El Bar (2017)
Од старт знаев дека ќе биде тотален промашај. Првите 5-6 минути одлично почна, брзо темпо, хаотична ситуација, најава за кул мистерија со рандом ликови затворени во кафуле. Знаев дека не може од тука да оди по иста или нагорна линија. Од тука се отиде надоле, а највеќе ми сметаше клишето у филмов. Не знам кој е режисер ниту би знаел нешто за него, ама ова беше ко сценарио од некој тазе дипломиран. Дај у приказнава една лепотица, еден лудак што ќе шири страв со некој мадафака цитати од библијата што можеби се точни, а можеби и не, друга жена или газдарица што нема страв од ништо, се она сама тепа пошто чисти со избелувач и сите ја почитуваат, а да и таа небитната коцкарка што е најнебитен лик во приказнава ама нели ќе се шлепа до крај и секако каде без класичен хипстер, наочара, брада, трегери и на прва тепачка со рацете преташе ко пиче некое, ама нели после тоа научи да се тепа и изиграваше главен фраер у маало.
А, од старт знаев дека ќе биде нешто поврзано со зараза/вирус пошто секако у такво брзо темпо како што почна филмот нема у кадар да дадат дебел лик што кашла ко да умира и наеднаш го снемува коа се дешава пукањето. Апла беше дека ќе игра он некаква битна улога у целава дешавка. Грешките со облеката, раните, телефонот здрав прав на таков пожар нема ни да ги коментирам.
Кога би го тргнал се ова на страна, глумата и музиката беа супер. Не знам исто у кој жанр спаѓа филмов, ама мистерија или трилер секако не е. Хуморот го немаше нешто многу, ама Израел ме насмеа неколку пати и покрај тоа што беше гаден лик.
Се на се, филмов вети многу, а ништо не испорача. Имаше потенцијал.
6/10