2019 FIBA Basketball World Cup - China

Член од
20 август 2019
Мислења
37
Поени од реакции
83
Голема штета за Богдан. Какво само првенство за него - дефинитивно мора да биде во првата петорка на пренството.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.600
Поени од реакции
10.249
Па добро тука негде е со Вучевич, Капела и Драмонд на листиве, за то се сложвам..
Прва група на центри се Ембид, Дејвис, Јокич, па и Таунс би го протнал тука
После идат Гасол, Хорфорд, Драмонд, Вучевич, Капела.. е тука припаѓа Гобер
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.904
Поени од реакции
84.300
Ќе има утре пренос на СК?

Еве што вика програмата..
1568498111327.png
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.158
Поени од реакции
107.589
Па добро тука негде е со Вучевич, Капела и Драмонд на листиве, за то се сложвам..
Прва група на центри се Ембид, Дејвис, Јокич, па и Таунс би го протнал тука
После идат Гасол, Хорфорд, Драмонд, Вучевич, Капела.. е тука припаѓа Гобер
Gasol za Gober e Pau Gasol. :D
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
Франција -САД

Срамота е свирец како Гобер да дава 20+ поени против тим на САД, да гради кариера против екипа од тој калибар. Гобер за 6 години професионална кариера во НБА има само 31 натпревар со 21+ поени, од вкупно 406 натпревари, реткост се такви бројки за него, па дури и за натпревар од 40 минути!


Прво полувреме многу неозбилно Американците настапија, лежерно, би рекол потценувачки...Тарнер не знае да го загради Гобер, па и цел тим на САД...второ полувреме попристојни, стегнаа одбрана доста и убрзаа темпо.

Французите на почеток од последна четвртина, за помалку од 1 мин. направија 3 брзи тимски фаули, а САД немаа ни еден (9.13 до крај на меч), сакајки да бидат поагресивни во одбрана, и да го успорат налетот на Америте од трета четвртина, кога и се чинеше дека ќе потонат Французите. И тука Американците ништо не искористија под тие околности, тука е најголемата критика, тактички се посраа одлично! Вистински момент Лопез да го ставеа во игра, бар на две -три минути, да ја успорат играта, да пробаат да играат преку него со контакти, под кош, каде е и солиден, но наместо да спуштаат топка под кош и да ги донесат Французите многу рано во бонус и да ги кинат лежерно со слободни, они со Кемба и Мичел шутеви од полудистанца и соло. Со Кемба со степ-бек (степ-бек манија е во НБА последниве 5-6 години) ќе вадиме фаули! Дури на 3 мин. пред крај им текна да спуштат со Барнс, нешто да пробаат да играат долу, кога видоа дека не ја бива. За 6 минути игра при такви услови не успеа тимот на САД бар еден фаул да извлече, напротив, САД побрзо влегоа во бонус од Франција!! Французите во последната четвртина ништо не играа посебно, само тројки од неизградени позиции......Николина-чоколина од Никс кој не може 2 сезони за ред 35% да шутира ги реши!

Клип со многу ситуации од тој меч, пред се фокус на последната четвртина:

Кемба ли е Соколов ли е ?! ( 0.10, 0.14, 0.50) "Плејмејкеров" на САД да не може топка да префрли ! Во пет минути игра 3 изгубени топки. 2/9 за шут, 0/4 за три, 0 асистенции, 4 изгубени!

Нападот на Франција на ништо не личи, Деколо и Фурние со истек на сирена, со многу среќа, арно ама битни поени, се држат резултатски и водат ( 1.00 , 1.24, 2.00, 2.50)

Добро движење на топка на моменти, тоа е тоа, нападот на САД бар личи на нешто 1.40, 1.50 3.05,
Гобер глуми одлично 2.40

Два битни моменти во последна четвртина, при тесен резултат: Деколо глуми 4.15, смешки, Попович му вика на судијата дека тоа е флоп...5.10 ова е аут од Батум, кога има контакт со топката со нога/тело, во аут е ! Превид голем.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Не е бламажа што САД изгуби и се лизна (абе ај!), брука е што изгуби од екипа, просечна, која ништо посебно не прикажа на тој меч, и пред се поради начинот како го шитнаа тој меч, т.е ВО ПРИСТАПОТ ВО ИГРАТА!!! Овој тим на САД ги исполнуваше сите услови за дебакл, и тоа:

1) најмрзлив тим на САД до сега, легачи одбранбено, овие симптоми беа изразени уште на подготовките! Пресинг играта беше заштитен знак за САД!
2) тим меѓу најслабите шутерски за три, откако се праќаат НБА играчи (за нивни стандарди, па и општо), а и најмногу тројки испуцаа како тим на првенството, џабе.
3) и пред се, најнеуигран и раштиман тим, без концепт, еден/два сета немаа пристојни и препознатливи.

Шутот за три на Америте низ годините, за разни состави (Олимпијади/Светско):
година, бр. натпревари, тројки/обиди , процент

1992 8 54/135 40%
1994 8 103/222 46.4
1996 8 48/122 39.3
1998 9 67/164 40.9
2000 8 54/128 42.2
2002 9 89/227 39.2
2004 8 44/140 31.4
2006 9 82/222 36.9
2008 8 77/204 37.7
2010 9 92/239 38.5
2012 8 129/293 44
2014 9 77/192 40.1
2016 8 83/225 36.9
2019 8 83/238 34.9 %

2019-та дефинитивно е Поповиќева година и ќе ја памтам како таква=сите ученици негови, "брилијантни" тренери му ги исплескаа и надиграа убедливо во плејофот, во НБА (Брет, Мајк, Кер) оваа година ....а менторот им накурчен дојде во КИНА демек со неговиот најистакнат и реномиран ученик -Кер лејката, и се избрукаа феноменално за сите пари на Светското, при ваква конкуренција!! Две акции да не знаело да се нацрта!! Поповичу, ти и Кер не во Вардар (и онака е матен доволно и со лајна), право во Амазон кај крокодилите и пираните да се фрлите, може и среде Атлантски, а за најевтина опција ја препорачувам Нијагарини водопади!!

Аргентина -Франција

30% од шутевите на Франција на 7 натпревари(до сега) дојдоа од Фурние(121/418) што беше и за очекување, до некаде.


Уште на почетокот на мечот му дадоа Аргентиците до знаење на Фурние дека тој ден ќе му биде пекол, на терен!!! Фурние сигурно не ни можел да претпостави што го чека тој ден, каква забава.

Многу агресивни Аргентина, растрчани, мотивирани, борбени, како за злато да играа! Питбулчиња во одбрана. Се што можеше да одиграат дефанзивно над Фурние како тактика и концепт, документирано во кошаркарската литература, за неутрализирање на најдобриот индивидуалец од противничкиот тим, на терен Аргентинциве го изведоа со перфектна егзекуција. Тимска одбрана со одлична комуникација и тајминг и затворање на рекет, игра на помош, удвојувања/утројувања -рој од играчи и гужва во рекет, блицови на периметар, го отсекоа на ПНР , па 1-1 одбрана му се редеа цел меч и му дишеа во врат редовно (Дек, Вилдоза, Гарино) ...дерман не виде...Кондиционо многу спремни Аргентинциве на овој турнир, камен одбрана си бара многу трчање. Импресивна одбрана и во транзиција на Аргентина.

Неколку моменти од клипот (со минутажа), цел клип и меч е просто уживанција:

крволочна 1-1 одбрана, Фурние не може здив да земе ( прва ситуација, 0.35 , 0.55, 1.05 , 2.50, 3.10, 3.34, 4.00, 4.55, 5.54, 7.25, 9.40, 10.30....)

офанзивно се напаѓа Фурние во било кој дел од терен (0.23, 2.30, 7.14 , 10.03)

познатото клише defense creates offense 4.17

бунари бато, заморот од одбранава што прави кај противникот 6.40, 6.52,

Каде бе Деколо, шо ти демек некој опасен плеј си во Европа?! (1.42 2.07 4.35 8.00, 10.11)

Ааааауууууууууффффффф 8.12 , 9.10

10.44 Два скока за ред офанзивни за Аргентина, Кампацо од линија за три им зема топка на скок, Кампацо ли е, Бетмен ли е!!!!

Гобер како се чува/гради во рекет, топка е тешко да прими 0.41, 11.40,
Гобер дефанзивецот се успа 1.19
Гобер на постер за малце од еден Кампацо 1.33
Гобер 1-1 Скола вади фаул 5.25
Гобер и Батум дефанзивците ги луфтираат 6.30
Фурние на 7.44 го удвојуваат , џабе кога Гобер не може да закуца, контра за Аргентина и слободни
Гобер две слободни по ред промашува кога се крши резултатот 11.45
Гобер накурчен превзема контрола на мечот, ќе го врти 12.15

.......Фурние по пензионирање од кошарката сигурно ќе има многу спомени од неговата кариера, и добри и лоши, но убеден сум дека овој меч со Аргентина нема никогаш да го заборави ( и јас исто така!), што се му понудија на менито дефанзивно Аргентинциве инспирирани. Го натераа Аргентинците да работи многу во напад и да троши енергија, па дури и го напаѓаа офанзивно (слаб дефанзивец е) Партал. Фурнава се прегреа веќе трета четвртина (забележливо и по гримасите негови) и почна бунари да шутира. А при крај на трета четвртина веќе имаше и три фаули. И не само тој, Албиси кепекот и Лабери почнаа бунари да редат и многу грешки, изнудени со одбрана. Нападот на Франција на турниров е едноличен, висок ПНР за Фурние како прва опција. И на ништо не личеше во второ полувреме, претежно шутеви (тројки) од тешки и неизградени позиции. И тоа е Франција на турниров офанзивно, предвидлива....го лимитираш ли Фурние го добиваш мечот. Батум како што и се очекуваше многу слаб (искрено не очекував до овој степен!) Кина не му бега за брзо време. Ембаје навистина почна солидно во прва фаза (против слаби екипи, со поголема слобода) за да во понапредниве фази како прогресираше првенството да биде со многу ограничена улога, шутеви не земаше, тренеров веројатно многу не му верува, секој би играл со проверени решенија битни натпревари. Клупа анонимуси. Франција постигна 45 поени за полувреме со САД, со Аргентина 6 мин пред крај на меч имаа само 56 поени!

Тактички, одлично одработен меч од тренерот на Аргентина Хернандез и стручниот тим, кој веќе од 2006 година ги води, но уште поголем аплауз за спроведеното на терен од играчите.И подобро од ова во одбрана не може да се игра како тим, и не треба, за да се добие меч. Натпреварот Аргентина Франција вреди неколку пати да се изгледа цел, од почеток до крај, енциклопедија за одбрана!
Клипот погоре, како компилација за феноменалната егзекуција во одбрана на Аргентина е склопен од мечот пренесуван на ESPN, на мечот Тибодо коментираше (сега за ESPN работи како аналитичар/коментатор), и тој безрезервно ги фалеше Аргентинците за одбраната, ако нешто значи. Многу сум изненаден позитивно од Аргентина во дефанзивата, мислев во тој дел ќе бидат слаби, поради години и предиспозиции (Скола, Кампацо) и таков впечаток ми оставија кога играа 2015 FIBA Americas турнирот(квалификации за РИО), каде личеа на просечна екипа, која се шлепа на грбот на Скола. Но тогаш и голем дел од играчиве кои денес ја носат играта (Брусино, Делиа, Гарино, Лапровитола, Кампацо, Дек, Вилдоза, Галици) беа дечишта (92/93 генерација). Аргентина е пример дека со тимска игра во одбрана лесно се надминуваат одредени пропусти во тој дел поради индивидуалните слабости или физички предиспозиции. Импресионирам сум, и тоа како!

Србија -Аргентина


Слично го третираа и Богданович Аргентинциве немилосрдни, иста тактика како Фурние, прва четвртина е само опфатена со Србија на клипот погоре, цел меч вреди да се изгледа 2-3 пати.
Гарино од почеток на меч залепен на Богданович. Загарче ! Ќе се коцкаат Аргентинците и ако треба поени ќе примаат од било кој, само не од најдобриот поентер/шутер/индивидуалец на противникот, и со најголема минутажа, најмногу експлоатиран во тимот цело првенство, бидејки и без него не ги бива од Ваљево Мејплс. Нема лесни поени, агресивна одбрана до даска, макар и рано исполнат бонус Аргентинциве. И зошто да не, кога 25% од шутевите ги зема Богдан кај Србиве ?! Од 81 тројка колку што постигна тимот на Србија вкупно, 35 овој ги постигна!
Џабе Србите имаа 40.5% реализација тимска за три (топ 4 на турниров), што е супер, кога половина од тие тројки идат од еден човек и се предвидливи како тим.



За споредба, како беа дистрибуирани тројките помеѓу играчите во тимот на Србија од 2010-та Светското, кога за малку финале ќе играа, а беа и меѓу најмладите екипи тогаш. Драстична разлика.. или како беа порамномерно дистрибуирани поените, што е и делумно мерило за побалансиран напад, со повеќе решенија шутерски.


Србите многу високо котираат на турниров во изгубени топки/меч, со Австралија единствени од поозбилните екипи да бидат во тој сегмент толку високо со залутани екипи како Јордан, Иран, Кореа, Слонова коска....за Австралија и не е чудно воопшто, нападот на ништо не им личи, Милс го јаваат. Овој сегмент од играта е добар показател за дисфункционален напад или бар за проблеми со нападот, што и беше случај со Србија, во дуелите со сите поозбилни екипи.
Во мечот без значење со Америте, направија предност огромна прва четвртина, Богдан испадна да одмори на толкава разлика (+25) и цела втора четвртина за ~7 минути само 4 поени, и се вратија Америте.
=======================================================================================
Не верувам Франција да изгуби два натпревари за ред, за бронза, ако останат и без медал ќе биде дебакл за нив, победата над САД ништо не значи тогаш ...Аргентина игра се помотивирано и делува непобедливо, од никој не се плашат, според прикажаното со Србија и Франција....мали им се шансите на Шпанија за злато, ако изиграат Аргентина 80% од прикажаното на последниве 2 меча, и немам дилема дека ќе играат како опседнати, со истата енергија и жар како со Франција, како цунами по теренот.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.600
Поени од реакции
10.249
Gasol za Gober e Pau Gasol. :D
Добро и Хорфорд е ама не се доволно добри за првата група.. Гасол беше пред неколку сезони.. Исто беше ДПОЈ ко Гобер, но со одлична пост-игра, надобар пасер на негова позиција и солиден шут.. И пак никој не велеше дека е топ 10-15 играч.. Па ни Бен Валас на времето никој не го сметаше за топ 10-15 играч а за Гобер е Бил Расел.. Едноставно неможиш вакви играчи да ги сметаш за најдобри во спортот..
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.158
Поени од реакции
107.589
Добро и Хорфорд е ама не се доволно добри за првата група.. Гасол беше пред неколку сезони.. Исто беше ДПОЈ ко Гобер, но со одлична пост-игра, надобар пасер на негова позиција и солиден шут.. И пак никој не велеше дека е топ 10-15 играч.. Па ни Бен Валас на времето никој не го сметаше за топ 10-15 играч а за Гобер е Бил Расел.. Едноставно неможиш вакви играчи да ги сметаш за најдобри во спортот..
Ne e Horford zaso defanzivno e dno. Horford moze da igra dobro samo vo ekipi so sistemi sto mu lezat, kako Boston na primer, a Gasol kaj i da go stavis ke gazi. Preinteligenten igrac vo dvata pravci, ima i dobar sut, steta sto ne e 5-6 godini pomlad imase tepacki da ima za nego.
Ali ok se razbirame okolu Gober, da ne tupime. :D
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.600
Поени од реакции
10.249
Ne e Horford zaso defanzivno e dno. Horford moze da igra dobro samo vo ekipi so sistemi sto mu lezat, kako Boston na primer, a Gasol kaj i da go stavis ke gazi. Preinteligenten igrac vo dvata pravci, ima i dobar sut, steta sto ne e 5-6 godini pomlad imase tepacki da ima za nego.
Ali ok se razbirame okolu Gober, da ne tupime. :D
Навидум изгледа дека е дно Хорфорд пошто нема ни некоја висина ни скок ни градба ама и тој е преинтелигентен и после плејофот лани немом лош збор да кажам за него иако не ме бендисвал ко играч никогаш.. Ембид матер му еби на Дејвис, Гобер, Драмонд, Вајтсад и слични а против Гасол и Хорфорд маки мачи пошто паметно му играт
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Ako ima pravda Argentina treba da osvoi i Skola da se penzionira so zlato ko sto lici

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
И на крај најголеми лузери на првенството испаднаа Австралија, а не Србија и САД. Се знаеше дека и вториве и третиве ќе го попушат, али Австралија.. :place:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom