За Ханиленд, вчера уз пиво расправа со двајца уметници.
Му пожелувам да лапне оскар/и кога веќе е номиниран. Но имам еден проблем од практична природа.
Се бавам за среќа со професија каде клиентите се често од странство. На една скајп конференција, тројца колеги седиме на кауч камерата на ЛЦД-то ставена и почнуваме.
Првиот муабет на клиентите беше "оу ју хев софас?"
На тоа одговорив "ноу дис из онли а проп, дис волс ар нот ријл, итс онли а стејџ, ви хев ту гајс ранинг он бајсиклс ту генерејт електрисити."
Па станува и проблем кога ќе им каеш цена "вај ар ју соу експенсив, изнт јор кантри вери пур?"
Едвај чекам ние да направиме серија како Dark, филмскиот фонд да финансира нешто како Love death and robots.
Доедка си правиме суштински уметнички филмови, уметникот ко да не знае да игра шах, имиџот на земјава не го зема во обзир.
Па кога веќе Ханиленд го виде цел свет, за мене штетата веќе е направена, нека лапне и оскар.
Ако има меѓу вас филммејкери, ве молам почнете да играте и шах.
Ваљда си озбилен според другите коментари пошто малце надреален муабет ми е мене дека некој го гледал филмов и одма тоа го помислил за државата..
Ех, ок е тоа...ама...каков филм мислиш дека може да направиме што би добил номинација за Оскар, а притоа да се покаже некоја јака слика за Македонија?
Еве и да смислиш нешто...
Пак ни е тапа државата.
Да го направиш најјакото нешто од државата и да го склопиш во едно видео...пак луѓето ќе видат нешто што има на други места во подобри варијанти
Башка:
УМЕТНОСТА! НЕ! СМЕЕ! ДА! СЕ! СВЕДУВА! НА! ЈАВНА! СЛУЖБА!
Се сложувам со ова, фала богу нема сегае некој да мисли "Еј, ама што ќе кажат комшиите? Па што ќе помислат овие? Па овие??"
Јбг, филм е.
Не се нашиве криви што американците и светот е глуп и одма тоа така си го поврзува..
Ете, викам надреално..а имам прочитанао коментари од фанови дека "Немало руси во новиот Black Widow, пошто реално немало ептен руси што знаат англиски.."
така да...ако тоа го мислат за Русија...што и да направиш за државава луѓето пак ќе мислат дека сме отепани
И да направиш бејзик инстинкт филм луѓето ќе речат "Хеј мај френд, ар ју мерид? Јес? Уау, ај тот еври уоман ин Маседоунија уос крејзи?"
така да јбг, не е битно тоа, тие сами ќе си сфатат бидејќи веќе мислат дека Македонија е Иран и се наоѓа у Африка пошто..што има повеќе да знаат, доста е и ова
Најверојатно перцепцијата им е дека Босна во моментов е буквално ко Афганистан и никад не се поправиле од војната
Ако ништо друго...баш плус поени се ова за нас бе.
Си мислат отепани сме...и после тоа се ќе им биде само плус.
Башка ако ти кажат дека сме сиромашна земја ко местото на Атиџе..
Кажи им дека е тоа вистина и ти си меѓу тројцата луѓе у цела држава штои имаат интернет, и ако сакаат да продлжат со тебе треба да сфатат со каков национален гениј си имаат работа и треба повеќе да те плаќаат!
Бреј, јако видео, вака кога го гледам оптимист сум за оскаров..не знам зашто ама така позитивна енергија ми има видеово <3