Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Многу добро беше прикажано разочарувањето на Атиџе од односот на комшиите и алчноста како човечка особина. Таа во добра намера им објасни како се одгледуваат пчели, а тие потоа во желбата за поголема заработувачката го уништија пријателството и единствениот извор на приход на таа напатена жена.
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
326
Поени од реакции
320
Lighthouse е многу чуден филм али интересен. Роберт Егерс стварно добро знае да постави атмосфера. Чуден филм, со многу алегории кон грчка митологија. Мислам дека не треба да се бара преголемо значење но глумата помеѓу Дефо и Патинсон стварно прејака. Поготово дефо. Дијалозите внесуваат ептен и покрај тоа ако нешто не разбереш. Интересен филм. Има ли потенцијал Егерс да стане култен режисер или не?

Мислам и дека малце го потценија на Оскариве, требаше да добие Дефо номинација за главна машка улога. Но, среќен сум што барем му дадоа номинација за кинематографија за разлика од Hereditary кој не го доби ниту тоа и покрај преубавата фотографија. Јебига, нешто неќат хорори или филмови со вознемирувачка визуелност.
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Демек ако не ти се допадне некоја патетика за некакво ридско суштество, што по ниеден нормален цивилизациски стандард не може да се класифицира за човек, не си доволно животно просветлен? :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Депре за некоја циганка со пчелите. Ок, разбирам све тоа порука, шије ми га ѓура, екологија, јака жена и тн.
Али бре ја не глеам више одамна такви филмови. Го иам одглеано својот фер-шер од нив, на времето и доста ми е. Што не значи дека рачунам оти е срање филмот, или поруката е лоша, или дека не сакам да добие Оскар. Него само кажувам факт дека ја не трошам време на таков филм. Еве сега на пример ќе гледам некој ужасен филм за Битката за Мидвеј од лани (не тој сите што мислите! туку овој), што пак ќе ми бидат подобро потрошени саат и пол неголи тоа со пчелите да го глеам или оноа Рома ли како и да се викаше и слични.
...ете за чудо се сложувам со тебе, можеби има интересни сцени од природа, колоритност ама толку ?!
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.986
Ај да појадам гомна и ја за Ханиленд.

Филмот стварно не е нешто посебно, се сложивме со Злате и Корвус кога го гледавме филмот, а тоа беше многу пред да излезе номинацијата за оскаров.

Одлична кинематографија има и се тоа ама..

Ни најмалку не ме допре филмот.
Наводно Атиџе "is the last beekeeper in Europe" според описот на ИМДб. Изгледа тоа не е вистина пошто ете и тој комшијата имаше пчели чинам. Или па можда стварно е д лест бикипер ама филмов направи лоша задача за тоа да го долови?

Првата минутка or so од филмов е топ. Се качува по планина се пентари и си викаш "брееј, нек си ибе матер ова колку јако изгледа" ...и тоа е тоа, до крај преку сила уште една таква сцена ако имаше.

Секој филм треба да има нешто кон што ќе кулминира, и нешто што ќе треба да ти го задржи вниманието. Дури и документарците.
Што беше финалето на филмов? Смртта на мајка и на Атиџе? Тоа што комшијата нејзин продаваше мед?
Ок, тоа со мајка и беше емотивно и се...ама не беше за тоа филмот. Ок, жена од 90+ години или колку и да имаше почина. Секако не го гледав филмот за да видам со мајка и дека ќе се деси.

Нема ни некои огромни проблеми во филмов. Еј ја боцнале пчели. Еј малце мед дава. Еј оди еднаш месечно на пазар...

Истава приказна можеш да ја направиш ако снимаш човек на фарма што чува крави. "Eј ме клоцна..еј нема млеко..еј ми се разболи кравата"

Целиот плот со комшијата на Атиџе апсолутно нема никаква поента да се прикаже.

Наводно тоа не го ни планирале да биде во филмот, ама ете по пат на случајност пошто е нели документарец што снима се, решиле да го следат и тој човек.

А делот со тој човек фаќа 20-30 минути во цел филм можда...или барем такасе осеќаше.

Документарецот треба да те однесе во свет што е странски и чуден и да ти покаже нешто неверојатно. (ок, нели, може и да ти покаже нешто што е блиску до нас како проблем, не го мислам ова како дефиниција или факт, конкретно за овој зборам)
Треба да ти разбуди емоции.

За жал мене не ми разбуди премногу емоции.
А дефинитивно очекував нешто такво пошто се звучеше така интересно и возбудливо како идеја.


Ете видете го Free Solo од лани. Breathtaking, имаш напнатост, имаш емоции, имаш причини да продолжиш да го гледаш филмот.

Гледајте го Ханиленд со некого и паузирајте го филмот на половина и прашајте го "Ок, што најмногу те интересира до крајот на филмот? Зошто сакаш да продолжиш да го гледаш ова" ?

Нема да знае да ти даде одговор.
"Па....ме интересира дали овој со босанецот/србинот ќе се сложат за парите"

...ама ич не ме интересира.

"Пааа..ме интересира дали Атиџе ќе...."
Што? Дали пак ќе има мед? Ќе има, и самата вика дека така е, некогаш има повеќе некогаш не. Дали? Што? Дали ќе ја искасаат пчелите пак? Дали мајка и - што е жена од 90+ години ќе почине? Најверојатно да.

Е сега јбг, Атиџе изгледа како добра жена, па затоа можеби и вака делува. Среќна е со тоа што го има, го има прифатено својот живот и својата улога во светот, си ја врши работата и...тоа е тоа.

Јбг, можеби и очекувањата си имаа свој уддел, ама од документарци вообичаено е фер да се очекува многу.

Особено што очекував цел филм да е како првата сцена што реално е стварно маестрална.

Да не испадне дека сум само негативен. Не сум. Сметам дека документарецов е сосема солиден и има многу работи за пофалба во него. Атиџе е супер лик, можеби и премногу супер за филмов во кој што треба да има некоја драма/депресија/возбуда/напнатост/уатевер.

Режијата е топ. Кинематографијата е маестрална, дури до таму што некои сцени изгледаа како да гледаш филм, а не документарец.
До сега имам гледано неколку филмови од државава што имаат маестрална кинематографија, не знам дали еден човек работи на сите, ама ептен ме радува што поновиве филмови во државава даваат внимание и на тоа, сепак кинематографијата во РМоди нагоре, што е за пофалба (y)

А со оглед на тоа што критичари, смартесес и што ти уште знам се палат на режија и кинематографија... не е за изненадување зошто филмов ги освојува наградите.
Пошто ајде ви се молам, ретко кога критичари се ложат на приказни :D Видете ги најпознатите "ova e art choeche" филмови во светот - 0 приказна и 0 плот.

Е сега.....

Јас лично (за разлика од Џимеј мислам кој негде имаше пишано на некоја тема мислам...) сметам дека ако нешто е македонско..по дифолт треба да се поддржи или барем да не се хејта.

Се додека македонскиве филмови и музики и све по ред не стигнат на ниво каде што ќе има голема фан база и хејт нема да му смета на делото....ја сум само за поддршка.
Ако не ми се свиѓа нештото нема ни да се замарам за тоа нити пак ќе гледам. Нека си постои, нека не ми се свиѓа, нема што да зборам за тоа.

Особено пак, ако имаме дело на Оскари. Нешто што е огромна платформа и нешто што може да биде огромна отскочна даска за креаториве на филмот. А нивен успех пак, може да биде отворена врата и за други луѓе од други области од Македонија да се појават во Холивуд или нешто слично.

Затоа, секоја чест за сите зад Ханиленд. Дај боже да имаме уште многу вакви успеси. Па што се однесува до мене, утре Лозано нека собере 999 милион прегледи со Деспасито ремикс, јас ќе бидам задоволен, нека хејтаат колку сакаат. Или што ти уште знам...

Така да, да се надеваме дека ќе освоиме Оскар за документарец, иако и самите номинации се огромен успех.

Проблемот во хејтот е што многу луѓе го хејтаат хајпот за филмот, нешто што е реално и разбирливо.

А треба да си ограничен умствено за да не сфсатиш каков успех за државата е ова.

Башка...ние, македонци, збориме за тоа каков бил филмот од некоја баба на село што чува пчели.

Фала богу нас нема да ни е нешто mindblowing, пошто на пазар праиме муабет со такви продавачи на мед секој ден...
Во Америка и останати земји, сигурно филмов ќе ги однесе на место што не им е така блиску и ќе им остави поголем впечаток.
Мислам ајде, двајца луѓе како се ценкаат за пари?
Секојдневност во македонија, а во САД......(ок можда и таму е секојдневност што ги знам :D :D )

Ептен пишувам, а тоа што сакав да кажам го кажав.

Солиден филм, кој што треба да го гледате надвор од хајпот (нешто како Артист кога го освои оскарот пред 6-7 години), и треба да навивате да освои пошто може да има огромно влијание врз уметноста во државата.

Од мене лајк си доби филмот уште кога излезе и покрај тоа што реков дека не ја напуштив салата забезекнат како што очеквуав да бидам (y)
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Поддржување уметност/дела само зашто се македонски е жива глупост.
Зошто да поддржувам нешто што сметам дека е ѓубре?
Ако нешто не ми се допаѓа, не ми е гајле од каде е и кој го создал, ако сакаме да ја закопаме уметничката вредност, супер, ајде, одлична идеја е да промовираме се и сешто за во изметот да се изгуби и тоа што стварно вреди да се почитува и поддржува.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ох, Злате, не знам од кај да почнам...

Филмот стварно не е нешто посебно, се сложивме со Злате и Корвус
Јас не сум потпишал нешто такво. o_O Не, шала на страна, мене единствено ми "сметаше" што не личеше на документарец. Затоа и @Anon мекараше тогаш зошто сум рекол: "ама...", по тоа "одличен беше...".

Целиот плот со комшијата на Атиџе апсолутно нема никаква поента да се прикаже.
Јас не се согласувам со тоа. Имаше многу поенти со семејството Сам. Прво, како симбол: ако Атиџе беше вредната пчела, онаа која оди да собира мед (ова и буквално), Сам беа оние пчели кои се доселија во кошницата за да прават бука. Само зуеја, го собираа медот и со тоа ја уништуваа и природата, и хармонијата што во својот живот ја создала Атиџе. Тие беа ко оние пчелите трут што не собираат мед, а им го јадат медот на другите пчели. Во друга насока, преку делот од приказната за нив може да се направи толкувањето за конзумеризмот и за масовната продукција и штетата која истите ја предизвикуваат.

Имам уште многу да пишувам, ама немам време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom