/read/NONE/13bb27a389/index.html
 
Ништо неочекувано.Симдромот на малите екипи не не има и нас заобиколено.Давај 120%,играј јак бункер, ставај глава кај што друг не би ни копачка кога играш против појака екипа,а кога ќе дојде на ред некој на наше ниво или послаб или малку појак ќе се посерат одма.
Треба да играме како Грците,немаме никаква средина,немаме некои техничари,но можеме добро да се браниме.Оваквите екипи како Португалија најмногу мака мачат кога некој ќе им се затвори како Македонија.
Не е добра оваа репрезентација,али кога можеше една Естонија да стигне до бараж за ЕП,зашто не би можеле и ние.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom