Partizanen banditen
Психијатриски случај
- Член од
- 24 август 2016
- Мислења
- 5.993
- Поени од реакции
- 18.320
Домаќин на ова 18 по ред Светско Првенство е Кина по прв пат и тоа ке трае од 31 Август до 15 Септември. Светското се игра на азиско тло после 13 години каде последен пат се играше во Јапонија. Светското првенство во кошарка за првпат во својата по 1970 година нема да биде организирано во иста година како и она во фудбалот. Уште еден интересен факт е тоа дека од ова Првенство бројот на земји учесници од досегашните 24 се зголемува на 32. Бидејќи имаше промена на бројот на земјите учеснички, имаше и промена на групната фаза. Наместо досегашните шест тима во четири групи ке има четири екипи во осум групи, каде понатаму одат само првите две и се формираат четири групи со четири репрезентации. Светското ке го отворат Србија и Ангола со почеток во 9 и 30 по средноевропско време. Победник на последното Светско Првенство беше репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, кој е и главен фаворит за освојување на Светското. Фаворити од сенка после нив се Србија, Шпанија, Франција, Литванија, Аргентина итн. Најтрофејни репрезнтации се САД и Југославија со по пет освоени титули Светски шампион.
Домаќинот на ова Светско ги победи Филипините во директна борба за организација на натпрерувањево. Најголемата ѕвезда Јао Минг е претседател на кинескиот кошаркашки сојуз. Иако не се силни, сепак домашниот терен е домашен терен.
Селектор: Ли нан
Главни играчи: Ји Јианлиан.
Венецуела
Венецуела е непозната репрезентација. Со просечната висина од 194 сантиметри е најниската репрезентација, а со просечната старост од 30 години меѓу најстарите селекции.
Селектор: Фернандо Дуро.
Главни играчи: Грегори Варгас.
Полска
Селектор: Мајк Тејлор.
Главни играчи: А. Џ. Слотер.
Брегот на Слоновата Коска
Оваа репрезентација е слична по висината и староста со Венецуела. Интересно е што за овој национален тим игра бившиот играч на МЗТ, Мулуку Диабата.
Селектор: Паоло Повиа.
Аргентина
Аргентина е освојувач на првото Светско Првенство, на кое била и домаќин. Најблиску до титулата за последен пат била во 2002 Југославија.Аргентина е седми фаворит според ФИБА за освојување на Светското. Интересно е што сеуште за репрезентацијата игра Луис Скола.
Селектор: Серхио Хернандез.
Главни играчи: Николас Лавропитоло (Реал Мадрид), Факундо Кампацо (Реал Мадрид).
Русија
Русија имаше бројни откази од главните ѕвезди. Својот настап го откажаа играчи како Алексеј Швед и Тимофеј Мозгов. Се сметаат за наследници на СССР, која има освоени три златни медали на Светските Првенства.
Селектор: Сергеј Базаревич.
Главни играчи: Никита Курбанов (ЦСКА Москва), Димитриј Кулагин (ЦСКА Москва), Андреј Воронцевич (ЦСКА Москва), Витали Фриѕон (Локомотив Кубан).
Јужна Кореја
Најголемиот аутсајдер во групата. Најголем успех им е 11 место на Светското Првенство во Југославија во 1970 година.
Селектор: Хур Јае.
Главни играчи:?
Нигерија
Важи за многу незгодна репрезентација во оваа група, бидејќи има НБА ѕвезди во ростерот.
Селектор: Александер Нвора.
Главни играчи: Џош Окоги (Минесота), Ал Фарук Амину (Орландо), Екпе Јудо (Јута).
Во оваа група ке настапуваат тимовите на Шпанија, Иран, Порто Рико и Тунис. Секако не покрај тоа што се меѓу фаворитите да го освојат Мундијалот, во оваа група се Шпанците. Битката за второто место ке се води помеѓу Тунис и Порто Рико. Натпреварите се играат во Гвангжу во истоимениот спортски центар.
Шпанија
Шампионот од последниот Мундијал на азискиот континент. Иако делува дека можеле да состават подобар ростер, на кој ги нема ветеранот По Гасол, Серхио Родригез, Никола Миротиќ, Фелипе Рејес, Серж Ибака и понатаму делува како петти фаворит. Главни предводници се очекува да бидат НБА шампионот Марк Гасол, Рики Рубио и Серхио Љуљ.
Селектор: Серхио Скариоло
Главни играчи: Марк Гасол (Торонто), Рики Рубио (Феникс Санс), Серхио Љуљ (Реал Мадрид), Руди Фернандез (Реал Мадрид).
Иран.
Иран има две учества на Светските Првенства. И двете се од претпоследните.
Селектор: Мехран Шахинтаб
Главна ѕвезда: Хамед Хадиди (Петрошими)
Порто Рико
Оваа репрезентација има четиринаесет настапи на натпреварувањево. Најголем успех е четвртото место во Аргентина.Главната ѕвезда Карлос Арохо ја заврши кариерата oваа година.
Селектор: Еди Касиано.
Главна ѕвезда: Гиан Клавел. (/)
Тунис
Како и Порто Рико и Тунис ги има првите два настапи на последните два Мундијалите. Oваа репрезентација го има најстариот ростер на ова натпреварување.
Селектор: Марио Палма.
Главни играчи: Михаел Рол (Олимпија Милано), Салах Мехри (Далас).
Србија
Има освоено две Светски Првенства во заедница со Црна Гора под име Југославија, оние од 1998 и 2002. Исто така и се препишуваат и успесите на бившата СФРЈ. Финалистот на последното Првенство е и фаворит број два за освојување на Светското. Тука се Никола Јокиќ, овогодинешниот Ол Стар играч, Богдан Богдановиќ, Бобан Марјановиќ и Немања Бјелица, НБА играчи, како и Марко Гудуриќ, освојувач на Евролигата со Фенербахче. Во подготвителниот период повреди доживееја една од главните ѕвезда Милош Теодосиќ, Огњен Кузмиќ и Драган Милосављевиќ. Од прелиминарната екипат селекторот ги прецрта играчот на Фенербахче, Никола Калиниќ, Немања Недовиќ, а од настапи во репрезентацијата се пензионира Стефан Марковиќ.
Селектор: Александар Ѓорѓевиќ.
Главни играчи: Никола Јокиќ (Денвер), Никола Милутинов (Олимпијакос), Богдан Богдановиќ (Сакраменто), Бобан Марјановиќ (Филаделфија), Немања Бјелица (Сакраменто), Марко Гудуриќ (Фенербахче), Василије Мициќ (Ефес)
Италија
Италијаните на ова натпреварување доаѓаат со доста силен состав. Тука се НБА ѕвездите Белинели и Галинари, како и освојувачите на Евролигата Луиџи Датоме и Даниел Хекет. Поради повреда отпадна Николо Мели, новиот играч на Њу Орлеанс. Најголем успех им се две четврти места од Светските во 1970 и 1978 година.
Селектор: Ромео Сакети.
Главни играчи: Марко Белинели (Сан Антонио), Данило Галинари (Оклахома Сити), Даниел Хекет (ЦСКА Москва), Луиџи Датоме (Фенербахче).
Филипини
Интересно е дека Филипините ја изгубија организацијата на Светското во финалното гласање. Литванија, Ова е земјата каде после Литванија, кошарката е најважен спорт. Тие ке бидат домаќини на следниот Мундијал заедно со Јапонија и Индонезија. Најголем успех им е третото место од 1954 година.
Селектор: Јенг Гуиао.
Главни играчи: (/)
Ангола
Најтрофејната репрезентација на Афробаскетите. После Тунис, репрезентацијата со најмногу ветерани во тимот.
Селектор: Вили Воигт.
Главни играчи: Јаник Мореира (Виртус Болоња).
Појаснување - Темата ја направив цела, меѓутоа имам проблеми со лап топот и за жал оволку е сочувано, а немам сила да го напишам повторно истото. Доколку има доброволци бујрум. Исто така ако може да се направи тема за вториот дел од групите и елиминационата фаза...
ГРУПА А
Групата А ја сочинуваат домаќинот Кина, Полска, Венецуела и Брегот на Слоновата Коска. Сите натпревари ке се играат во Вукенсонг Спорт Арена во Пекинг. Фаворити за проаѓање понатаму покрај домаќинот се и Полјаците.
КинаДомаќинот на ова Светско ги победи Филипините во директна борба за организација на натпрерувањево. Најголемата ѕвезда Јао Минг е претседател на кинескиот кошаркашки сојуз. Иако не се силни, сепак домашниот терен е домашен терен.
Селектор: Ли нан
Главни играчи: Ји Јианлиан.
Венецуела
Венецуела е непозната репрезентација. Со просечната висина од 194 сантиметри е најниската репрезентација, а со просечната старост од 30 години меѓу најстарите селекции.
Селектор: Фернандо Дуро.
Главни играчи: Грегори Варгас.
Полска
Селектор: Мајк Тејлор.
Главни играчи: А. Џ. Слотер.
Брегот на Слоновата Коска
Оваа репрезентација е слична по висината и староста со Венецуела. Интересно е што за овој национален тим игра бившиот играч на МЗТ, Мулуку Диабата.
Селектор: Паоло Повиа.
ГРУПА Б
Во оваа група ке се натпреваруваат репрезентациите на Русија, Аргентина, Нигерија и Јужна Кореја. Главни фаворити за проаѓање понатаму се Русија и Аргентина, но нема да претстави изненадување доколку понатаму оди и Нигерија. Натпреварите се играат во Вухан, во истоимената арена.
Аргентина
Аргентина е освојувач на првото Светско Првенство, на кое била и домаќин. Најблиску до титулата за последен пат била во 2002 Југославија.Аргентина е седми фаворит според ФИБА за освојување на Светското. Интересно е што сеуште за репрезентацијата игра Луис Скола.
Селектор: Серхио Хернандез.
Главни играчи: Николас Лавропитоло (Реал Мадрид), Факундо Кампацо (Реал Мадрид).
Русија
Русија имаше бројни откази од главните ѕвезди. Својот настап го откажаа играчи како Алексеј Швед и Тимофеј Мозгов. Се сметаат за наследници на СССР, која има освоени три златни медали на Светските Првенства.
Селектор: Сергеј Базаревич.
Главни играчи: Никита Курбанов (ЦСКА Москва), Димитриј Кулагин (ЦСКА Москва), Андреј Воронцевич (ЦСКА Москва), Витали Фриѕон (Локомотив Кубан).
Јужна Кореја
Најголемиот аутсајдер во групата. Најголем успех им е 11 место на Светското Првенство во Југославија во 1970 година.
Селектор: Хур Јае.
Главни играчи:?
Нигерија
Важи за многу незгодна репрезентација во оваа група, бидејќи има НБА ѕвезди во ростерот.
Селектор: Александер Нвора.
Главни играчи: Џош Окоги (Минесота), Ал Фарук Амину (Орландо), Екпе Јудо (Јута).
ГРУПА Ц
Во оваа група ке настапуваат тимовите на Шпанија, Иран, Порто Рико и Тунис. Секако не покрај тоа што се меѓу фаворитите да го освојат Мундијалот, во оваа група се Шпанците. Битката за второто место ке се води помеѓу Тунис и Порто Рико. Натпреварите се играат во Гвангжу во истоимениот спортски центар.
Шпанија
Шампионот од последниот Мундијал на азискиот континент. Иако делува дека можеле да состават подобар ростер, на кој ги нема ветеранот По Гасол, Серхио Родригез, Никола Миротиќ, Фелипе Рејес, Серж Ибака и понатаму делува како петти фаворит. Главни предводници се очекува да бидат НБА шампионот Марк Гасол, Рики Рубио и Серхио Љуљ.
Селектор: Серхио Скариоло
Главни играчи: Марк Гасол (Торонто), Рики Рубио (Феникс Санс), Серхио Љуљ (Реал Мадрид), Руди Фернандез (Реал Мадрид).
Иран.
Иран има две учества на Светските Првенства. И двете се од претпоследните.
Селектор: Мехран Шахинтаб
Главна ѕвезда: Хамед Хадиди (Петрошими)
Порто Рико
Оваа репрезентација има четиринаесет настапи на натпреварувањево. Најголем успех е четвртото место во Аргентина.Главната ѕвезда Карлос Арохо ја заврши кариерата oваа година.
Селектор: Еди Касиано.
Главна ѕвезда: Гиан Клавел. (/)
Тунис
Како и Порто Рико и Тунис ги има првите два настапи на последните два Мундијалите. Oваа репрезентација го има најстариот ростер на ова натпреварување.
Селектор: Марио Палма.
Главни играчи: Михаел Рол (Олимпија Милано), Салах Мехри (Далас).
ГРУПА Д
Оваа група е сочинета од Србија, Италија, Ангола и Филипините. Без сомнение главни фаворити да ја поминат групата се Србија и Италија. Натпреварите ке се играат во Фошан.
Србија
Има освоено две Светски Првенства во заедница со Црна Гора под име Југославија, оние од 1998 и 2002. Исто така и се препишуваат и успесите на бившата СФРЈ. Финалистот на последното Првенство е и фаворит број два за освојување на Светското. Тука се Никола Јокиќ, овогодинешниот Ол Стар играч, Богдан Богдановиќ, Бобан Марјановиќ и Немања Бјелица, НБА играчи, како и Марко Гудуриќ, освојувач на Евролигата со Фенербахче. Во подготвителниот период повреди доживееја една од главните ѕвезда Милош Теодосиќ, Огњен Кузмиќ и Драган Милосављевиќ. Од прелиминарната екипат селекторот ги прецрта играчот на Фенербахче, Никола Калиниќ, Немања Недовиќ, а од настапи во репрезентацијата се пензионира Стефан Марковиќ.
Селектор: Александар Ѓорѓевиќ.
Главни играчи: Никола Јокиќ (Денвер), Никола Милутинов (Олимпијакос), Богдан Богдановиќ (Сакраменто), Бобан Марјановиќ (Филаделфија), Немања Бјелица (Сакраменто), Марко Гудуриќ (Фенербахче), Василије Мициќ (Ефес)
Италија
Италијаните на ова натпреварување доаѓаат со доста силен состав. Тука се НБА ѕвездите Белинели и Галинари, како и освојувачите на Евролигата Луиџи Датоме и Даниел Хекет. Поради повреда отпадна Николо Мели, новиот играч на Њу Орлеанс. Најголем успех им се две четврти места од Светските во 1970 и 1978 година.
Селектор: Ромео Сакети.
Главни играчи: Марко Белинели (Сан Антонио), Данило Галинари (Оклахома Сити), Даниел Хекет (ЦСКА Москва), Луиџи Датоме (Фенербахче).
Филипини
Интересно е дека Филипините ја изгубија организацијата на Светското во финалното гласање. Литванија, Ова е земјата каде после Литванија, кошарката е најважен спорт. Тие ке бидат домаќини на следниот Мундијал заедно со Јапонија и Индонезија. Најголем успех им е третото место од 1954 година.
Селектор: Јенг Гуиао.
Главни играчи: (/)
Ангола
Најтрофејната репрезентација на Афробаскетите. После Тунис, репрезентацијата со најмногу ветерани во тимот.
Селектор: Вили Воигт.
Главни играчи: Јаник Мореира (Виртус Болоња).
Автоматски споено мислење: