Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Во доцните 90ти години на 19тиот век, Жоан Гампер ( Joan Gamper) со помош на 10 пријатели го создаде клубот познат како FC Barcelona. Точниот датум на создавањето на клубот е 29ти ноември 1899 година.
Кој беше Гампер ?
Бил роден во Швајцарија на 22 ноември 1877 година. Уште како мал пројавувал интерес за спорт и најмногу се интересирал за фудбал, рагби, тенис и голф. Тој својата фудбалска кариера ја започнал во Базел, но потоа се преселил во Франција. Во 1898 отишол во Барселона во посета на неговиот вујко. Во 1899 година пратил оглас во весник каде што се повикуваат сите оние кои се интересираат и сакаат да играт фудбал. Месец дена подоцна клубот бил основан со Gualteri Wild како претседател а Гампер како прв капитен на клубот.
Првиот тим од 1901 година
Симболи и дресови
Првото клубско лого било исто како и симболот на градот:
На логото се претставени крстот на St. Jordi ( светецот на Барселона), каталонското знаме и плаво – црвената боја, која што ги преставува боите на клубот ( кои инаку се земени од FC Basel)
Les Corts
На 20ти Мај 1922 година, Барса се пресели на нов стадион кој бил прилично модерен во тоа време. На почетокот стадионот собирал 30000 гледачи, за подоцна да биде проширен и да собира 60000 гледачи. Играле таму цели 35 години.
Гампер умрел во 1930 година во време кога клубот минувал низ тежок период и тој тежок период продолжил во наредните 10 години, поради политичката ситуација во државата.
Во 1936 година Франковите следбеници го убиле тогашниот претседател на клубот Josep Sunyol додека тимот бил во Америка. Додека траела цивилната војна во Шпанија, бројот на членови во клубот се намалил за 4000.
Франко дури и го сменил претседателот на клубот и го ставил Enrique Pineyro, кој го сменил името на клубот во Club de Futbol Barcelona. Името останало до 1973 година, 2 години пред смртта на Франко. Енрике исто така го сменил и амблемот на клубот и наместо каталонското знаме, го ставил шпанското. На крај Енрике бил избркан од клубот, поради тоа што Франко се плашел од бунт од страна на каталонците. Во наредните 5 години, Барселона освоила 3 трофеи во Шпанија.
Клубот ја прославил својата 50 годишнина со вкупно 24893 членови и со 21 трофеј во Каталонската лига, 9 купа и 4 трофеи во Шпанската дивизија.
Kubala
Со доаѓањето на Ladislau Kubala во Јуни 1950 година, сите почнале да сфаќаат дека популарноста на клубот расте со голема брзина. Од 1951 до 1953 година, Барселона освоила се што можело да се освои во тоа време. Шпанската Лига ( 1951-1952 и 1952-1953), Шпанскиот Куп три години по ред ( 51, 52, 53 година) . Таа година (1951-1952) се смета за најтрофејната сезона во клупската историја. Тимот освоил 5 трофеи и тоа: Шпанската дивизија, Купот во Шпанија, Латинскиот Ева Дуранте куп и 2та Мартин Роси трофеи.
Кубала за малку можел да отиде во редовите на Реал Мадрид, но се оженил со ќерката на Ferdinand Dauchik, кој бил пријател на тогашниот скаут во клубот Josep Samitiers и на крај ја одбрал Барселона.
Кубала бил огромен талент и постигнал 7 гола на натпреварот против Спортинг Хихон. Наредната година не играл толку многу поради повреда, но се вратил и му помогнал на тимот да го освои Купот, постигнувајќи одлучувачки погодок во финалето против Атлетико.
Camp Nou
Kubala очигледно бил преголема фигура и нагло ја зголемил популарноста на клубот, поради што челниците се одлучиле во 1957 да го отворат новиот стадион или декеска светски познатиот Камп Ноу. Некои од најголемите светски играчи стапнале на тревата на Камп Ноу ( Кубала, Кројф, Марадона, Шустер, Роналдо, Ривалдо, Роналдињо... ), а во почетокот на 90тите години, беше дом на познатиод Дрим Тим предводен од Јохан Кројф. Од тогаш стадионот е реновиран и прошируван неколку пати.
Првата карта:
Со Кубала, Мартинез и Луис Суарез ( единствениот шпанец кој ја добил наградата за Најдобар Европски играч), Барселона освоила се што можело да се освои. Ја освоила Шпанската Лига во 1958-1959 и 1959-1960 и 3 Купа. Во 60 тите клубот освоил само 3 трофеја.
Ерата на Nunez
На 6ти Мај 1978 година Josep Lluis Nunez станал претседател на клубот. Тој им ветил на навивачите и на играчите дека додека тој е претседател клубот ќе биде финансиски стабилен и ќе биде успешен на спортски план. Така и се десило. Секоја година имало се повеќе членови во клубот, се граделе помошни терени и секогаш Барселона била конкурентна на спортски план. Додека тој бил претседател тимот го освоил Купот на Победници во 1974 за подоцна да ја освои Шпанската Лига 1984 под водство на Terry Vanables, за потоа да следи прекрасната ера на Кројф и неговиот Дрим Тим кој освои 4 последователни ЛаЛига трофеи и Лига на Шампиони (тогашен Европски Куп) на Вембли во 1992 година. Потоа дојде Боби Робсон, со кој тимот го освои Купот на Победници, Шпанскиот Куп и Шпанскиот Супер Куп во 1996-97. По него дојде Луис ван Гал со 2 последователни ЛаЛига трофеи во 1997-98 и 1998-99 година.
The Dream Team, кој под водство на Јохан Кројф го освои првиот Куп на Шампиони (од наредната година Лига на Шампиони) на Вембли , 1992:
Zubizarreta, Ferrer, Nando, Koeman, Juan Carlos, Eusebio, Guardiola (113' Alexanco), Bakero, Laudrup, Julio Salinas (64' Goicoechea) y Stoichkov.
Кризата и Жоан Гаспарт
После лошата сезона, Ван Гал и Нуњез си дадоа оставка во 2000 година. Нуњез беше наследен од Жоан Гаспарт кој ја започна најголемата финансиска и спортска криза во историјата на Барселона. Следуваа некомпетентни тренери, непромислени потези, некорисни играчи...
Гаспарт си даде оставка во 2004 година, оставајќи зад себе комплетно финансиски уништен клуб. На негово место дојде Лапорта и си постави цел дека клубот ќе излезе од тешката ситуација и пак ќе биде на врвот. Неговото прво големо засилување беше Роналдињо. 6 години после неговото доаѓање на чело на клубот, Барселона е повторно светска сила во светот на фудбалот.
Исто така важно е да се спомне дека во 2006 тимот ја освои по вторпат Лигата на Шампионите, а минатата година за првпат во историјата ја освои тројната круна (El Triplete). Сезоната 2009/2010 за Барса заврши со освоените Европски и Шпански Супер Куп, Светскиот клубски шампионат, како и со повторување на успехот во ла Лига освојувајќи ја својата 20-та титула на 16. мај на Камп Ноу со победата над Ваљадолид од 4-1, со што воедно постави нов рекорд во освоени бодови во Шпанија- 99 од можни 114!
Титули:
Neka e srekjno i berikjetno novoto temishte... vo koe ke se raduvame zaedno mnogu i barem od mene ke slusnete mnogu noviteti koi ke ve iznenadat, a na del od niv i zaedno ke funkcionirame i ke gi gradime
Adeu!

---------------Spanish First Division: 20
1928-29, 1944-45, 1947-48, 1948-49, 1951-52, 1952-53, 1958-59, 1959-60, 1973-74, 1984-85, 1990-91, 1991-92, 1992-93, 1993-94, 1997-98, 1998-99, 2004-05, 2005-06, 2008-09, 2009-10
Spanish Super Cup: 13
1945, 1948, 1952, 1953, 1983, 1991, 1992, 1994, 1996, 2005, 2006, 2009, 2010
(Known as Copa de Oro Argentina in 1945, and Copa Eva Duarte between 1947 & 1953)
Spanish League Cup: 2
1983, 1986
Copa Del Rey (King's Cup): 25
1909-10, 1911-12, 1912-13, 1919-20, 1921-22, 1924-25, 1925-26, 1927-28, 1941-42, 1950-51, 1951-52, 1952-53, 1956-57, 1962-63, 1967-68, 1970-71, 1977-78, 1980-81, 1982-83, 1987-88, 1989-90, 1996-97, 1997-98, 2008-09
Copa Catalunya: 6
1990-91, 1992-93, 1999-2000, 2003-04, 2004-05, 2006-07
Copa Macaya/Catalan Champions: 22
1901-02, 1904-05, 1908-09, 1909-10, 1910-11, 1912-13, 1915-16, 1918-19, 1919-20, 1920-21, 1921-22, 1923-24, 1924-25, 1925-26, 1926-27, 1927-28, 1929-30, 1930-31, 1931-32, 1933-34, 1935-36, 1937-38
Latin Cup: 2
1949, 1952
Eva Duarte Cup: 3
1948, 1952, 1953
Martini & Rossi Trohpy: 2
1952, 1953
Little World Cup: 1
1957
Joan Gamper Trophy: 35
1966, 1967, 1968, 1969, 1971, 1973, 1974, 1975, 1976, 1977, 1979, 1980, 1983, 1984, 1985, 1986, 1988, 1990, 1991, 1992, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2010
Teresa Herrera Trophy: 5
1948, 1951, 1972, 1990, 1993
Ramon de Carranza Trophy: 2
1961, 1962
Ciudad de Palma Trophy: 5
1969, 1974, 1976, 1980, 1981
Cup of the Pyrenees: 4
1910, 1911, 1912, 1913
Mediterranean League: 1
1937