The Wardstone Chronicles/The Last Apprentice од Џосеф Делани, моментално стигнав до четвртата книга од серијалот - The Spook's Battle.
Се работи за серија од 12 книги од dark fantasy жанр, приказната се врти околу Томас Вард кој е седми син на седми син и е чирак на Џон Грегори - Спук (ловец на натприродни суштества, нешто како Гералт само што овој универзум е по "приземјен" за разлика од Вичер универзумот). Исто така се среќаваат интересни мотиви и верувања од средновековна Англија како на пример верувањето дека седмиот син на седмиот син има натприродни моќи, како да се открие која жена е вештерка а која не е итн.
Се заљубив во серијава, ги надмина сите мои очекувања. Ги читам книгите по неколку страни на ден и правам поголеми паузи бидејќи не сакам да ги прочитам сите книги наеднаш (околу ~110 страни од книга се). Додека паузирам со оваа серија а бидејќи
доаѓа нова серија, ќе мора да ја ставам и Horus Heresy на пауза и ќе почнам да ја читам Eisenhorn : Xenos од Дан Абнет, најдобриот писател според мене за Warhammer 40k.