Што читате во моментов? (со краток коментар)

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Мојот маж од Румена Бужаровска.
Слушав и читав еден куп пофалби за оваа збирка раскази, можеби ова е и најфалената збирка за која што знам.
Воопшто не ми се допадна. Расказите си личат едни на други, како секогаш да станува збор за истиот маж и истата жена само во различни социјално - општествени улоги. Стилот на пишување е едноставен, но не гледам како ѝ служи на нарацијата. Дијалогот е прочистен од еуфемизми, внатрешните борби на протагонистките страдаат од преповторување на буквално истите описи.
Некогаш, субјективно, не ми се допаѓаат раскази кои изгледаат тотално безнадежни и имаат ликови со кои што не можам да се поврзам. Во „Мојот маж“ нема ништо, апсолутно ништо што би го издвоил и иако збирката е кратка во страници, ми изгледаше како да нема крај од тој вртлог од повторувања на еден ист расказ каде што мажите се гнасни и конзервативни, а жените се плашливи и припрости.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Dobiv nekoi knigicki na poklon od koi edna graficka novela Grace: Based on the Jeff Buckley Story, bidejki bev opsednat so nego lately pak. Strip verzija, od nekoi si 200 strani. Leko citanje za leto, sabota. Brzo se listase. Posledno vakvo listav cobains journals, koi bea pomracni i pointimni. Nejse, Jeff e legenda. <3

 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.135
Поени од реакции
13.261
Прочитав последно на одмор 3 книги, па еве накратко за нив.

Демијан (Херман Хесе)

Многу испреплетени работи, веројатно спаѓа во тие книги што или ти се допаѓаат или ти се срање и не ги разбираш. Додуша секој различно може да си ја сфати книгава, тоа е и убавината во книгите, што секој си ја доживува на свој начин. Мене ми беше супер иако се губев на моменти со тоа сатанистичките причи на Демијан. Главни ликови се Синклер и Демијан двајца деца, Синклер излегува од медиокритетот на своето секојдневие со запознавањето на Демијан, и почнува да има друга перспектива за работите околу него и со други очи да го гледа светот.

Крив Правец (Димко Тасевски - Дитас)

Пореална книга, подиректна, со многу повеќе чисти факти, но и помалку литературна убавина. Те остава во размислување книгава откако ќе ја прочиташ, здрмува и те тера да се запрашаш дали можело поинаку да заврши целото дејство. Најверојатно и можело, но да не сме во таква ситуација никогаш. Поентата на приказната е дека нема назад кога еднаш ќе тргнеш по лош пат, ти можеш да го оставиш лошото, но лошото никогаш не те напушти тебе. Накратко се работи за девојка Соња, која се соочува со беда и немаштија и наивно одбира погрешен пат за брза заработка.

Невидливиот човек (Херберт Џорџ Велс)

Ова е научни фантастики роман и такви најмалку варам. Не дека не беше интересен, добар дел беше интересен, но ете колку и да е добар најмалку допираат до мене вакви ствари. Јебига уште од мал поише ми се допаѓаа ствари ко Бојан и Марта, отколку ко Нарнија. Накратко се работи за човек кој станува невидлив со научни експериментирања, но потоа сфаќа дека многу проблеми му носи невидливоста и дека не е се така розево како што испланирал. Доста добра поента во приказната е самата доверба на луѓето, колку не може човек во никој да верува и да му се довери, сам со себе си најсигурен.
 
Последно уредено:
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
@џимеј
Мислев дека сум едниствена која не ги сака ни Димковска ни Бужаровска. Имам прелистано некоја од книгите на Димковска и одвај дочитав неколку пасуси.
Од Бужаровска прво ги читав Чкртки. Многу е лизгаво да пишуваш од аспект на мало дете, а се гледа дека си возрасен.
Мојот маж
исто ме разочара, но факт е дека тоа и е интересно на Европа. Да не те чуди што е толку популарна и надвор од нашите граници. Овие работи одат вака: ќе правиме фестивал, треба да има автори кои се занимаваат со права на малцинства, ЛГБТ, семејно насилство, положбата на жените... Меѓу учесниците мора да има и автори од Западен Балкан, мора да знаат англиси, мора да се со високо образование и по можност, да се жени.
Аха, Бужарвска беше на фестивалот лани, може да ја викнеме пак.
И еве ти ја неа наасекаде. Мене не ми е јасно како луѓе кои имаат завршено книжевност, компаративна или јазик не можат да проценат дека нивните дела не се добри, дека не се за објавуваање... Книгите на Бужаровска се благо речено просечни.[DOUBLEPOST=1562834807][/DOUBLEPOST]@FilipMKD007

За Демијан ти препорачувам да прочиташ нешто за архетиповите на Јунг. http://hesse.projects.gss.ucsb.edu/papers/maier.pdf
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.709
Поени од реакции
13.390
Налетав некако на Quo Vadis од Сенкијевич. Да ја читав пред 10тина години кога професионално се занимавав со стариот век, ќе имаше голем импакт врз моите тогашни скромни познавања. Сега ми е као да читам некое историско романче.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.250
Поени од реакции
22.919
The Shadow over Innsmouth од H. P. Lovecraft / Сенка над Инсмут од Х.Ф. Ловекрафт

Отсекогаш сум бил љубител на Ловекрафт и космички хорор, жанр кој тој го измислил, па летово се решив да прочитам се што има од него а ми ја имаат препорачано оваа книга како вовед во неговата колекција.

Кратка книга, се работи за затуцано гратче во САД каде што има култ кој обожува подводни суштества.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.822
Поени од реакции
7.143
Ја читам ,, Другата страна" од Ѓорѓи Крстевски. Збирка (кратки) раскази што, за жал кај нас ќе помине незабележително. Сјајни се, многу над останатите што пишуваат раскази. Се гледа руската школа, ама може да се забележат и други влијанија, ама сето тоа е суптилно. Се гледа дека, иако се претежно баш кратки раскази, Ѓорѓи има посветено време да ги напише. Препорачувам. Издание на Бегемот.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
10+ дела на Агата Кристи, романи и збирки раскази со Поаро, Марпл и некои помалку познати ликови како протагонисти. Претходно имам прочитано неколку дела од неа, но Агата е плоден писател, забавна за читање, а делата и се кратки (оттаму и големата бројка книги прочитани од неа за релативно кратко време).
Не е лош писател, најчесто е убедлива и досетлива. Очигледно е дека стилот не и е на прво место (не и е ни на последно), но најголемиот број просечни читатели и онака ги интересира само кој е убиецот. Искрено, не секогаш погодував кој би можел да биде :)
Се разбира, има разлики во квалитетот, но има и кај речиси сите други што пишуваат.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Тунел - Ернесто Сабато

Постоеше еден единствен тунел, темен и осамен: мојот, тунелот во којшто помина моето детство, мојата младост, целиот мој живот. И во еден од тие проѕирни делови во камениот ѕид јас ја видов оваа девојка и наивно верував дека доаѓа од друг тунел паралелен на мојот, кога во суштина му припаѓа на широкиот свет, на светот без граници на оние што не живеат во тунели.

По трет пат го читам црното коцкасто книжуле во издание на Табернакул кое го купив одамна. Генијален роман за човечката психа, опсесивноста, мрачниот дел на човековата душа испреплетена со осаменоста и отуѓеноста на човека од општеството.

Еден од најдобрите кратки романи, ever.


Инспириран од постов, по втор пат ја читам Тунел од Ернесто Сабато. Книгава е како фузија од Степскиот Волк и Birdman филмот.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
10+ дела на Агата Кристи, романи и збирки раскази со Поаро, Марпл и некои помалку познати ликови како протагонисти. Претходно имам прочитано неколку дела од неа, но Агата е плоден писател, забавна за читање, а делата и се кратки (оттаму и големата бројка книги прочитани од неа за релативно кратко време).
Не е лош писател, најчесто е убедлива и досетлива. Очигледно е дека стилот не и е на прво место (не и е ни на последно), но најголемиот број просечни читатели и онака ги интересира само кој е убиецот. Искрено, не секогаш погодував кој би можел да биде :)
Се разбира, има разлики во квалитетот, но има и кај речиси сите други што пишуваат.
Во чие издание ги читаш? Претпоставувам на англиски... се обидов да прочитам неколку романи од Агата преведени на македонски, не се сеќавам на издавачката куќа, али беа ужасно лоши и се откажав...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.709
Поени од реакции
13.390
Инспириран од постов, по втор пат ја читам Тунел од Ернесто Сабато. Книгава е како фузија од Степскиот Волк и Birdman филмот.
Тука сме. И ја.
Пошо ја зедов Абадон уништувачот и сакам ревидирање да ѝ мавнам на Херои и гробови.
Автоматски споено мислење:

Во чие издание ги читаш? Претпоставувам на англиски... се обидов да прочитам неколку романи од Агата преведени на македонски, не се сеќавам на издавачката куќа, али беа ужасно лоши и се откажав...
Онаа ѓурѓана, ама не модераторот.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Тука сме. И ја.
Пошо ја зедов Абадон уништувачот и сакам ревидирање да ѝ мавнам на Херои и гробови.
Автоматски споено мислење:


Онаа ѓурѓана, ама не модераторот.

Јас ја имам негде до пола прочитано Херои и гробови, ама многу се изгубив и не ми се довршуваше. Сега постар и „помудар“ баш ќе и се пробам уште еднаш.

P.S. Абадон уништувачот видов ја има во некоја понуда 3 книги за 499, мислам во Три.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Во чие издание ги читаш? Претпоставувам на англиски... се обидов да прочитам неколку романи од Агата преведени на македонски, не се сеќавам на издавачката куќа, али беа ужасно лоши и се откажав...
Во изданија на хрватски јазик, на kindle. На македонски го имам читано само Убиство во Ориент Експрес, купено во акцијата на упокоениот „Дневник“, кога еднаш неделно, со доплата, со весникот следуваше книга. Не бев воодушевен од преводот.
Се' друго прочитано од Агата, и сега и порано, ми е на хрватско-српско-босанско-црногорски јазик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom