Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.854
Поени од реакции
36.889
Предлог како е најдобро да се чита Куцкамен?
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Предлог како е најдобро да се чита Куцкамен?
Првиот пат ја читав по шемата на првата страница, вториот пат ја читав редоследно по страници. И двата пати имав различни искуства :), така што мислам дека е индивидуална ствар, иако би ти препорачал по шемата да ја почнеш.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Chinua Achebe - Things Fall Apart

Samo sto ja docitav. Barav po doma kratko nesto za da ne zargjam letovo. Prilicno dosta se povrzav so likot. Megutoa knigata e podelena na 3 delovi a poslednite 2 se premnogu kratki i gi nemaat detalite i posvetenosta od prviot del.

Se raboti za afrikansko pleme so svoi bogovi, tradicii i covek koj se borel za da sozdade ime i status za nego pocnuvajki od nisto. Pa koga pristigaat britancite so sirenje hristijanstvoto e prilicno razorno kako za negovoto ego taka i za zivotot i obicaite na zaednicata.

Zamisluva. Prilicno dobra i brzo se lista.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.144
Поени од реакции
83.803
- сеоски Аберкромби (многу боље вистинскиот читајте го)

- Мартин у енциклопедијско издание (кој го интересира лорот и лажната историја на тој лор, нека повели) слично на WoIaF
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.199
„Книгата на Тот, Египетски Тарот“
Алистер Кроули


Сериозна книга која го обработува #Таротот во вистинско светло: збир од учења кои се прелеваат и надополнуваат едни со други на многу нивоа давајќи го со хирушка прецизност суштинското значење на секоја карта од #Тот Таротот!
Ова е последната книга напишана од #Кроули, а која обработува теми како #кабала, #астрологија, источна #философија, Телема, #магика ...

Последната „техничка“ книга на Кроули, во која се збиени сите искуства и знаење на Мајсторот #Терион додека патувал по површината на Земјата, нурнувајќи се дури и до самите пеколи, за да потоа се вивне без проблем до големите Богови на небесата - собирајќи искуство и знаење кое ќе го променат Стариот Еон, а кои се дадени преку слики и симболи во ова ремек дело, со помош на Фрида #Харис, уметникот кој што стои зад уникатноста на Тот Таротот!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.144
Поени од реакции
83.803
„Книгата на Тот, Египетски Тарот“
Алистер Кроули



Сериозна книга која го обработува #Таротот во вистинско светло: збир од учења кои се прелеваат и надополнуваат едни со други на многу нивоа давајќи го со хирушка прецизност суштинското значење на секоја карта од #Тот Таротот!
Ова е последната книга напишана од #Кроули, а која обработува теми како #кабала, #астрологија, источна #философија, Телема, #магика ...

Последната „техничка“ книга на Кроули, во која се збиени сите искуства и знаење на Мајсторот #Терион додека патувал по површината на Земјата, нурнувајќи се дури и до самите пеколи, за да потоа се вивне без проблем до големите Богови на небесата - собирајќи искуство и знаење кое ќе го променат Стариот Еон, а кои се дадени преку слики и симболи во ова ремек дело, со помош на Фрида #Харис, уметникот кој што стои зад уникатноста на Тот Таротот!
Пред едно четврт век, ја купив оваа книга, во издание на Езотерија, плус ги земав и неговите тарот-карти (тие беа германски). Картите беа прилично скупи.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.199
Пред едно четврт век, ја купив оваа книга, во издание на Езотерија, плус ги земав и неговите тарот-карти (тие беа германски). Картите беа прилично скупи.
96-та. издание и за црно чудо „Езоетерија“ имала Copyright за Југославија, како што читам :)
Но тоа беа чудни времиња тогаш...

И сега се скапи Тот картите, и не би требало да ги купува некој ако не ја прочитал книгава или не е запознаен со стварите кои ги има во истата, барем малку - залудно ќе фрла пари... мое мислење.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
425
Поени од реакции
1.227
Кафка на брегот - Харуки Мураками
Причината која прави да го сакам и да ме нервира во исто време е што не дава одговори на сите прашања туку остава читателите да ја интерпретираат приказната како што сакаат.
Таков е случајот и со овој роман, иако за момент помислив дека ќе биде различно.
Накратко се работи на 15 годишник кој се нарекува себеси Кафка Тамура и еден старец по име Наката кој поради еден инцидент во детството станува налудничав но има скриена способност да зборува со мачките.Приказната е поделена по глави и почнува со бегството на Кафка од дома па наредната глава со чудниот настан во кој Наката го губи разумот и така се менуваат. Се забележува дека е инспириран од грчките митови и трагедии а има и елементи од шинтоизмот ( религија на Јапонците ). Мислам дека непознавањето на шинтоизмот прави потешко да се разберат метафизичките елементи во приказната и да изгледаат чудно и нејасно додека на Јапонците би им биле посфатливи. Како и да е интересна приказна која отвара милион прашања и менува перцепција. Јас сега на пример подруго ја гледам налудничавата бабичка која цело време седи на клупа и си збори со кучињата. Дефинитивно ќе ја препрочитам за некоја година да видам дали ќе ги поврзам подобро работите а прочитав на нет дека Мураками изјавил: сите одговори се дадени во книгата, така да очекувајте одгодина нов пост за Кафка на брегот. :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.709
Поени од реакции
13.390
Мозоков ми се пресуши во последно време од тешка литература, па се префрлив на нешто полесно. Прво ја завршив Perks of being a Wallflower од Чбоски (печатената верзија овој пат), па продолжив да одам по Зелената Миља на Кинг. Прв пат го читам типов, и не е така лошо. Не го тупи ич, си ја фура приказната. Изглеа подолго ќе се дружам со типов. У план ми се Stephen king goes to the movies (ja има новелата за Шошенк) и The Body кој е екранизиран како одличниот coming of age Stand by me.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.709
Поени од реакции
13.390
Наидов по групиве за размена на неколку добри веќе-пресушени-од-печат парчиња литература па се навлеков на Куци, поточно неговата „Животот и времињата на Мајкл К“ од издание на Или-или во превод и обработка на Румена. Одлично четиво, некој конгломерат на Плодови на гневот, Робинзон Крусо, Into the wild и книгите на Рави Хаж. Дејствие во некоја јебозовина во најдолниот дел на афричкиот континент, земјата во војна, распад вирее на секој чекор. Еден лик со мали пречки во развојот на умствените форми, заедно со својата изнемоштена мајка пробува да се врати во месотото каде таа е израсната. Иако уште на самиот старт мајката ја напушта приказнава, сепак целово патешествие нуди многу повеќе од едно сочувано ветување на нејзиниот син. Мислата на писателот е чиста, нема скршнување или пак некоја задна порака. Уште малку ми останува до крајот.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
Некој бил тука - Николина Андонова Шопова.
Овогодинешниот награден роман на годината, многу сличен на предминатиот Собирачи на пепел. Длабок стил, но забележувам и мала конфузност во преоѓањето низ времето на случувањата. Како и да е, симпатично книгиче, брзо влегува под кожа, останува уште сосем малку до крајот. Се чита во еден здив.
Не би рекол дека е слична на Собирачи на пепел, зашто Собирачите едвај ја прочитав пред некоја година, мака мачев со неа, а имаше 150/160 страници.

Некој бил тука е книжуле со добар стил, без непотребни описи и се' си беше на свое место. Мене од старт ме вовлече во приказната. Ја прочитав за некои два и пол часа и да имаше уште, ќе продолжев со читање. Препорака и од мене и со нетрпение чекам ново дело од Николина.
 
D

dobramuzika

Гостин
еве, јас да пишам прв, 1984 од џорџ орвел, уште малку ми остана да ја дочитам, па после следува животинска фарма.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
„Злостор и казна“ паралелно со
„Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom