Ај да појадам гомна и ја за Ханиленд.
Филмот стварно не е нешто посебно, се сложивме со Злате и Корвус кога го гледавме филмот, а тоа беше многу пред да излезе номинацијата за оскаров.
Одлична кинематографија има и се тоа ама..
Ни најмалку не ме допре филмот.
Наводно Атиџе "is the last beekeeper in Europe" според описот на ИМДб. Изгледа тоа не е вистина пошто ете и тој комшијата имаше пчели чинам. Или па можда стварно е д лест бикипер ама филмов направи лоша задача за тоа да го долови?
Првата минутка or so од филмов е топ. Се качува по планина се пентари и си викаш "брееј, нек си ибе матер ова колку јако изгледа" ...и тоа е тоа, до крај преку сила уште една таква сцена ако имаше.
Секој филм треба да има нешто кон што ќе кулминира, и нешто што ќе треба да ти го задржи вниманието. Дури и документарците.
Што беше финалето на филмов? Смртта на мајка и на Атиџе? Тоа што комшијата нејзин продаваше мед?
Ок, тоа со мајка и беше емотивно и се...ама не беше за тоа филмот. Ок, жена од 90+ години или колку и да имаше почина. Секако не го гледав филмот за да видам со мајка и дека ќе се деси.
Нема ни некои огромни проблеми во филмов. Еј ја боцнале пчели. Еј малце мед дава. Еј оди еднаш месечно на пазар...
Истава приказна можеш да ја направиш ако снимаш човек на фарма што чува крави. "Eј ме клоцна..еј нема млеко..еј ми се разболи кравата"
Целиот плот со комшијата на Атиџе апсолутно нема никаква поента да се прикаже.
Наводно тоа не го ни планирале да биде во филмот, ама ете по пат на случајност пошто е нели документарец што снима се, решиле да го следат и тој човек.
А делот со тој човек фаќа 20-30 минути во цел филм можда...или барем такасе осеќаше.
Документарецот треба да те однесе во свет што е странски и чуден и да ти покаже нешто неверојатно. (ок, нели, може и да ти покаже нешто што е блиску до нас како проблем, не го мислам ова како дефиниција или факт, конкретно за овој зборам)
Треба да ти разбуди емоции.
За жал мене не ми разбуди премногу емоции.
А дефинитивно очекував нешто такво пошто се звучеше така интересно и возбудливо како идеја.
Ете видете го Free Solo од лани. Breathtaking, имаш напнатост, имаш емоции, имаш причини да продолжиш да го гледаш филмот.
Гледајте го Ханиленд со некого и паузирајте го филмот на половина и прашајте го "Ок, што најмногу те интересира до крајот на филмот? Зошто сакаш да продолжиш да го гледаш ова" ?
Нема да знае да ти даде одговор.
"Па....ме интересира дали овој со босанецот/србинот ќе се сложат за парите"
...ама ич не ме интересира.
"Пааа..ме интересира дали Атиџе ќе...."
Што? Дали пак ќе има мед? Ќе има, и самата вика дека така е, некогаш има повеќе некогаш не. Дали? Што? Дали ќе ја искасаат пчелите пак? Дали мајка и - што е жена од 90+ години ќе почине? Најверојатно да.
Е сега јбг, Атиџе изгледа како добра жена, па затоа можеби и вака делува. Среќна е со тоа што го има, го има прифатено својот живот и својата улога во светот, си ја врши работата и...тоа е тоа.
Јбг, можеби и очекувањата си имаа свој уддел, ама од документарци вообичаено е фер да се очекува многу.
Особено што очекував цел филм да е како првата сцена што реално е стварно маестрална.
Да не испадне дека сум само негативен. Не сум. Сметам дека документарецов е сосема солиден и има многу работи за пофалба во него. Атиџе е супер лик, можеби и премногу супер за филмов во кој што треба да има некоја драма/депресија/возбуда/напнатост/уатевер.
Режијата е топ. Кинематографијата е маестрална, дури до таму што некои сцени изгледаа како да гледаш филм, а не документарец.
До сега имам гледано неколку филмови од државава што имаат маестрална кинематографија, не знам дали еден човек работи на сите, ама ептен ме радува што поновиве филмови во државава даваат внимание и на тоа, сепак кинематографијата во РМоди нагоре, што е за пофалба
А со оглед на тоа што критичари, смартесес и што ти уште знам се палат на режија и кинематографија... не е за изненадување зошто филмов ги освојува наградите.
Пошто ајде ви се молам, ретко кога критичари се ложат на приказни
Видете ги најпознатите "ova e art choeche" филмови во светот - 0 приказна и 0 плот.
Е сега.....
Јас лично (за разлика од Џимеј мислам кој негде имаше пишано на некоја тема мислам...) сметам дека ако нешто е македонско..по дифолт треба да се поддржи или барем да не се хејта.
Се додека македонскиве филмови и музики и све по ред не стигнат на ниво каде што ќе има голема фан база и хејт нема да му смета на делото....ја сум само за поддршка.
Ако не ми се свиѓа нештото нема ни да се замарам за тоа нити пак ќе гледам. Нека си постои, нека не ми се свиѓа, нема што да зборам за тоа.
Особено пак, ако имаме дело на Оскари. Нешто што е огромна платформа и нешто што може да биде огромна отскочна даска за креаториве на филмот. А нивен успех пак, може да биде отворена врата и за други луѓе од други области од Македонија да се појават во Холивуд или нешто слично.
Затоа, секоја чест за сите зад Ханиленд. Дај боже да имаме уште многу вакви успеси. Па што се однесува до мене, утре Лозано нека собере 999 милион прегледи со Деспасито ремикс, јас ќе бидам задоволен, нека хејтаат колку сакаат. Или што ти уште знам...
Така да, да се надеваме дека ќе освоиме Оскар за документарец, иако и самите номинации се огромен успех.
Проблемот во хејтот е што многу луѓе го хејтаат хајпот за филмот, нешто што е реално и разбирливо.
А треба да си ограничен умствено за да не сфсатиш каков успех за државата е ова.
Башка...ние, македонци, збориме за тоа каков бил филмот од некоја баба на село што чува пчели.
Фала богу нас нема да ни е нешто mindblowing, пошто на пазар праиме муабет со такви продавачи на мед секој ден...
Во Америка и останати земји, сигурно филмов ќе ги однесе на место што не им е така блиску и ќе им остави поголем впечаток.
Мислам ајде, двајца луѓе како се ценкаат за пари?
Секојдневност во македонија, а во САД......(ок можда и таму е секојдневност што ги знам
)
Ептен пишувам, а тоа што сакав да кажам го кажав.
Солиден филм, кој што треба да го гледате надвор од хајпот (нешто како Артист кога го освои оскарот пред 6-7 години), и треба да навивате да освои пошто може да има огромно влијание врз уметноста во државата.
Од мене лајк си доби филмот уште кога излезе и покрај тоа што реков дека не ја напуштив салата забезекнат како што очеквуав да бидам