Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Очекувам во 10 дел да се бркаат во вселената со Тесла автомобили...уште тоа не пробале во франшизава![]()

Мене ми беше квалитетен, солидна 8ца.Форд против Ферари слаб. Доста слаб.
Го најавуваа трејлерот кога го гледав Врба во Синеплекс. Ме хајпна тогаш. Имав високи очекувања, ама не ги оправда. Убаво почна филмот ама на моменти досаден, последниот саат го предвидов, ништо ново, ништо спектакуларно.Мене ми беше квалитетен, солидна 8ца.



Не биди толку лоша, историски настан или не, ако Шон не бил запознаен со настанот, смее да предвиди.Ајде сите лајк за Шон што предвидел филм сниман по историски настан![]()
Супер е Медена земја, го изгледав и јас со закаснување но таман пред наградите. За странски филм потешко ама за документарец имаме реални шанси за Оскар.
"Уште една предрасуда за „Медена земја“: ова е филм кој на Американците и на Западот им се допаднал поради својот балканизам. Сакаат да кажат, ова е уште една верзија на Кустурица. Никако, никако и никако! „Медена земја“ не го слави и не го мистифицира Балканот. Балканот тука, всушност, и го нема. Атиџе и нејзината мајка подеднакво би можеле да бидат и од Лапонија и Авганистан, како што се од Северна Македонија. Друга работа е што авторите на филмот, генијалните Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, своето дело го базирале врз нешто што е херметично во својата локалност и партикуларност – па од Скопје е далеку колку и од Њујорк – и воопшто не воделе сметка за универзалната разбирливост. Но, колку некое уметничко, особено наративно дело, е полокално, толку е повеќе речовито и поуниверзално.
И уште нешто: тоа што радосните дилетанти на пчелите им го одземаат целиот мед, тоа никако не може да биде парабола за грабливиот капитализам. Тоа е апиницид, уништување на пчелните заедници, а на капитализмот никогаш и никаде не му е цел целосното физичко уништување на оние кои произведуваат вредност. Дилетантите на пчелите им го одземаат целиот мед, и така ја уништуваат не само заедницата на своите кошници, туку, посредно, и пчелните заедници на Атиџе, едноставно затоа што немаат талент, не знаат со пчелите, ниту за уметност."
Миљенко Јерговиќ, „Уметноста на медот или што пчелите му кажуваат на светот додека бодат дилетанти и умираат“.
![]()

Не би рекол дека е тоа. Ете, ѕирнете го сите Shoplifters на Хироказу Кори-Еда од преклани, речиси истата приказна е, минус трилер моментите, што значи фокусот е на темата за социјалните разлики, бла, бла, бла... и многу поцврсти паралели можат да се повлечат со Трамп, па филмот помина бледо во Америка - само номинација за странски. А, интересно: двата филма едно по друго добија Златна палма во Кан.Тешка пропаганда има Parasite... не знам кога последно еден филм имал ваква пропагандна машинерија (која нормално, често, завршува со повлекување паралела помеѓу „метафората“ во филмот и Трамп).