2019 FIBA Basketball World Cup - China

Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
"Бичемо прваци света", али не овог лета...

Колку и да сакав да освоет најмногу ради Богданович по шо дечкото сам играше, а и заради целиот хајп (викендов бев Србија и ко шо ние пратиме ракомет на Европско/Светско, тие го прает истото х10 и стварно беше прејако) си го заслужија исходов.

Си ставија сами притисок на себе со коментари од типот "Прихвачамо улогу фаворита", "Време је да добијемо те Амере" и остали дрндарашки, па во првите 2 пати кј шо не можеа да ја игрет својата игра се изгубија ко охриѓанец во Радишани.
Друго,Сале интернационале нека си паковат куферите по шо изборот на играчи очигледно му беше катастрофален. Ми носит 4ца центри од кои 2ца игрет по едвај 6 минути, а остават 2ца бекој кој шо офанзивно можда не се на нивото на Богданович и Мицич (кој иако изигра прекрасна сезона во Ефес тушна на европсково), али дефанзивно ќе кинеа ко кучиња.

Трето, како Гудурич ќе играт во НБА еве и сам не знам.
Четврто, Тео немало да фалит. Добро,и баба ми со 5 деца е уште невина.
Петто, све да ви изн**бам шо изгубивте зш уште стојам дека само тие можеа да ја победет Америка без разлика колку е очајна. Кој ќе ги гледат Пламли и Џо Херис со злато околу врат мила моја мајко.

И последно, кратенкава на Србија од СР требит да се преименуват во СУ по шо бог знајт колку СамоУбиства се веќе напраени од Врање па до Суботица.

Доста филозофирање, уше еднаш убо ви се напрај :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Србија на првенствово дојде со 4 центри, а ниту еден од нив не игра добра одбрана и побитно од се - не знае да брани пик. Јокиќ можеби има големо кошаркарско IQ, ама како што реков еднаш и во НБА темата, ако не се уозбили и не го скине вишокот килограми, можно е за 2-3 години во Бачка Паланка да го гледаме. За ставот на терен да не зборам, се понаша како да има освоено 5 светски и 10 европски првенства. И он и Бјелица треба ќотек да јадат, смрдлевци.

Сале прва грешка што направи е што не го зема Калиниќ, а ги зема Симоновиќ и Бирчевиќ, едниот стар, другиот помалку квалитетен од Калина за класа. Не дека Калина е Џордан, ама е многу корисен играч во двата правци, нарочито во одбрана каде може да брани 4 позиции. Симоновиќ мене не може да ме чува, паднат е до немај каде, врска нема. У 4/4 три фаули за 30 секунди направи. :pos:

Кампацо и Скола ги разнесоа со пик, буквално ниту еден напад не успеаа да одбранат после пик. Реално изгубија од многу послаб противник, али хартијата не секогаш има пресудна улога.

Искоцкаа Србите златна шанса, сеа следна прилика треба пак да чекаат Америте да дојдат осакатени ко на ова првенство.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.594
Поени од реакции
10.238
Скола и Дел Потро пропаднати се баги, мислам годинава Бјелица ќе биди втор после Меси за спортист на годината во Аргентина

За оваа генерација на Србите не е се готово, наредна година ќе можат да се вадат против дрим тимот на САД од Кари Харден Дурант Леброн Дејвис.. Дуелот од клупа меѓу Гудурич и Каваи би требало да решава!
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Ауууууу каков флоп е ова за Србија на првенствово само...
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.207
Поени од реакции
4.944
Кој високо лета - ниско паѓа !
Тоа му се деси не сВрбија, уште не почнато првенството во финале се гледаја со Америка и си правеја бајрам со умот, како би му парирале на нив, кои позиции да ги бранат и незнам шо :kuracc:
А до финале треба 7 утакмици да изиграш, тие ги победија Порторико и Филипини и си мислеја готово решено е се...

Гледајте го сега финалето од дома :D
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Она што најмногу ме чуди кај Америве е колку нетимски играат, особено кога Поп им е тренер. Страшна работа, баш сега кога немаат звезди би требало потимски да играат, овие ништо не прават. Катастрофа се, еве се вратија Франција, дај боже да тепаат.
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
Чек сеа, уан куештн.. и за од 5-8 место ќе имат по две утакмици, или врз основа на бодојте од претходната група се рангирани кој ќе играт за 5то а кој за 7мо?

Ми се чинит на србиве им е побитно да ги тепет нбеашиве него ли да освоет злато. Па, еве ви прилика брачо,сестре и уважене госпоје :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom