2019 е една од најдобрите филмски години во последниве неколку децении, дефинитивно. Останав подзинат и од 1917, и тоа (kill me!) го гледав скринерот. Не проверив пак за што сѐ е номиниран, ама ако е, освен за најдобаар филм и најдобра режија, мора да земе Оскар и за најдобра музика, најдобра кинематографија, најдобри визуелни ефекти, најдобар продукциски дизајн, најдобра костимографија, шминка, фризура, звучни ефекти, монтажа на звук... Ако може и сите други филмови, кај што не е, и кај што не може да биде номиниран, да му ги дадат Оскарите кои ги освоиле на Сем Мендез, би било одлично. И пак нема да е доволно. Ова ќе остане да се памти како еден од филмовите кои ја одбележале целата оваа деценија. Жалам што не го видовме порано и што нема да се најде и на нашата ТОП 100 листа на најдобри филмови во декадата, но дефинитивно го заслужува местото таму повеќе од 90% од филмовите.