Според мене приказната беше најневажното нешто во 1917. Затоа и не е битен крајот, како што не е битен ни почетокот. Ако го соголиш филмот до тоа ниво да остане само приказната, се согласувам дека беше веќе видено, и предвидливо, и тоа не само крајот, туку буквално цел филм. Да не навлегувам во детали дека филмот, иако направен по оригинално сценарио, е инспириран од кажувања на војник, учесник во Првата светска војна, а всушност дедото на Сем Мендез и неговата Автобиографија, што значи - дел од тоа што беше прикажано, навистина се случило, иако можеби не така како што е прикажано. Е сега, ако го гледаме филмот целосно, со сите слоеви, и од технички аспект, и од аспект на тоа колку успева нам да не пренесе во тоа време, и во тоа место, тогаш, пак ќе речам - ова е генијално парче уметност што ќе остане да се споменува, не само како најдобриот филм од 2019, туку и како еден од најдобрите воени филмови некогаш направени.
Инаку, јас освен овој, и тој божиќниот, Merry Christmas, не се сеќавам дека сум гледал друг филм за Првата светска војна.