Фан Клуб: Арсенал

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
“Arsenal are a great club, here in Europe and all over the world,” he told Arsenal Player.
“At the time the transfer negotiations started between the two clubs, the decision was made really quickly. I’m now looking forward to the challenge at my new club and cannot wait to start after Euro 2012.

“I had a very good season with Cologne, I played well and as a result I’m now going to Euro 2012 with lots of confidence.

“After that, I will be joining up with my new team-mates at Arsenal and it is my goal just to do my best and be successful there.”
“For me it doesn’t really matter when you take such a step in your career, whether it is now or a few years earlier,” he said.

“It’s difficult to say when the time is right. But I’m now 26, and nearly 27, so this step in my career might just be the right time to do it.”
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
За мене сезонава беше мизера, помизерна здравје. Кога мојот тим, не се бори за титула, не можам да бидам задоволен со трошки. Имаше, Да, имаше моменти сезонава кога мислев дека можеме да направиме нешто, особено кога кога после 43 минути имавме 3-0 со Милан, но.... Се замина во неврат. Тоа е тоа.
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
25
Поени од реакции
2
Офтопик

Дечково скренал 100% :pos:

Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Најмизерна сезона?

Јас би рекол оваа сезона сме ние како поддржувачи и фанови мизерни. Зошто?

Како прво подобро се пласиравме од лани со повеќе победи и поени. пред 2 год бевме исто трети а пред тоа пак 4ти. Статистиката не го кажува тоа.

Второ мизерни сме како фанови затоа што кога заминаа “клучните“ играчи (иако статистика покажува дека и не се толку клучни) наместо да се даде подршка и да се верува во клубот ние сите предвидувавме катастрофа. Значи само по неколку натпревари ние како експерти знаевме дека сме готови. Ај ок тоа лош почеток очекувањата помали ама да се каже дека беше најмизерна година не би се сложил.

Трето имаше и добри моменти како враќањето на Анри, наградите на РвП на личен план итн.

Али хејтерите ќе продолжат да хејтаат и да мудрваат и изиграваа светски фудбалски експерти па и попаметни беа од Венгер и цела управа. Убаво кажа Вилшир сезоната е маратон не спринт.

Потоа неможам да сватам менување на мислење после секој натпревар. Кога ќе победиме најјаки сме после пораз сите ги ставаме на продажба. До лани гибс го продававме а сега го величиме. Дијаби па можеби 90% сакаа да си оди додека играше поради тој еден потег што го правеше, а годинава многумина сакаат да се врати. Како да он ќе ја реши сезоната и најбитна алка да беше. Чудна работа. Алекс Чембрлејн, го пцуевте и колневте Венгер за тој трансфер сега се бунат многумина зошто не игра од прва минута. Нека си се пронајдат самите тие кои не веруваат во клубот.

Резиме на поминатата година според мене.
Лош почеток но 5 засилувања кои се покажаа одлични. Мертезакер одлично го надополни отсуството на Вермален и неможе никој да ме убеди дека имаше лоша сезона (да напоменам прва). За Сантос не ми е јасно само како тоа беше звер додека се повреди а сега Гибс бил подобар од него. Едина мана според мене му е “брзината“ инако скоро и да не успеа никој да го помине 1 на 1. Плус постигна гол во најбитен натпревар и пак нема да чини. Не сум сигурен ама мислам дека Клиши има 1 или 2 гола за Арсенал дадено толку Сантос даде сезонава 2 или 3 ме мрзи да барам статистика. Артета, уф според мене играч на сезоната иако многумина се сомневаа во неговите квалитети и го ставаа во ранк со просечен играч сепак докажа дека е класа играч и штета што порано не заиграл за поголем клуб. Се виде на двапати колку фалеше отсуството негово. Бенајун еден од најдобрите џокер играчи. јас би сакал да го задржиме. Сигурен сум дека е задоволен со оваа минутажа плус има одлично искуство во ПЛ, а и кога и да влезеше играше како да му е матичен клуб арсенал.

После засилувањата закаснети се виде (кој можеше и веруваше виде) дека тимот може да се избори само му требаше време да се косолидира и да се уигра. Уште со блебурн се виде дека имаме солиден тим само поради „среќа“ и неуиграност ја изгубивме таа. По неколку кола бевме кај Челзи и дојде до израз квалитетот и можностите на тимот. Со тој тим се држевме доста добро се додека не се случија повредите на бековските позиции и моравме да комбинираме на моменти со Мигел на лево крило и Џуру на десно. Понекогаш и кошиелни како десен бек. Со враќањето на Сања и вермален одбраната се косолидира и добро е што Кошиелни издржа цела сезона и ја носеше одбраната на грб без разлика на која позиција играше. Најголем удар за тимот беше Милан каде што иако милан заслужи да победи сепак 4-0 според мене беше премногу. Реваншот ни даде малку надеш но сепак немавме сили за нешто повеќе. Останатиот дел од сезоната помина релативно солидно совен последните кола каде киксиравме со виган и норич.

За наредна сезона тимот горе доле е искусен со задржување на костурот имаме добри шанси за подобар пласман па и титула. Во одбраната според мене сме одлични. Со кош вермален мертезакер и џуру како замена сме супер. Скилачи би го сакал да замине а на негово место може да дојде Бартли кој е на позајмица во ренџерс и со централните бекови треба да бидеме таман. За бековските позиции Сандос и гибс се одлични иако многумина мислат дека треба да се земе за таа позиција сметам дека се доволни тие двајца. Десно Сања е стандард но сепак потенки сме тамо. Џенкинсон мислам дека може да пружи повеќе само имаше лош почеток и некако како на тапет го ставија. Али сепак детето е младо и му беше пра сезона плус има одличен центаршут што кај нас и не функционирал многу.

Во средниот ред може да се каже дека сме обезбедени. За среден дефанзивен едино ако дојде М вила како резерва и конкуренција на сонг и замена плус за да има можност за ротација помеѓу него артета и сонг, а и за други формациски комабинации. Од дијаби не очекувам многу така да според мене може да замине. Едино добро играше според мене кога имаше долга коса откако ја скрати ем не имаше добри партии ем цело време е повреден. Поофанзивни тука треба да се Вилшир Ремзи и Росицки. Бенајун ако остане супер замена ќе е и со тоа ќе имаме добра клупа за ротации. Можеби годинава ни фалеше плејмејкер од стилот на цеск силва насри или слично но тоа се покри со влагањето на Росицки во одлична форма. Сепак за Росицки да изигра наредната цела сезона на ниво не е баш за верување така да со бенајун би биле одлична клупа, а вилшир и се надевам ремзи ќе покажат дека се големи играчи. За вилшир и не се сомнефам сепак ќе заигра после пауза од цела сезона и се надевам дека ќе продолжи каде што застана а ремзи ќе докаже дека вреди (иако не ме убеди баш). Доколку е така и друго засилување не ни потребно за таа позиција.

За крилата и нападот ќе биде тесно. Крила доколку остане Волкот тука се и Чембрлејн Жервињо и Подолски плус би сакал и Мијачи да добива шанса. Сепак најнеизвесен ми е волкот некако е мирно за него а договорот мислам и на него му истекува наредна сезона. Зна напад доколку остане РвП (иако ми е сумлив) надополнет со Подолски релативно сме покриени. Шамак тешко дека ќе остане а парк мислам дека ќе остане за резервите да игра со единствена шанса во некој куп или ако сме тенкои поради повред. Бентнер тешко дека ќе остане а и Аршавин исто така мислам дека си оди.

Ова се предвидувања некои иако е рано за предвидување трансфер пазарот не ени почнат а далеку од завршен така да на крај на август ќе видиме до каде сме.

Можеби многумина нема да се сложат со ова но сепак ова е само мое мислење немора да значи дека е така ил идека ќе биде така.

Поздрав и се надевам дека работите почнуваат да одат на подобро а за тоа ми дава надеж трансферот со подолски.....
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Јас пак ќе речам, не се задоволувам со 3то, 4то и 2ро место. Едноставно тим кој е Шампионски и Учен да освојува трофеи, не може да се задоволи со 3то место. А јас ( Вие) како навивач (и) на Арсенал, не би требало да се задоволуваме со тоа.

Друго е тоа дека сме ја почнале лошо сезоната и дека треба да сме горди на ова денес. Зборувам конкретно од пред почеток на сезона, се до крај на сезоната.

Мое мислење. Поздрав.
 
stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Од дијаби не очекувам многу така да според мене може да замине. Едино добро играше според мене кога имаше долга коса откако ја скрати ем не имаше добри партии ем цело време е повреден.
:pos:

Инаку, во потполност се согласувам со тебе, а и верувам дека скоро сите имаме исто мислење за оваа сезона.
Сега само уште да се договорат Венгер, Газидис и РвП во среда и можеме да се опуштиме.
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Земајќи го фактот дека РВП порасна во класа напаѓач под палката на Венгер, доколку замине мислам дека не треба да заслужи ни трошка почит од фановите на Арсенал. Треба сам да биде свесен и да се присети на тоа колку му беше дадено време за да влезе во форма после толку повреди. Значи над него секогаш беше Арсенал кој го бодреше и го чекаше трпеливо. Е сега повеќе од ова друг клуб да му исполни да не се надева. Да речеме да заврши во Сити, каде што не му е загарантирана позиција во прв тим. Доколку се повреди на подолго и падне во форма таму нема да го чекаат, може и да го продадат во некој друг клуб во послаба лига, и на здравје кариера.
Сега кога е на врвот на својата форма, која ја најде после толку години, ја има судбината во свои раце, или ќе стане легенда на Арсенал или ќе стане ѓубре како Фабрегас и Насри ( незнам дали има некои од вас кои ги почитуваат, ама според мене се обични лешинари, прераснаа во фудбалери под водство на Венгер и ајде сега Арсенал е мал клуб ма ајде. Нека помисли Фабрегас дали Барса ќе го сакаше назад доколку играше во Стоук или некој друг тим што не игра ЛШ).
Малце сумљива ми е ситуацијата со тоа што несака да потпише нов договор, барем не до сега, и со тоа што го зедовте Подолски, ама би требало да продолжи според некоја логика.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Чисто, он топик, онака - Дали озбилно се надевате дека Ван Перси ќе остане во Арсенал ?? 99,9% сум убеден дека Ван Перси си заминува.

Уште не го научивте Арсенал и нивниот принцип на работа ? Подолски е купен, порано за да биде замена за Ван Перси. Никогаш не сме имале два исти шпица, ниту сега, пак, ќе ги имаме. Сите потсвесно знаеме дека Робин ќе си оди. Помина 8-9 години кај нас, и не освои ништо (освен титулите во кои немаше голем удел), така да... И јас би си заминал. Тоа е тоа, можеби сум песимист, но познавајќи ги и гледајќи го работите...
--- надополнето: 15 мај 2012 во 19:28 ---

Само во Арсенал логиката нема врска. Вервај ме брат. Мое мислење е дека ќе оди во Италија.
 
Абе да индикатор е Подолски до негде. Ама може и да игра друга позиција не е баш статичен шпиц.
Сеа дека не освоил ништо, колку тој освен оваа сезона беше во можност да му помогне на тимот и да биде константен цела сезона, скоро ич. И сега му тргна конечно и ќе оди во друг тим. Не , вакви играчи можам само да хејтам и ништо повеќе, глорихантерс.
 
Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923
Чисто, он топик, онака - Дали озбилно се надевате дека Ван Перси ќе остане во Арсенал ?? 99,9% сум убеден дека Ван Перси си заминува.

Уште не го научивте Арсенал и нивниот принцип на работа ? Подолски е купен, порано за да биде замена за Ван Перси. Никогаш не сме имале два исти шпица, ниту сега, пак, ќе ги имаме. Сите потсвесно знаеме дека Робин ќе си оди. Помина 8-9 години кај нас, и не освои ништо (освен титулите во кои немаше голем удел), така да... И јас би си заминал. Тоа е тоа, можеби сум песимист, но познавајќи ги и гледајќи го работите...
--- надополнето: 15 мај 2012 во 19:28 ---

Само во Арсенал логиката нема врска. Вервај ме брат. Мое мислење е дека ќе оди во Италија.
Не брзај , за некој ден ќе се знае како стоиме, јас пак сум 99 % сигурен дека ќе остане...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom