тито еднооки виланова! како да не го сакам човекот што му стегна заушка на мурињо? за мене од старт му рачунам како титула во ЛШ да освоил
пеп, пеп, пеп... што ни направи, што не зацрни. без претерување се осеќам како некоја несреќа во фамилија да ми се случила, голема празнина ќе настане. без разлика на резултатите во идинина, пеп стана лицето на барселона. покрај сите играчки и тренерски легенди кои поминале во барселона, покрај марадона, ромарио, ривалдо, фиго, роналдиљо... и цела сегашна генерација, покрај кројф, ван гал, зубизарета, секој еден единствен инволвиран во барселона, секој од нив, пеп со својата личност се промовира во икона и лице на барселона - во мои очи.
тоа што беше тоше за македонија, тоа за мене е пеп за барселона. не може, а да не ти е жал што не напушта.
посебно начинот на кој не напушта... ми текнува на камп ноу се вееле бели марамчиња по цела година, кој и да бил тренер не се давал до последен ден. до отказ. пеп во ситуација кога секој еден фан на барселона на светов го обожава и посакува на чело, дури и противниците, он спротивно на волјата на својот клуб решава дека е доста. не знам дали има ваков пример во фудбалот.
ќе го повторам она што го кажа росел - најголем трофеј од сите на пеп е тоа што направи секој навивач на барселона да се чуствува горд!!
едно од најголемите фудбалски разочарувања за мене е овој ден, и покрај тоа, не можам, срце не ми дава да кажам било што лошо на неговото заминување. фиго ми го поеба еднаш денот, ама тоа траеше кратко, брзо го преболев. ова е сосема друго.
секоја чест мајсторе!! морам да ја почитувам твојата одлука бидејќи знам дека ја сакаш барселона исто колку и јас и секој овде, и секаде.