Better Call Saul

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Да ја освежам темата, почна неделава со две епизода излезени наеднаш, нема да трошам повеќе зборови, серијата за мене е перфектна, во сите аспекти, од глума, дијалози, сцени, кадри. Истото си продолжува и во новата сезона.
 
Гледав до 3та сезона некоја епизода, престанав да ја гледам. Почнав пак да ја гледам од 4та. Не можев едноставно Чак да го поднесам, ептен ми ја правеше серијава антипатична.
Од четврта сезона пак ми стана интересна, особено крајните 3/4 епизоди. Првите беа мех, онака.
Новава ми е топ искрено.
 
Како човек што воопшто не беше фан на Breaking Bad (ја сметав за надпросечна серија со многу лоши и досадни моменти), оваа е доста подобра. Самото тоа што ги нема досадните ликови (по редослед: Мари, Хенк, Скајлер, мали Волтер, другарите на Џеси и големи Волтер (да, Волтер ми беше досаден лик)), а ги има интересните (Сол, Мајк, Туко и компанија) ја прави серијата повеќе од пристојна за гледање. Новите ликови се сите океј. Дејствието е малку порано од тоа што го очекував, но и ова е океј, бидејќи пак има интересни случки и знам дека понатаму ќе станува уште подобра.

Засега има барем 9 оценка од мене.
Не знам што се деси ама после првата сезона некако ја баталив серијава сè до неделава кога ги симнав втора, трета и четврта сезона наеднаш и ја изгледав втора сезона.

Значи, вторава сезона ми е подобра од првите 4 сезони на Breaking Bad. Ќе си речете сум продолжил да хејтам, ама реално - со самото тоа што ги нема веќе набројаните ликови од цитатов серијава е далеку поинтересна без нив. Но мислам и дека најголемата разлика во сезонава ја направи Ким Векслер, која што е подобар/поинтересен лик од СИТЕ женски ликови што се појавија во Breaking Bad заедно.

Очекувам наредниве сезони да бидат уште поинтересни.
 
Ме нервира што не ја пуштаат на бинџ. Гледав 5 епизоди ама не ми оди со паузи. Ќе ја оставам да заврши и ќе и седнам.
 
Одлична сезона сега за сега, веќе го имаме Сол од ББ, моментот во судницата кога го смена обвинетиот со друг :pos:, и на крај кога го убедуваше стариот покажувајќи му слика од маж што ебе коњ:pos:, каква легенда :cuc:.

П.С Ким :love:.
 
Последнава епизода ми беше врв, Ким дефинитивно е хајлајт оваа сезона.

Ким не е ни свесна, но ја има истата дволичност, истото скршнување од правиот пат како и Џими и Волтер Вајт, од една страна и се одвратни и недопуштени сите потези на Саул/Џими и секогаш од некаква морална величина го прекорува за тоа, но секогаш на крај си ги собира резултатите од таквите незаконски или полузаконски делувања.
 
Каква тензична девета епизода,Ким повторно во преден план.
 
Последнава сцена беше тензија левел 4та сезона ББ. Ме потсети на сцената од 12 епизода кога Гас стоеше на паркингот цела вечност и го бараше Волт на една зградите.

Очекувам финалето да биде многу интересно, ќе биде интересно сега да видиме што план има Лало. Штета што знаеме што ќе биде со повеќето ликови. Иако не знаеме што точно ќе се случи со Лало сепак знаеме дека ќе умре, бидејќи кога Гас го посети Хектор во старечкиот дом му рече дека сите се мртви и дека тој е последниот Саламанка.
 
Едноставно, речиси да нема лоша сцена во серијава. Само една рандом сцена од денес ќе земам, Лало и Хектор, знаеме колку гнасни луѓе се, ама сепак сцената во старачкиот дом кога Лало го гледа стариот закован за количка нем како го носат со тоа роденденското капче да гледа како и пеат на некоја непозната старица во домот предизвикува емпатија за овие ликови, иако воопшто не ја заслужуваат, ни прикажува дека во суштина Лало навистина ја сака и се грижи за својата фамилија, затоа и реално го здоболија зборовите на Ким.
 
Сезонава е прејака, најблиску до ниво на ББ, за разлика од првите со братот на Џими.

Лало е прејак лик, мислам дека од неговото појавување доби серијава на уште поголем квалитет. :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom