Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Вистинскиот тренер за Македонија се знае кој е. Ништо и од овој Тошак.
 
Вистинскиот беше Катанец реално кажуваше човекот играчите толку можат ,пола се резерви во своите тимови нема да можат да издржат цел натпревар ова го кажуваше на секој прес. и мислам реално кажуваше само на некој не му одговараше мораше да се прави пари од репрезенрацијата ..кога ке видите со него стигнавме до 49 место а сега сме 100 и кусур ако не се лажам
 
Вчера на вести, нз кај беше Алфа ми се чини вика: „македонската репрезентација ги започна подготовките, Тошак беше презадоволен од кондиционата подготвеност на играчите (како да не биде, некои не играле фудбал 6 месеци) и нивното залагање и реши да го откаже попладневниот тренинг!

што ќе ти е тренинг, нашиве се толку иуграни што можат директно на утакмица да отидат. :cool:
 
Абе пренос ќе даваат на некоја телевизија или ќе играме на жими мајка и со Португалија?
 
Вчера на вести, нз кај беше Алфа ми се чини вика: „македонската репрезентација ги започна подготовките, Тошак беше презадоволен од кондиционата подготвеност на играчите (како да не биде, некои не играле фудбал 6 месеци) и нивното залагање и реши да го откаже попладневниот тренинг!

што ќе ти е тренинг, нашиве се толку иуграни што можат директно на утакмица да отидат. :cool:
Па нормално бе што сакаш ти? Ташак нема друга работа, па уште тренинзи да одржуе.
И тој не е невин како што мислимо, и тој знае кај е дојден и што треба да прае. Да му ебем фацата свињска и на него.
 
Филип Најдовски - Напредок или Работнички така некако, Зени Хусмани - Шибеник, Филип Тимов - едно време играше за Беласица, па во Словенија во Цеље сега незнам каде е, овој Христов е Симеон од некоја унгарска екипа, Мицевски Дарко од Работнички и Ѓоргиевски е најверојатно оној од БАТЕ.
Симеон Христов играше за Вардар преклани. Им го даде голот на Пелистер кога тепавме 1-0 во Скопје во сезоната 2009-10 :)
После тоа наводно направи трансфер во Унгарија. Е сега дали игра таму или не незнам. Прашав еден другар од Унгарија што бајаги следи Унгарски фудбал, ми рече дека прв пат слуша за него.
А ако не се лажам и по веснициве скоро ич не го споменуваат.
Брат му го рачунаа за поголем талент, Мартин Христов. Незнам ни он како напредува, а иначе беше дел од школото на Македонија ЃП.
Симеон е од школото на Вардар.
 
Точно така. А сега колку игра незнам ни јас, ама знам дека на фудбал менаџер на единајсетката растур преавеше :ROFLMAO:
 
Симеон Христов играше за Вардар преклани. Им го даде голот на Пелистер кога тепавме 1-0 во Скопје во сезоната 2009-10 :)
После тоа наводно направи трансфер во Унгарија. Е сега дали игра таму или не незнам. Прашав еден другар од Унгарија што бајаги следи Унгарски фудбал, ми рече дека прв пат слуша за него.
А ако не се лажам и по веснициве скоро ич не го споменуваат.
Брат му го рачунаа за поголем талент, Мартин Христов. Незнам ни он како напредува, а иначе беше дел од школото на Македонија ЃП.
Симеон е од школото на Вардар.

Христов играа редовно во Егри кој моментално е прв во втората унгарска лига :)
 
абе шо зборувате... ја тепаме португалија секако!!! :pos:
коеф за победа на протугалија е во пад веќе 2 дена!!! ја за утре пробувам македонија да не изгуби!!!
 
абе шо зборувате... ја тепаме португалија секако!!! :pos:
коеф за победа на протугалија е во пад веќе 2 дена!!! ја за утре пробувам македонија да не изгуби!!!
искрено..те подржвам и мислам нема да зажалиш ;)
 
ќе има пренос негде ?
 
Наместо Македонија – Португалија, ќе гледаме Србија – Шпанија, квалификации за Ф1, ракометен фајналфор…

25 мај 2012 14:12

По којзнае кој пат македонските љубители на фудбалот нема да можат да проследат меч на македонската репрезентација, и тоа не каков било – овојпат нема да може да видиме како нашиот А-тим утре (18.00 часот) ќе ѝ се спротивстави на Португалија, во чии редови настапува најдобриот европски фудбалер Кристијано Роналдо. Без разлика на лошите резултати на избраниците на Џон Тошак и нивниот срам со Луксембург, некоја од македонските телевизии, а најмногу националната, мораше да најде начин да го пренесува овој натпревар.

Така, наместо надмудрувањето на Горан Пандев со Роналдо, утре на ТВ-програмите на македонските канали ќе може да гледаме квалификации за Формула 1 (МРТВ), ракометен фајналфор (Сител), и тоа што е најтрагично – друг пријателски фудбалски меч, дуелот Србија – Шпанија, кој ќе оди на Алфа ТВ. Ако на приватните канали може некако да им се прогледа низ прсти за овој срам, тогаш нема никакво оправдување за националната телевизија, која има обврска да ги пренесува сите натпревари на македонските репрезентации. Впрочем, народот за тоа и ја плаќа претплатата.
Ова не е прв случај да нема пренос од меч на Македонија во фудбал, затоа и по натпреварите сè погласни се шпекулациите меѓу навивачите дека резултатите се местат, дека се игра фудбал само за обложувачница. И нормално, ако Македонија утре загуби катастрофално, ќе има теза дека мечот бил наместен на голови. Не дај Боже Пандев и другарите да водат на полувремето, а да загубат на крајот – ете нови муабети дека било „два во еден“. Дури Македонија и да ја покаже најдобрата игра во историјата, па и да победи, веднаш ќе се јават дежурните „мрчатори“ да кажат дека мечот бил „двојка“, само поради обложувачница. Нормално, кога народот би го гледал мечот директно, не би имало простор за шпекулации…
Само за илустрација. Преносот на ТВ-порталот на ФФМ од мечот помеѓу Вардар и Металург го следеле околу 35 илјади гледачи пред компјутерите. Ова уште еднаш докажува дека љубителите на фудбалот сакаат да гледаат македонски фудбал, дека има економски интерес и дека преносот утре од Леириа сигурно би бил еден од најгледаните настани во годината. Но…
Уживајте утре со квалификациите за Ф1, ракометниот фајналфор, дуелот Шпанија – Србија… Македонија против Португалија ќе ја гледаат само оние што во своите домови набавиле дримбокс и се решиле да не зависат од понудата на македонските ТВ-канали. За тие што имаат такви апарати во своите домови, преносот е на Ал Џезаира1 и на РТВ Португал1.

http://www.time.mk/read/NONE/b079ce6c26/index.html
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom