Мене ме интересира дали може да се плукне кога сме стварно приморани на тоа, и кога станува случај на крајна нужда? На пример јас морам да плукнам а моментално немам палома, и доколку не го сторам тоа можат да настанат некој посериозни компликации што доколку би се оствариле би имале погубно дејствие по моето здравје!
Прашање до правниците?
Пред се законов е за да се научиме на една култура. Исклучете го оној здравствен аспект каде има случаи да плукнеш или да повратиш кога навистина не ти е добро, каде најверојатно ќе дојде некој да ти помогне а не верувам дека ќе дојде полицаец и да ти напише казна додека ти викаш прва помош.
Законов е за нашата македонска некултура.
Низ странство сте виделе некој да фрла ѓубре кај ќе стигне и да си плука додека си се шета? Па и ние кога идеме на страна сме културни и фини и викаме леле во Македонија да е вака чисто баш ќе е супер. И ќе дојдеме тука и сите си фрламе кај ќе стигнеме, си плукаме по улица и после некој друг ни е крив.
Точно дека нема канти како што по правило треба да има. Ама и во странство нема на секое коше. Па таму ако можеме да го носиме ѓубрето 10тина метри за да фрлиме, можеме во Македонија и 20 метри да го носиме затоа што живеењето во чиста околина е за наше добро.
И мислам дека ова е неправеден закон, бидејќи нема сразмерност меѓу делото и КАЗНАТА!
Кај се видело за плукање 50евра. Ненормална работа
Трева за секој прекршок да се има сразмерна казна. Посебно тука во МКД каде просечна плата е 150евра. Они ти маваат закон за 50евра за плукање. ПУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ!!
Нее америка ова
Епа за некој закон да се спроведува добро треба да има санкции кои навистина ќе доведат да ние го почитуваме.
Што поголема санкција толку се поголеми шансите за поуспешно спроведување на законот.
Нема зашто да се плашиш дека може да платиш 50 евра ако си културен и ако фрлаш отпадоци каде што им е местото, во канта!
А ако си некултурен и се правиш фраер и од инат викаш е ќе фрлам кај сакам и ќе плукам кај сакам, епа тогаш фрлај плукај и плаќај си 50 евра. Ако немаш оди една недела и чисти ги улиците.
Треба да научиме дека здравата околина е нешто многу битно.
Дома фрлате и плукате на теписон, плочки, во кревет...? Не него си има некое непишано правило да се фрла во канта да се плука во тоалет.
Епа така и надворешната околина треба да си ја сватиме како еден дом. Се фрла во канта и се плука таму или во палома.
Имаше непишано правило за култура ама не го почитувавме.
Сега има закон за јавна чистота и ни смета тој со неговите санкции.
Епа кога не знаеме со добро да живееме и да се однесуваме, ќе мора со лошо и казни.