- Член од
- 21 октомври 2011
- Мислења
- 1.747
- Поени од реакции
- 2.562
The Courier (2021)
Ова е шпионски филм од времето на студената војна, какви што седум-осумдесетите ги имаше да ги ринеш со лопата. Освен можеби продукциски, по ништо друго не се двои од нив.
Според приказната, ова е причината што довела до познатите „Тринаесет дена“ и „Октомвриските проектили“, а и Хичкок во „Топаз“ се бави со истава работа. Сепак тука акцентот е на односот помеѓу врбуваниот британски бизнисмен и рускиот агент. Нема комплицирани заплети и пресврти, двојни агенти и други шпионски компликации, лабав е за следење. Ниту има некоја напната сцена, иако имаше прилика за такво нешто. Освен двајцава џентлмени, другите ликови беа прилично површни, а ниту актерите нешто претарано не се потрудија.
Гледлив беше, но за жал немаше ништо по што ќе остане запамтен.
7/10