FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.279
Пак 15 души го гледаа и овој филм, и му дадоа средна оценка 6,1 (пак под просек). Го испуштија:

- @__Vita____ , @Erich Zann - втор филм, жолт картон
- @santelli - трет филм, црвен картон (се надевам ќе се врати пред крајот на кругот за да може да го задржи местото на листата предложувачи во следниот круг)

Следниот филм е последен од оние 8, непопуларните. Вкупно 147 филм во кругот, намерно го оставив последен, ќе сфатите зошто откако ќе дознаете кој е чиј предлог.

Еве што ми пиша предложувачот за филмот:
Еве последниве 20 минути барав што како би било најдобро за да предложам и..

El Bar!

https://www.imdb.com/title/tt5121816/

Еве, се надевам дека е ок ова за препорака, не верувам ептен да го гледале и мислам тамам ќе биде за во клубот
Значи во наредните 2 недели го гледаме

EL BAR

1649021321455.png
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
*Многу се напнав. Ако вака е оригинал а не е до рипот, не знам како поминало ова чудо низ продукција.
The.Courier.2020.1080p.WEBRip.DD5.1.x264-CM.mkv
Овој рип го гледав. Ако го имате истиот, видете на 26:50 што се случува.
Сеа симнувам блуреј рип да видам дали и таму ќе биде вака.
И на блурејов е така.
Крај. На бесилка праќање.
Класична елипса, ја има во секој филм. Ти фатила око затоа што е троплан на троплан. Секако подобро отколку да ги чекавме да вртат околу масата. А можеби и нешто морале да исфрлат, па така го врзале.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Класична елипса, ја има во секој филм. Ти фатила око затоа што е троплан на троплан. Секако подобро отколку да ги чекавме да вртат околу масата. А можеби и нешто морале да исфрлат, па така го врзале.
Точно, но ова е доста лоша елипса за око. Добра елипса е убава за гледање и обично помага за да се долови приказната подобро. Овој кадар не го направи тоа туку беше what the fuck момент. Има подобар начин како да се изведе тоа.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.741
Поени од реакции
27.733
Класична елипса, ја има во секој филм. Ти фатила око затоа што е троплан на троплан. Секако подобро отколку да ги чекавме да вртат околу масата. А можеби и нешто морале да исфрлат, па така го врзале.
Зборам конкретно за катот на 9та секунда во видеово што го постирав. Жити се дај ми друг филм кај што има олку глупав кат.
Овој наеднаш се телепортираше таму...
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Точно, но ова е доста лоша елипса за око. Добра елипса е убава за гледање и обично помага за да се долови приказната подобро. Овој кадар не го направи тоа туку беше what the fuck момент. Има подобар начин како да се изведе тоа.
Зборам конкретно за катот на 9та секунда во видеово што го постирав. Жити се дај ми друг филм кај што има олку глупав кат.
Овој наеднаш се телепортираше таму...
Така е, ама не знаеме кои биле другите можно решенија на таа ситуација.
Еден забележлив скок во континуитетот не значи дека е катастрофална монтажата и дека никој не го приметил. Можеби ја утнале сцената на снимање и ова било најбезболното решение.
Мене воопшто не ми пречеше, затоа што иако имаше визуелен скок, наративно беше во континутитет.
 
Последно уредено:
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
El Bar

Филмов во поглед на вознемирувачки лично ми беше далеку погаден од Painted Bird. Не знам во кој жанр јас би го вклопил, но ми остаде впечаток на трилер/комедија, барем на почетокот беше смешен. Нормално со шпански елементи на драми и заплети меѓу карактерите. Глумата топ, ништо и помалку не очекував од Шпански филм, па и серија во тој поглед никогаш не ме разочарале. Добра кинематографија и визуелни ефекти. Исто и повеќе ликови од побитните беа длабински добро претставени за да можеш да составиш слика за нивниот карактер. Кој повеќе луди, кој помалку, но на крајот сите себични и спремни да ги преминат сите граници, освен Елена, која меѓу другото е многу добро шпанско маче. :love:

Што знам што оценка да му дадам, си содржи сапуница клишеа и обично знае да ме напне тоа, ама во овој филм не беа толку изразени. Успеа да ме вози од почеток до крај, а и беше доволно вознемирувачки што ќе го запамтам, па и би го предложил на луѓе што сакаат вакви филмови. Лично не по мој вкус, ама океј филмче, нека тера со една 7ца.
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
The Bar
Забавен ми беше додека гледав, и очекував цело време дека нешто многу обично ќе е причината за тоа што им се случува, а тие паничат. Ама немавме никакво објаснување до крај, освен она што самите ликови си го сфатија читајќи ги пораките од телефонот на човекот кој влета во барот и умре во тоалетот: т.е. дека никој не смее да излезе жив, затоа што тој човек внел некаква болест.
Искрено, да бев на нивно место, мислам дека немаше да влезам во канализација и да си вбризгам непозната инекција која можеби ќе ме спаси, а може и не. Канализацијата е извор на сите можни болести кои влегоа во нив, посебно преку раните што ги имаа по тело.
Друго нешто што забележав, ама ме мрзеше да вратам за да си потврдам: долната облека на Елена беше светла боја кога ја спремаа да ја спуштат во канализацијата, а пред да излезе од таму, наеднаш беше црна. И не, не може тоа да е заради валканата вода.
6/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
El bar (2017)

Филмов ме купи уште со феноменалниот мизансцен во првиот кадар, кога ни ги претстави главните ликови кои тогаш уште не ги познававме. Уште тогаш тргна брзиот воз и освен сосема мали подазабавувања, воопшто не застана до крајот на филмот. Одличен дијалог, феноменални карактери, суптилен хумор и сосема плаузибилно дејство. Имаше по некоја ситна дупка, но ништо сериозно што може да ја бутне целата приказна. Барем на прво гледање.
Музиката во сите сцени исто одлично погодена, иако сосема различна и по жанр и по темпо.
Малку праќа сигнали од филмовите на Родригез и од „Измаглицата“ на Дарабонт, но држи внимание од почеток до крај.
Шпицата исто така интересна, но мислам дека непотребно оддаде дел од содржината.

8/10
Автоматски споено мислење:

Друго нешто што забележав, ама ме мрзеше да вратам за да си потврдам: долната облека на Елена беше светла боја кога ја спремаа да ја спуштат во канализацијата, а пред да излезе од таму, наеднаш беше црна. И не, не може тоа да е заради валканата вода.
Да, пред да ја спуштат прво се смени облеката, а потоа по спуштањето и бојата. Исто и кошулата на брадоњата се смени, за другите не забележав.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Јас сум голем љубител на шпанските трилери и иако во голема мера се нереални сепак имаат некој момент а и плот твист што ми ги прави добри за гледање.
Ова тука не, жива глупост, милијарда грешки, милијарда нелогични сцени и дешавки, милијарда нереални настани. Тотална глупост за да на крај заврши како фијаско односно како ништо посебно.

И што? Уствари не можам да се замарам да анализирам детално и да запишувам све што е нереално и нелогично и погрешно.
Глуп филм чао, среќа брзо помина.

Единица.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
El Bar (2017)

Прв пат се сретнувам со филмов и неговото постоење. Секогаш ме привлекуваат филмови од европска кинематографија што имаат холивудско влијание и не се indie, па затоа за овој кога видов дека е шпански и трилер, се hype-нав. За жал немаше торенти за да симнам со поквалитетна снимка и мораше да се задоволам со полоша, затоа што ако не го изгледав деновиве ќе го пропуштев рокот до наредната недела, но не беше квалитетот на снимката проблем.
Проблемот беше во тоа што имаше одлична идеја, одличен заплет, ок кулминација, ама генеричка перипетија и недоволно добар расплет. Идејата за луѓе рандом избрани да останат заглавени во бар, со закана од смрт ако го напуштат и без никакво објаснување ветуваше многу и е одличен почеток. Самата мистерија и тоа чувство дека нешто не е како што се прикажува е присутно во првиот половина час. Но, од тука па до крај се претвора во генерички филм од овој жанр со според мене, крај кој не ме задоволи воопшто. Проблем исто така е што мислам дека познавам лично луѓе кои би ги направиле истите грешки, дури и полоши во таква ситуација.
Глумците, горе-долу беа во ред, ликовите не ми се допаднаа воопшто, дури и намерно мислам дека се така направени.
Не се губи ништо доколку се изгледа филмов, it can go both ways, може и да се допадне и да не им се допадне на гледачите.
Од мене добива просечна оцена 6/10.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
El Bar

Цел филм оди во надолна линија, со тоа што морам да признаам почна од доста високо место. Почетокот ми беше добар. Запознавањето на ликовите, градењето тензија низ целата ситуацијa, навлегувањето во мистериозноста на убиствата, се тоа беше сосема добро и ме држеше заинтересиран. Јас не видов што жанр е и цело време си правев сценарија, што може да им се случува. Доста од тој дел ми беше клише, затворени во просторија па се криват сите првен еден со друг. Се разбира првен го криват човекот што има брада дека е џихадист, па испаѓа некој дипли долен веш или што и да правеше, обавезно имаме еден бездомник што изиграва пророк, се тоа ми беше занемарливо. Али кога веќе го најдоа дебелуцково, отиде јабана.
Не само што не им се допадна и ме издиша причинава поради која се затворени и ги убиваат, ама и темпото беше очајно. Влегувавме од нелогична ситуација во нелогична. Од тој момент натаму, филмов ми стана комедија. Морам да ја издвојам ситуацијава кај што телефонов практично не беше чепнат од огинот.

4/10
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Нема мрежа у сред Мадрид во 2017та година. О кеј.

Дебелиот мртовец толку се подува што очекував да експлодира и да ја поплави лепотицата со црева и остали изнутрици.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom