Простете што нема да наоѓам слики од кориците на книгиве, многу се, па само ќе пишам по една реченица за секоја, мојата првична импресија која ми ја оставила конкретната книга, да не глабам многу со прераскажување кратки содржини.
1.
Замка - Мелани Рабе
Крими книга за типка која подготвува план како да постави замка на убиецот на нејзината сестра и да се соочи со него. Не знам некако доста монотоно ми беше, не ме фасцинираше многу дејството, уште од старт читајќи си имаш претстава што е можно на крај да се случи, многу празни страници за подготовки, само читаш а не се случува ништо, некој обид да се зголеми тензија, ама јок, не ме дирна баш. 5/10
2.
Во име на предците - Тес Геритсен
Исто крими, како едно убиство може да води кон cold cases кои биле нерешни многу години. Доста добро, ама оваа ми е многу некако по шаблон книга напишана, како по ист шаблон да се напишани оваа и следнава што ќе ви ја пишам, веројатно и многу други. Држеше внимание, на моменти беше некако тупење, ама генерално интересно патешествие. 7/10
3.
Кој сее ветар - Неле Нојхаус
Исто крими. Нешто ко оваа погоре, се разрешува убиство, па сеа цело патешествие со ликовите што им се дешава и во што се вплеткуваат, доста небитни работи, и не ми задржи баш кујзнае колку внимание, но и не беше досадно. 5.5/10
4.
Темниот цвет - Џон Голсворди
Ова не е крими, веројатно драма категорија спаѓа. Ова е утепување досадна книга, замарање мозок. Книгата е да покаже како ставовите на едно момче се менуваат како што созрева, најпрво не можел да е верен, потоа не може да е неверен. Ништо не е интересно со книгава, и воопшто не е за некој што сака да чита интересно нешто. 3/10
5.
Врева на долниот кат - Линвуд Баркли
Крими роман исто. Малку научна фантастика, малку сапуница, крајот мислам беше тотално усран, крвопролевање беспотребно. Приказанта држеше внимание, ама целосната слика кога ќе ја погледнеш и не те импресионира толку. 7/10
6.
Полноќна роза - Лусинда Рајли
За ова пишав во друга една тема ривју. Мислам ќе помине некое време, дур земам пак нешто вакво да читам, многу ме потресе чудово. Се работи за фиктивна историска драма. Се чита во еден здив, има многу неправди кои те тераат да се нервираш, баш тие работи ми се и единсвени замерки за книгата, моменти кои не се возможни дека не се случиле така и премногу се бизарни, пример кога е претставено нешто дека немало начин, а всушност имало. Доста поучна е книгава, и може секој на различен начин да си ја толкува. 9/10
7.
The Go-Between - L.P.Hartley
Не мислам дека има македонски превод од книгава, па затоа ја напишав со оригиналниот наслов. Се работи за новела од 150 страни, далеку пократко од сите овие горе кои се 350-550 страници. Тралалајка книга, за распустот на едно момче и за тоа како одлуките секогаш имаат и добар и лош ефект кон некого. 4/10, патем не дека е досадна, може да е досадна е да има повисока оцена, оцената е околу тоа какво влијание имала книгата на мене.
8.
Ловец на змејови - Халед Хосеини
Ова е вистинска историска приказна за настаните во Авганистан од седумдесетите години на минатиот век до почетокот на новиот век. Потресна приказна за тоа колку малку вреди човековиот живот, за предрасудите, стереотипите, кои знаат да променат многу животи. Не ме потресе мене нешто, бидејќи хоби ми е да си гледам цело време документарци за вистински потресни настани, но препорачувам да ја прочита секој кого го интересира источниот муслимански свет и Авганистан како земја. 8/10
9.
Кој тропа на прозорецот - Линвуд Баркли
Ова е веќе нешто, Баркли цело време си прави шпанска сапуница од романите, ама ова ми беше далеку поинтересно и посодржајно од Врева на долниот кат. Се работи за приватен детектив што прима во автомобилот девојче кое стопира, со надеж дека ќе му каже информација повеќе за неговиот починат син, но девојчето најбрзо го снемува, притоа се случуваат уште неколку необјасниви случувања. Приватниот детектив одеднаш од една нерешлива загатка, веќе има 10 нерешливи загатки и води истрага за да проба да реши дел од сложувалката. 9/10
10.
Опасно блиску - Линвуд Баркли
Исто крими. Имаше моменти кога не ми држеше баш внимание, многу се забегуваше со небитни настани, како да имал квота Баркли да мора 420+ страни да е романот, па мора сите книги таа квота да му ја задоволуваат, иако содржински може и за 200 страни да се напишат овие настани. Како и да е, се случува трикратно убиство во соседната куќа, и од тогаш почнуваат проблемите, се јавуват погрешни сомневања кои водат до решавање на нешто друго што не е трикратното убиство. 7.5/10
Ова ми се прочитани книги откога почна карантинот, па затоа да пишам за нив дур ми се колку толку свежи сеќавањата. Се надевам дека 2020 ќе ми е година со најмногу прочитани книги, можеби ќе прочитам нешто и за 10ка.