Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
19 март 2011
Мислења
65
Поени од реакции
20
„Московска сага“ - А.Д.Милер

Пола ја прочитав за многу кратко време, со оглед на тоа што од одамна не сум седнал да читам и да се изгубам од проста причина што сум нервен човек :)))
Тоа кажува дека е фина.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
425
Поени од реакции
1.227
Синови- Перл Бак, втора книга од серијалот. Вкупно 3 ги има.
**Офтопик, кое издание од мајсторот и маргарита е подобро, она на издавачката куќа Матица или она на Три?
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Синови- Перл Бак, втора книга од серијалот. Вкупно 3 ги има.
**Офтопик, кое издание од мајсторот и маргарита е подобро, она на издавачката куќа Матица или она на Три?
Матица.
 
P

Patience

Гостин
Фросина Пармаковска - Одбројување

Стигнав до половина од книгата и постојано додека читам имам чувство како целата несреќа на овој свет да се вгнездила во само една жена и нема намера да ја напушти.
Потајно се надевам на среќен крај.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Вчера ја дочитав Catcher in the Rye, ме демнеше одамна, ми пречеше опростениот стил на почеток но тоа ја направи лесно читлива и флуидна. Доста позната, солидна coming of age книга, мислам дека времето не ја гази и сеуште е relatable за младинава која се соочува со импулсивност, збунетост, изолираност, oсаменост и тинејџерската и адолесцентската борба против конформизмот.

Денес ја почнав Brave New World oд Huxley, премногу е захтевна и бара голема концентрација но на сметка на тоа уживам во деталните описи, создава одлични слики и атмосфера. Но и ме измори по само 50тина страни, па ќе ја грицкам малку побавно.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Многу сум поделен за Brave New World, започна прилично мрачно и многу уживав меѓутоа многу од ликовите и нивното развивање ми беше избрзано, но се до самиот крај, и не знам колку е тоа добро или лошо, ме тераше да размислувам за одредени ситуации, концепти... до степен да заборавам да читам. Како книга, осеќам дека сум прочитал, гледал итн далеку поинтересни концепти за утопии и дистопии па не беше многу исполнувачки, но сепак книгава ми остана у глава, и уште долго ќе ми биде најверојатно.

И зошто побогу не му го користеа името Џон, цело време го викаа savage. Го замислував овој раперон 21 savage со фејс татуус, суканици, што мумла како конечно го пуштаат во цивилизиран свет и ситуации и се смеев како фока.

4/5 ипак

--

Моментално ја читам Flowers for Algernon. Се работи за научници кои успеале да ја кренат интелигенцијата за минимум 3 пати кај животни, па сега сакаат да пробат на луѓе, конкретно на Чарли, лик кој е ментално заостанат со 60 ајку. Интересното за книгата е концептот, за време на тестирањето Чарли мора да си ги запишува мислите како дневник, и тука ние го читаме, граматички грешки и муабети што 6 годишно дете ги прави, па после операцијата пишувањето, кохерентноста на мислите, меморијата, се тоа се зголемува по малку и ние тоа го примеќаме, но тој не... засега е интересно возење. Но што ќе се случи случи со главниот лик Чарли, бидејќи состојбата на глушецот на кој претходно бил тестиран истиот третман - почнува да се влошува...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.709
Поени од реакции
13.390
По прочитаната „Битлси“ на Кристенсен, се префрлив пак на on-the road тематиката, овој пат пресно пристигнатата по пошта Into the wild од Jon Krakauer. На почеток мал зајеб пошо го глеав филмот и мислев нешо слично како кај Wild на Cheryl Strayed, прикаска која ќе си тече од точка А до точка Б, испадна малку различно. Овој Кракауер да ти бил некој новинар/алпинист-аматер и книжево да ти е као збирштина чланаци за некој тип што има погинато усред Аљаска (намерно не го стаам у спојлер, пошо у сам старт си кажува авторот). Како и да е, сторијата иако малку хаотично напишана временски (те води де на почеток, де на крај, па се навраќа) убаво ги потенцира причините зошто Крис/Алекс во тој даден момент му свирнало да го напушти таканаречениот седентарен живот со „блескава“ иднина и да се пресели на маргините на опстанокот. Кај и да е, уште малце и ќе ја завршам.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.296
Поени од реакции
8.764
Ја читам Невидливи градови од Итало Калвино во издание на Или-Или, преведувач е Анастасија Ѓурчинова. Книгата е составена од девет куси поглавја во кои се дава опис на измислени градови именувани по една жена. Формата или рамката на збирката раскази се всушност патописни извештаи кои Марко Поло му го поднесува на царот на Татарите, Кублај Кан - пред и по секое поглавје Марко Поло и Кублај Кан даваат размислувања и коментари за градовите. Дел од замислените градови се среќни и задоволни, а други тажни и меланхолични, практично описите ги следат расположенијата и размислувањата на авторот...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Коронација од Борис Акунин
Се работи за серијал криминалистички романи во коишто главниот лик е Ераст Фандорин. Ги читам на бугарски, кој сака може да си ги симне овде.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Dracula - Bram Stoker :cuc::cuc::cuc:

Poso navecer imav slobodno vreme i togas citav barav nesto creepy ama kvalitetno i eve klasikava ja pocnav. Kakov stil covece, od samo 4-5 chapteri sum vo kozata na johnatan, cel suralizam, seta anksioznost mu ja osekam, cuvstvoto na zatvorenik, zbunet... iako truen so godini za vampiri i drakula - kako prvpat da se srekavam so istoto i jas. A ja gledam golemka, ke se druzime... edvaj cekam da se stemni i da zaklucam vrata.

Si dadov predizvik 20 (acclaimed) knigi da procitam vo 2019ta i sepak sum edna kniga behind.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Norse mythology од Neil Gaiman
Се објаснува за боговите, космогонојата, дрвото на животот-Игдразил, деветте светови, Рагнарок итн.
Gods and heroes of ancient Greece од Gustav Schwab. Се зборува за грчките митови, богови, херои, полубогови, Прометеј, Зевс, Персеј, Херкул, Тезеј и останати ликови од грчка митологија.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Pred nekoj den ja procitav Metamorphosis od Kafka. Knigule ama knigiste. Podobro nekogas odkolku nikogas. Edna od omilenite knigi - instant.

Denes ja zedov Sapiens poso denovive idam na odmor i malce tinejdzerka na plaza ke bidam. Ja zemav 500ce, ne znam kolku vi e na saem, Saladin neka kaze gledam ja zel, ama ne mi se ubivase 15 saati za 5knigi pa da vi idam na saem. Ja zamisluvam kako Cosmos serijata, informativna i interesna za sledenje. Edvaj cekam, izgleda uste vecerva ke i sednam.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.265
Поени од реакции
2.261
Pred nekoj den ja procitav Metamorphosis od Kafka. Knigule ama knigiste. Podobro nekogas odkolku nikogas. Edna od omilenite knigi - instant.

Denes ja zedov Sapiens poso denovive idam na odmor i malce tinejdzerka na plaza ke bidam. Ja zemav 500ce, ne znam kolku vi e na saem, Saladin neka kaze gledam ja zel, ama ne mi se ubivase 15 saati za 5knigi pa da vi idam na saem. Ja zamisluvam kako Cosmos serijata, informativna i interesna za sledenje. Edvaj cekam, izgleda uste vecerva ke i sednam.
На саем беше 600 во Три :sick:

Нов саем, стари глупости. Ќе кажеш каква е штом ќе ја прочиташ, вака на корица изгледаше ко интересна книга.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.709
Поени од реакции
13.390
Некој бил тука - Николина Андонова Шопова.
Овогодинешниот награден роман на годината, многу сличен на предминатиот Собирачи на пепел. Длабок стил, но забележувам и мала конфузност во преоѓањето низ времето на случувањата. Како и да е, симпатично книгиче, брзо влегува под кожа, останува уште сосем малку до крајот. Се чита во еден здив.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Само што ја дочитав Скриена Камера на Лидија Димковска.
Ова ми беше прва книга што ја читам од неа. Да бидам најискрен, одвај ја дочитав, петнаесет пати се мислев дали да ја оставам, приказната не води никаде, нарацијата не создава никаква слика во мојата глава, не одам подалеку со имагинација од тоа што е напишано тука, тоа е тоа, на моменти е репетитивна, другпат е здодевна, трет пат личи на некое книжевно предавање, итн.
Не знам баш многу за Лидија како автор освен дека има формално образование во областа на книжевноста и дека живее во Словенија негде таму, но ова ми личи како чисто автобиографско дело и ништо повеќе, записи од доживеани случки по белиот свет.

Она што особено ми смета кај македонски автор со формално образование е тоа што мора на секоја втора страница да потенцира дека нараторот студирал книжевност. Во „Скриена камера“ споредниот лик Едлира (или така нешто) е Албанка која што се занимава со фотографија, слика шолји со талози од кафе. Во еден миг, поетесата нешто ѝ објаснува, и оваа вели „да, тоа е дури и тавтолошки“ вака нешто, и овие ситници кај прикажување ликови ме нервираат, не верувам дека фотограф кој се занимава со фотографирање кафиња од чиста страст би зборувал со истиот јазик како ликот книжевник, односно не знам кои се шансите дека некој што не е книжевник би го искористил терминот тавтологија. Вакви некои ствари, ама да не цепидлачам, може другите книги ѝ се подобри.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom