Кога ме прашуваа кој е мојот идол, секогаш одговарав 'Имам 2ца. Ернесто Че Гевара и Пеп Гвардиола'.
Веста ме погоди, иако знаев дека кога-тогаш Мистерот ќе си замине, не може а да не се растажи човек, после се тоа што Тој на нас ни го даде!
Благодариме за се, Пеп! - Оваа реченица ја кажувам затоа што морам, инаку, ова е и малку за сето тоа што тој го направи. Беше водач во 4те најуспешни години во историјата на овој клуб. На неговиот клуб.
Јас му посакувам се најдобро понатаму, во животот и на професионално ниво(доколку води некој клуб или репрезентација). Кога(и ако) ќе застане на кормилото на некој друг клуб, ќе го следам овој човек. Тој можеби (на хартија) заминува од клубот, но во клубот остава траги кој никој нема да може да ги избрише.
VISCA PEP GUARDIOLA! Исто така, HOLA TITO VILANOVA!