Фан Клуб: Барселона

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Од тоа што сум те читал досега, знам дека не си глуп. Значи, или сосила се правиш глуп, или погрешно си разбрал.
Пеп не си оди сега. Пеп си оди на крајот на сезоната.
Ако ја освојат, да, ќе си оди со титула од купот. Ако не, си оти со освоени 13 титули, како најуспешен тренер во историјата на Барса.
Не знам од кај ви е ова дека Пеп си оти уште сега или си поднел оставка. Си го одработува договорот до крајот на сезоната и нема да го продолжи.
Па и јас така разбрав дека ќе си оди на крај на сезона ама на нашиве канали објавија дека сега ќе си одел па затоа си помислив јас лошо да не сум сфатил
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773


2008-2012 год. Се гледа дека му треба одмор на човеков. :) Голема почит имам за Гвардиола, а изгледа сум еден од ретките што не навива за Барселона. Него, Алвеш во Анжи а?
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.659
Поени од реакции
1.293
Еве и ја, како некој што не навива за Барса, да изразам почит спрема човеков. Искрено, жал ми падна, ама тоа е, за 4 години 13 трофеи е голема работа и потребен е одмор.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Алвес во Анжи, Виља во Арсенал, ван Перси во Барса, 50 милиони за Бејл.... све срања од Дејли меил. Рано е за траснсфери да се збори уште пет утакмици има до крај на сезоната.
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Фала ти за се...

Имаше на претходните страници мислење во кое вели дека можеби не е најдобриот тренер, но е перфектниот тренер за Барселона. Статистиката го говори тоа. Имаше неповторлива харизма, ништо не правеше ради реда. Горд сум што сум фан на Барселона и што ја имав таа чест да ја гледам додека беше предводена од него. Постигна се што посака... наиде на потешкотии но секогаш се враќаше посилен.

Сега продолжуваме со Тито. Ако тој бил изборот на Пеп за негов наследник, тогаш не ни останува ништо друго освен да му веруваме (впрочем секогаш и го правевме тоа).

 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Анжи озбилно се загреале за Алвес или трипа нешто Филе?
Што е до мене, 40М€ мислам дека ќе се доволни, па ќе се крпиме со Монтоја :)
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Од тоа што сум те читал досега, знам дека не си глуп. Значи, или сосила се правиш глуп, или погрешно си разбрал.
Пеп не си оди сега. Пеп си оди на крајот на сезоната.
Ако ја освојат, да, ќе си оди со титула од купот. Ако не, си оти со освоени 13 титули, како најуспешен тренер во историјата на Барса.
Не знам од кај ви е ова дека Пеп си оти уште сега или си поднел оставка. Си го одработува договорот до крајот на сезоната и нема да го продолжи.
Филе пушти шпекулација демек си заминувал Пеп по натпреварот на Барса со Рајо, па најверојатно од тука и се шпекулира до кога ќе остане ;)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Анжи озбилно се загреале за Алвес или трипа нешто Филе?
Што е до мене, 40М€ мислам дека ќе се доволни, па ќе се крпиме со Монтоја :)
Ако и така веќе има 30-ка за тие пари и нешто плус ќе се донесе добра одбрана, и така тоа е приоритет таму промаја има.
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Само единствено нешто што ме плаши сега е дали ќе ги погодат трансферите летово. Мора да се донесе напаѓач и еден централен дефанзивец.

Инаку повеќе би се плашел за успесите и продолжувањето на она што почна да се случува пред 4 сезони ако дојдеше нов тренер, отколку со Тито... после Пеп тој е најзапознат со работите во тимот. Верувам дека е повеќе од компетентен да го води тимот и да продолжи да освојува. Инаку имавме многу малку шанси да го запознаеме како личност, ме интересира како би се носел со Мурињо и неговата медиумска војна. Што знаете можеби ќе ти биде овој некој мадафакер :D
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.734
Поени од реакции
22.902
^ Целосно се сложувам. Доколку дојдеше нов тренер, ќе требаше да чекаме некое време да се прилагоди, да се запознае со ситуацијава, па и ако е некој ванаби-Мурињо ќе сака и филозофијата да ја промени. :icon_mrgr:
А, вака, со Тито на местото на Пеп, мислам дека нема ни да се осети дека имаме нов тренер. Тито ги знае сите играчи во клубот, запознаен е со се и сешто исто колку и Пеп, така да нема потреба да се плашиме.
Плус, изјавата на Пеп 'Наредната сезона нема да бидам физички активен, но секогаш сум тука ако некогаш му требам на Тито' е доста голема, покажува дека Тито нема потреба да се плаши и дека Пеп беше и останува голем џентлмен. (y)

И јас едвај чекам да видам како ќе се постави Тито како прв тренер на екипата. И ако остане Мурињо во Мадрид, ќе биде интересно да видиме како ќе се носи со неговите провокации, иако уште сега мислам дека слично како Пеп(дури и поуспешно) нон-стоп ќе го игнорира. :D
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.869
Поени од реакции
10.374
Како прво, да му кажам благодарам на Пеп за се што направи. Не дека ќе ме прочита ама мора некаде да искажам благодарност :) Си отидоа многу идоли од Барса но за никого досега не сум се чувствувал толку лошо кога заминале. Се надевам добро ќе се одмори и еден ден повторно ќе седне на фотелјата на Кампот.

Инаку имавме многу малку шанси да го запознаеме како личност, ме интересира како би се носел со Мурињо и неговата медиумска војна. Што знаете можеби ќе ти биде овој некој мадафакер :D
Овој не трпи баш, кога му брцнаа во око му опна страшен завратник на Мурињо. Мислам дека иако е мирен како личност ќе се постави како мадафакер после сите драми што му се случуваа на Пеп од медиумите и тој менталниот. Барем има од чии пропусти да учи.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Само единствено нешто што ме плаши сега е дали ќе ги погодат трансферите летово. Мора да се донесе напаѓач и еден централен дефанзивец.

Инаку повеќе би се плашел за успесите и продолжувањето на она што почна да се случува пред 4 сезони ако дојдеше нов тренер, отколку со Тито... после Пеп тој е најзапознат со работите во тимот. Верувам дека е повеќе од компетентен да го води тимот и да продолжи да освојува. Инаку имавме многу малку шанси да го запознаеме како личност, ме интересира како би се носел со Мурињо и неговата медиумска војна. Што знаете можеби ќе ти биде овој некој мадафакер :D
V for Vilanova:icon_mrgr:
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Замислете само кој товар го има Тито со тоа што ја прифатил работата. Кој товар го носи самото име Гвардиола, најуспешниот тренер во историјата на клубот и овој влегува како негов наследник. Мислам дека човек со лабилен карактер не би го прифатил тоа, што според мене кажува доста за тоа каква личност е Виланова.

Е сега, успесите или неуспесите на спортски план ќе ги видиме наредната сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom