Кој е Франсес „Тито„ Виланова? Човек, моја генерација, 42 години. Роден каталонец. Дете на Барселона. Првите свои почетоци ги почнува токму во кампот на Барселона. Но, како и многумина други, заминува во другите клубови во Каталонија. Продолжува во Фигерес, а оттаму оди во Селта, па Бадахоз, Мајорка, Леида, Елче и пак се враќа во близина на ФКБ, во Граменет. Она што е интересно е што заедно со Пеп играат во своите фудбалски почетоци во Барса Б. И по завршување на своите активни фудбалски кариери, како многу добри пријатели, двајцата во исто време се враќаат како менаџери на Барса Б. Едниот тренер, другиот асистент. И од тој ден се нераздвојни, се` до денес. Заедно, тимски во Барса Б, заедно во првата екипа и заедно до сите трофеи и рекорди во историјата на светскиот фудбал. Сите оние кои ги гледавте во изминатите скоро 6 години се нивни производ. Тито е човек кој сака офанзивен фудбал и кој и самиот играше во средната линија. Се` што направи Пеп како тренер е во соработка со Тито. како тандем се заедно од првиот ден во Барселона. Од тие причини, денес е „изненадување и нерасположение„ во Мадрид. Практично и ништо не се менува. Напротив, без Пеп продолжува истата патека на движење. Франсес Тито Виланова е човекот кој не беше досега во сенка, туку беше едната половина од успесите на ФКБарселона....пред некое време, ми беше нелогично напуштањето на Пеп туку-така, познавајќи за каков човек станува збор. Не би заминал без да остави некој што ќе продолжи без да ги жртвува сите млади кои ги исфорсираа. Сега веќе е јасно се`. Планот бил направен, се чекала завршницата. Пеп или Тито, исто е се`. Моделот кој се трасираше продолжува со нова енергија за освојување повторно на врвот. Барселонизмот тука не запира, како што некои очекуваа . . .