Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
6 септември 2007
Мислења
8.237
Поени од реакции
8.340
Очекувам во 10 дел да се бркаат во вселената со Тесла автомобили...уште тоа не пробале во франшизава :toe:
идат натака ако не си го погледал трејлерот блиску си со вселената ;)

 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.205
Поени од реакции
10.236
Мене ми беше квалитетен, солидна 8ца.
Го најавуваа трејлерот кога го гледав Врба во Синеплекс. Ме хајпна тогаш. Имав високи очекувања, ама не ги оправда. Убаво почна филмот ама на моменти досаден, последниот саат го предвидов, ништо ново, ништо спектакуларно.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.271
Поени од реакции
37.981

"Уште една предрасуда за „Медена земја“: ова е филм кој на Американците и на Западот им се допаднал поради својот балканизам. Сакаат да кажат, ова е уште една верзија на Кустурица. Никако, никако и никако! „Медена земја“ не го слави и не го мистифицира Балканот. Балканот тука, всушност, и го нема. Атиџе и нејзината мајка подеднакво би можеле да бидат и од Лапонија и Авганистан, како што се од Северна Македонија. Друга работа е што авторите на филмот, генијалните Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, своето дело го базирале врз нешто што е херметично во својата локалност и партикуларност – па од Скопје е далеку колку и од Њујорк – и воопшто не воделе сметка за универзалната разбирливост. Но, колку некое уметничко, особено наративно дело, е полокално, толку е повеќе речовито и поуниверзално.

И уште нешто: тоа што радосните дилетанти на пчелите им го одземаат целиот мед, тоа никако не може да биде парабола за грабливиот капитализам. Тоа е апиницид, уништување на пчелните заедници, а на капитализмот никогаш и никаде не му е цел целосното физичко уништување на оние кои произведуваат вредност. Дилетантите на пчелите им го одземаат целиот мед, и така ја уништуваат не само заедницата на своите кошници, туку, посредно, и пчелните заедници на Атиџе, едноставно затоа што немаат талент, не знаат со пчелите, ниту за уметност."

Миљенко Јерговиќ, „Уметноста на медот или што пчелите му кажуваат на светот додека бодат дилетанти и умираат“.
:aplauz::aplauz::aplauz:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.468
Поени од реакции
43.351
Филмови што се работени според вистински настани ви се досадни и предвидливи, филмови ко тој на тарантино ви се глупи зошто не се придржуваат со вистинските настани, и вас крај не ви се наоѓа.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.744
Ајде сите лајк за Шон што предвидел филм сниман по историски настан (y)
Не биди толку лоша, историски настан или не, ако Шон не бил запознаен со настанот, смее да предвиди.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.122
Поени од реакции
9.070

"Уште една предрасуда за „Медена земја“: ова е филм кој на Американците и на Западот им се допаднал поради својот балканизам. Сакаат да кажат, ова е уште една верзија на Кустурица. Никако, никако и никако! „Медена земја“ не го слави и не го мистифицира Балканот. Балканот тука, всушност, и го нема. Атиџе и нејзината мајка подеднакво би можеле да бидат и од Лапонија и Авганистан, како што се од Северна Македонија. Друга работа е што авторите на филмот, генијалните Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, своето дело го базирале врз нешто што е херметично во својата локалност и партикуларност – па од Скопје е далеку колку и од Њујорк – и воопшто не воделе сметка за универзалната разбирливост. Но, колку некое уметничко, особено наративно дело, е полокално, толку е повеќе речовито и поуниверзално.

И уште нешто: тоа што радосните дилетанти на пчелите им го одземаат целиот мед, тоа никако не може да биде парабола за грабливиот капитализам. Тоа е апиницид, уништување на пчелните заедници, а на капитализмот никогаш и никаде не му е цел целосното физичко уништување на оние кои произведуваат вредност. Дилетантите на пчелите им го одземаат целиот мед, и така ја уништуваат не само заедницата на своите кошници, туку, посредно, и пчелните заедници на Атиџе, едноставно затоа што немаат талент, не знаат со пчелите, ниту за уметност."

Миљенко Јерговиќ, „Уметноста на медот или што пчелите му кажуваат на светот додека бодат дилетанти и умираат“.
:aplauz::aplauz::aplauz:
Супер е Медена земја, го изгледав и јас со закаснување но таман пред наградите. За странски филм потешко ама за документарец имаме реални шанси за Оскар.

Негативните рецензии најчесто доаѓаат од нефилмомани кои му пристапуваат на филмот како да се работи за игран филм а не за документарец.

Леле колку беше иритантен ликот со шеширот. Како супер вилан во филм на Марвел. :pos:
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Uncut Gems луда и јака вожња без пауза.. плус препорака за нба фановите.
Адам Сендлер уште еднаш докажуе дека знае да глуми на врвно ниво.
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
327
Поени од реакции
320
Абе Uncut Gems ме измори али на многу позитивен начин. Цел филм се чуствував како да имам напад на паника додека го гледам, под стрес бев цело време хаха.

Али стварно многу добро направен. И Адам Сандлер феноменален исто така. Браќава режисери што се на филмов оставаат нивен печат и уникатен стил на правење филм по кој ќе бидат препознатливи.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Uncut Gems ми е дефинитивно најдобар од 2019, а и од цела деценија во топ 5 ми влезе. Ми ги надмина и онака високите очекувања.

Се согласувам со се што напишале дечкиве погоре, само би ги додал и неколкуте генијални транзиции низ филмот, без тие типични нагли сечења и промени на локација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom