Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Очекувам во 10 дел да се бркаат во вселената со Тесла автомобили...уште тоа не пробале во франшизава :toe:

идат натака ако не си го погледал трејлерот блиску си со вселената ;)

 
Мене ми беше квалитетен, солидна 8ца.
Го најавуваа трејлерот кога го гледав Врба во Синеплекс. Ме хајпна тогаш. Имав високи очекувања, ама не ги оправда. Убаво почна филмот ама на моменти досаден, последниот саат го предвидов, ништо ново, ништо спектакуларно.
 

"Уште една предрасуда за „Медена земја“: ова е филм кој на Американците и на Западот им се допаднал поради својот балканизам. Сакаат да кажат, ова е уште една верзија на Кустурица. Никако, никако и никако! „Медена земја“ не го слави и не го мистифицира Балканот. Балканот тука, всушност, и го нема. Атиџе и нејзината мајка подеднакво би можеле да бидат и од Лапонија и Авганистан, како што се од Северна Македонија. Друга работа е што авторите на филмот, генијалните Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, своето дело го базирале врз нешто што е херметично во својата локалност и партикуларност – па од Скопје е далеку колку и од Њујорк – и воопшто не воделе сметка за универзалната разбирливост. Но, колку некое уметничко, особено наративно дело, е полокално, толку е повеќе речовито и поуниверзално.

И уште нешто: тоа што радосните дилетанти на пчелите им го одземаат целиот мед, тоа никако не може да биде парабола за грабливиот капитализам. Тоа е апиницид, уништување на пчелните заедници, а на капитализмот никогаш и никаде не му е цел целосното физичко уништување на оние кои произведуваат вредност. Дилетантите на пчелите им го одземаат целиот мед, и така ја уништуваат не само заедницата на своите кошници, туку, посредно, и пчелните заедници на Атиџе, едноставно затоа што немаат талент, не знаат со пчелите, ниту за уметност."

Миљенко Јерговиќ, „Уметноста на медот или што пчелите му кажуваат на светот додека бодат дилетанти и умираат“.
:aplauz::aplauz::aplauz:
 
Филмови што се работени според вистински настани ви се досадни и предвидливи, филмови ко тој на тарантино ви се глупи зошто не се придржуваат со вистинските настани, и вас крај не ви се наоѓа.
 
Ајде сите лајк за Шон што предвидел филм сниман по историски настан (y)
Не биди толку лоша, историски настан или не, ако Шон не бил запознаен со настанот, смее да предвиди.
 

"Уште една предрасуда за „Медена земја“: ова е филм кој на Американците и на Западот им се допаднал поради својот балканизам. Сакаат да кажат, ова е уште една верзија на Кустурица. Никако, никако и никако! „Медена земја“ не го слави и не го мистифицира Балканот. Балканот тука, всушност, и го нема. Атиџе и нејзината мајка подеднакво би можеле да бидат и од Лапонија и Авганистан, како што се од Северна Македонија. Друга работа е што авторите на филмот, генијалните Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, своето дело го базирале врз нешто што е херметично во својата локалност и партикуларност – па од Скопје е далеку колку и од Њујорк – и воопшто не воделе сметка за универзалната разбирливост. Но, колку некое уметничко, особено наративно дело, е полокално, толку е повеќе речовито и поуниверзално.

И уште нешто: тоа што радосните дилетанти на пчелите им го одземаат целиот мед, тоа никако не може да биде парабола за грабливиот капитализам. Тоа е апиницид, уништување на пчелните заедници, а на капитализмот никогаш и никаде не му е цел целосното физичко уништување на оние кои произведуваат вредност. Дилетантите на пчелите им го одземаат целиот мед, и така ја уништуваат не само заедницата на своите кошници, туку, посредно, и пчелните заедници на Атиџе, едноставно затоа што немаат талент, не знаат со пчелите, ниту за уметност."

Миљенко Јерговиќ, „Уметноста на медот или што пчелите му кажуваат на светот додека бодат дилетанти и умираат“.
:aplauz::aplauz::aplauz:
Супер е Медена земја, го изгледав и јас со закаснување но таман пред наградите. За странски филм потешко ама за документарец имаме реални шанси за Оскар.

Негативните рецензии најчесто доаѓаат од нефилмомани кои му пристапуваат на филмот како да се работи за игран филм а не за документарец.

Леле колку беше иритантен ликот со шеширот. Како супер вилан во филм на Марвел. :pos:
 
Абе Uncut Gems ме измори али на многу позитивен начин. Цел филм се чуствував како да имам напад на паника додека го гледам, под стрес бев цело време хаха.

Али стварно многу добро направен. И Адам Сандлер феноменален исто така. Браќава режисери што се на филмов оставаат нивен печат и уникатен стил на правење филм по кој ќе бидат препознатливи.
 
Uncut Gems ми е дефинитивно најдобар од 2019, а и од цела деценија во топ 5 ми влезе. Ми ги надмина и онака високите очекувања.

Се согласувам со се што напишале дечкиве погоре, само би ги додал и неколкуте генијални транзиции низ филмот, без тие типични нагли сечења и промени на локација.
 
Да ги довршам уште неколкуте номинирани за Оскар во главните категории годинава. Прв:

Richard Jewell - Кејти Бејтс номинирана за споредна женска улога. Тоа беше големо изненадување годинава, ама, по филмов, би рекол - заслужено! Тоа прво, значи - одлична глума. Остатокот е некако ко сто пати виден, а сепак гледлив. Клинт Иствуд е обично преокупиран со исправање на неправди во неговите филмови (True Crime, Changeling, Mystic River, Sully), па и тука е така. Типична спора драма во негов стил, овојпат повторно биопик, но тука најмногу ми сметаа клишеата. А ги има во изобилство. Ко да знаеш што буквално се случило таму, зашто си бил очевидец на сѐ во 1996 (се работи за бомбашкиот напад во парк за време на одржувањето на Летните олимписки игри во Атланта во 1996). Јас се сеќавам на игрите, но на нападот не, а цело време имав чувство како да знам буквално сѐ што се случило. После - делови од приказната и ликови останаа недоработени. Пример, новинарката која прва ја напиша приказната остана ко да виси во воздух, а за неа уште многу работи можеа да се кажат. Ама, пак ќе речам - глумата беше супер (Кејти Бејтс, Сем Роквел и дебелкото од I, Tonya), филмот е гледлив, не можеш да речеш дека е лош, во никој случај, ама има фалинки. Не можам да го препорачам, ама ако немате што да гледате, пробајте го! Меѓу 6 и 7 мене ми беше. 7 само заради Бејтс!

Останаа:
1. The Two Popes
2. Harriet
3. Judy
4. A Beautiful Day in the Neighborhood
5. Les Miserables
6. Corpus Christi
7. I Lost My Body
8. The Cave
9. Star Wars: The Rise of Skywalker
 
Тешка пропаганда има Parasite... не знам кога последно еден филм имал ваква пропагандна машинерија (која нормално, често, завршува со повлекување паралела помеѓу „метафората“ во филмот и Трамп).
 
Тешка пропаганда има Parasite... не знам кога последно еден филм имал ваква пропагандна машинерија (која нормално, често, завршува со повлекување паралела помеѓу „метафората“ во филмот и Трамп).
Не би рекол дека е тоа. Ете, ѕирнете го сите Shoplifters на Хироказу Кори-Еда од преклани, речиси истата приказна е, минус трилер моментите, што значи фокусот е на темата за социјалните разлики, бла, бла, бла... и многу поцврсти паралели можат да се повлечат со Трамп, па филмот помина бледо во Америка - само номинација за странски. А, интересно: двата филма едно по друго добија Златна палма во Кан.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom