Фан Клуб: Арсенал

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.075
Поени од реакции
11.102
Дека проблемот не е само Артета е добро познато, ама за фудбалов или НЕфудбалов што го играме, за канцерот од игра, за мизеријата што ја покажуваат на терен, за изјавите што ги дава после утакмица, за оправдувањата како сме немале среќа, а не може да ги научи да одиграат една акција, за тоа што гол од игра немаме дадено ДВА МЕСЕЦИ и за тоа што утре можеме да бидеме ШЕСТНАЕСТИ нема друг кривец. Ваква брука од клуб не постои на друго место, син на газдата да му беше досега ќе јадеше отказ било каде на друго место.
БИЛО КОЈ да дојде ќе биде подобро, немој да филозофирате како играчите не се кадарни да направат шанса за гол, да одиграат акција, БУЛШИТ. Ја сум тој што викаше дека немаме квалитет за повеќе од толку кога сите го бркавте Емери, ама ова е две нивоа подолу, дното е пробиено, нема апсолутно никакво оправдување за оваа катастрофа, во ниеден универзум не може играчите да заборават да играат фудбал и да биде клубот на 16-то место, незнам како дозволувате да ви го исперат мозокот до степен да верувате на овие срања што ги зборат Еду и Артета.
Емери доби отказс со 3 порази од 13 утакмици, овој има ОСУМ во 14, па во кој универзум бе може да остане менаџер после ова?
Со нула не множат, го изгубија и тоа малку реноме што остана од клубот, чемер и јад сме.
Се е ова ок, ама зошто истово не го викаше за Емери ?
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
2.928
Поени од реакции
4.920
Ќе пробам малце подетално да опишам што се случува во тимов.

Артета се виде дека има знаење и дека може да се носи тактички со тренерите што имаат поголемо искуство од него. Сите тука верувавме дека он е човекот што може да не однесе напред со неговата харизма,одлучност и суровост. И така и почнавме, со освојувањето на ФА Купот и со такви изданија во ФА Купот, со две тактички доминации против Сити и Челзи. Е сега, што се случи после тоа. Тоа требаше да се прелие во сезоната, ама сите знаевме дека играчите се проблемот и сите знаевме дека треба голема чистка во тимот и дека тоа е долг процес. Што направија Еду, Артета и Арсенал погрешно? Заебаа се.

Прво, цел скаутинг систем го отпуштија, што со години носеше таленти ко Мартинели, Гендузи, Мавропанос ( прејак е во Штутгарт не знам дали следите ) и кои своевремено носеа таленти ко Фабрегас,Насри и ред други. Во сред трансфер период они одлучија да отпуштат еден од најдобрите скаути што тимов некогаш го имал во Франсис Кагигао.

Второ, во сред трансфер период, одлучија огромни промени да прават во управа и реогранизација на истата. Раул ги водел преговорите со Атлетико за Парти, и можеби многу побрзо ќе го земевме Парти ако останеше Раул и ќе пробаа да се фокусираат на креативец во останатиот преоден рок. За играч ко Ауар, што е во тимот на годината според многумина во ЛШ, Арсенал понудиле само 25 милиона и покрај тоа што ДОГОВОРИЛЕ личните услови со Ауар и играчот прифатил да дојде. 25 милиона само...Еду мислеше mind games ќе игра со Жунињо и претседателот на Лион. Очаен потег, можда сме немале пари и тоа е точно ама ако ЕДЕН ЕБАН ИГРАЧ не продадовме за асални пари. Мустафи, Сократис, Озил, Луиз ( да не му се продолжеше договорот ), Колашинац, Лаказет, Џака, Холдинг/Чејмберс, од овие играчи со ПАМЕТНИ зделки можеше и крило да се земе, не само Ауар. Тука има кривица и Артета ако е вистина тоа што се шпекулираше дека он бил виновникот за Луиз да продолжи договор, за Џака да остане, за Вилиан да дојде, за Мустафи да остане. Ако Артета мислел дека со овие играчи ќе направи нешто во лигата, гадно се лажел, што веќе и сам може да го осети тоа. Немам проблем што Гендузи се даде, тоа мало гомно треба да се научи на дисциплина, ме боли курот како и колку е добар во Херта, со такво понашање кон тренер и соиграчи таму му е нивото, Херта. Тореира е толку слаб, што Атлетико Мадрид сакаат во јануари да го вратат назад. Не ме смејте со Мики, сите тука го делкавме Мики, сите го пцуевме скоро секоја утакмица, одеднаш он ќе бил спасителот хахахах. За Вилиан, не бев толку многу против оти мислев дека барем нешто ќе знае да направи, тука признавам, гадно се излажав и донесовме дури бетер играч од Мики. Нема искуство во оваа управа за да извадат ваков Арсенал што е толку длабоко завлезен во гомна. Ама, големо ама, се тоа може да се реши ако Кронке одлучат повеќе да вложат, и тоа многу повеќе, драстично повеќе. Се надевам ќе сфатат дека не прават пари вака и ќе се одлучат да го сменат пристапот.

Трето, Артета. Океј, бидна што бидна трансфер рокот. Земавме Парти и Габриел, одлични засилувања, земавме пензионер во Вилиан, потпишавме ростер играчи, според мене солидни во Седрик и Мари. Сега на Артета му преостанува да ги скроти егата на првотимците, не успеа одма по првите лоши резултати покажани. Одлуката да се замрзне Озил, се гледа од авион дека влијае врз моралот на играчите. Го сакале, го нејќеле Озил, не заслужува да биде скроз замрзнат, со сигурност па не заслужува да е замрзнат а ние да НЕМАМЕ поасално решение на некои од креативните позиции. За што и да е замрзнат а верувам е замрзнат ради коментарите за Кина, не од фудбалски причини. Друга грешка на Артета е тоа што проба да го смени системот од 3-4-3 во 4-3-3 или 4-5-1. Колку и некои од тука да не го сакаа тој систем со 5 во одбрана, тој систем одговара за вакви магариња, има поголема стабилност и не се изразуваат толку недостатоците во средината кога сме без Парти. Играчиве на првите неколку утакмици кога игравме 4-5-1 или 4-3-3 беа изгубени, не знаеја што да прават, се гужваа, се буткаа на крилните позиции, стоеја во место, не знаеја кај да се движат. И се тоа додава на нивниот морал, сум бил спортист и знам како е да имаш изгубено самодоверба, знам како е и за тренер што првпат се наоѓа во таква ситуација, со играчи кои имаат изгубено самодоверба, тешко е да ги вратиш, стварно е многу тешко. Тешко е за искусни тренери, не па за тренер ко Артета, што му е прва работа ко менаџер. Веќе кога тргна по надолна линија, Артета ништо не направи за да се смени траекторијата. Продолжи да ги игра играчите што СИТЕ НИЕ, ама баш цел свет гледаше дека не даваат се од себе и дека не прават ништо, проба со една стара спортска филозофија дека искуството се исплаќа. Јас искрено не разбирам Артета што гледа во Вилиан и што пробува да извлече од него, човекот не се залага веќе 7 утакмици и пак игра прва постава. Не разбирам зошто не му се даде шанса на Седрик во ПЛ, Белерин е теле невидено. Зошто не го проба еднаш АМН во средина, или па Себаљос да го игра понапред. Себаљос игра крило за Шпанија, кај нас игра последен... Зошто не му верува на ЕСР, не знам што треба да направи детево за да добие шанса, сите гледаме дека има потенцијал, во Хадрсфилд одигра одлична полусезона. Артета со овие потези ја губи, ја изгуби мојате доверба во него. Ама нешто ми кажува дека кој и тренер да дојде ќе ги игра овие посраници се додека не се продадат.

Четврто, спас? Зимање на искусен спортски директор, некој што е ruthless во зделките, некој што знае што му треба на тимов и да не слуша Џоорбаџијанци и срања такви. Враќање на скаутинг систем и повторно работење со млади додека не дојдеме во постабилна позиција. Треба да го следиме примерот на Лајпциг, на Дортмунд, на скоро па сите германски тимови ако сакаме #trusttheproces, оти труст д процес со Вилиан и компанија си иба мајката. Океј, ова се предлози знаејќи дека Кронке нема да променат ништо во нивниот пристап. Е сега, ако Кронке се одлучат да променат и да вложат 300м во еден трансфер период, тогаш е друга приказна.
Зимање на привремен тренер, јас озбилно би сакал Бенитез да дојде до крај на сезоната. Не сакам Алегри оти знам дека истава приказна ќе биде, Алегри со ништо ми нема докажано дека може да смени ситуацијава во Арсенал. Покетино сум на пола. Мое идеално решение е Нагелсман. Кога веќе испуштивме Клоп во 2015, зошто да не го земеме second coming of Klop :D Јас бев за Нагелсман и уште пред Емери, али што знам, можеби прерано ќе беше за толку млад тренер ( ќе му се случеше истово на Артета ). И да се разбереме за мене Емери не е лош тренер, ни па Артета. Еве Емери има одлична сезона, а верувам дека и Артета ќе има одлични сезони пред него во кој и клуб да отиде. Само ете, not the right men in the right time.


Петто, КРОНКЕ СЕ ПРОБЛЕМОТ.
 
Последно уредено:
Член од
21 февруари 2011
Мислења
207
Поени од реакции
157
Да не барам статистика сега, небо и земја е разликата во креирани шанси, удари кон гол, имаш неколку страни наназад. Емери беше во криза ама ова е буквално пробување дно. Тоа било кој, апсолутно мислам било кој ќе биде способен да креира ЕДНА 100% прилика за гол по натпревар, овој не е кадарен ни за тоа. Незнам како сеуште се дискутира воопшто дали треба да добие отказ или не, само во брука од клу може да се расправа за ова.
Автоматски споено мислење:


Палас, Њукасл, Лидс, Брајтон, Вила имаат поквалитетен состав од Арсенал?
Како бе вака нагло ви паднаа критериумиве, а лани за се Емери ви беше крив, сечитате вака што пишувате?
Абе ШЕСНАЕСТИ ќе бидиме утре еј,што д фак ви се случува со муабетиве Обамејанг испукана пушка??!
Не ми се верува што читам, како Артета да зборува од вас, очајни оправдување на очајни луѓе се ова друже, спремен е душата да си ја продаде само да не биде избркан.
Вакви муабети бо фк Шефилд Јунајтед не се вртат моментално.
Па не подобар али тука некаде се. Објективно ти кажувам, на Артета му фалат 8-9 играчи за да покаже резултати. Кога знаеле вилок, нкетиа и остали анонимуси да играат фудбал па сеа ајде заборавиле? Елнени кога играл фудбал бе другар, па сега чекаш да диктира темпо на средина и да креира нешто? Џака, шта речи, не разбирам што улога има човеков, а ти очекуваш со ваква средина да имаш шанси за гол. Моја грешка што не напомнав дека не сум фан на Арсенал, али следам премиер лига веќе долго време, ги гледам Арсенал кога и да имам шанса и ти кажувам со овие играчи е толку. Отвори очи и намали очекувања, полесно ќе ти биде. Не е толку лош Артета како што се прикажува тука, со тој играчки кадар толку може, до 8-9 позиција максимум
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
10.972
Поени од реакции
8.724
Се е ова ок, ама зошто истово не го викаше за Емери ?
Затоа што Емери никогаш не беше вакво дно, ова е испод дно.
Емери доби отказ за кризата во која влезе ама истиот тој Емери играше седум класи подобар фудбал предходната сезона и заврши 6-ти со 70% од овие играчи, без Габриел, Тирни, Парти, Вилијан.
Ги донесе во прв тим, Сака, Мартинели, Вилок, Најлс сите играа две нивоа погоре од ова сега.
Не сакма ни да чујам како ова тшо хо гледаме сега е максумумот од нив, како Артета не е крив.
Не да не е крив, него не постои друг виновник за ова што го гледаме на терен, кур не ме боли што се случува бо позадина негова работа е да покаже на терен.
Брука од клуб

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.659
Поени од реакции
393
Се додека ги сметате Вилок и Нкетиа за таленти до тогаш нема што да се дискутира со вас. Добро бе луѓе заборавивте ли што беа таленти, Фабрегас, Вилшер, Рамзи - на 16-17 години испаднаа во прв тим и едноставно газеа на теренот. Тоа беа таленти не ме зафркавајте Вилок и Нкетиа биле таленти и некогаш игреле на ниво, виа 2ца ако завршат во чемпионшип екипа тоа ќе му биде врвот во кариерата. Таленти се Сака и Мартинели, Мартинели од 4та лига - Бразил дојди и одма се наметна во првиот тим на Арсенал, друго се е просек. А тоа дека Артета дечкото нема ни план А, ни план Б се гледа на самиот терен, кога главниот адут Ауба ти е повреден, мора да стартува Лака а он стартува со Нкетиа. Нкетиа нема дриблинг, не може да заграде топка, не отвара простор за соиграчите само трче на терен и ништо друго!!! Вчера при резултат од 2-1 што беше првата измена - Вилок - Елнени тактички не смени ништо, измена требаше да има уште на полувреме - Еди-Лака и да тргне по цел плен, но струќњакот го пушти Лака во 80та минута. Реално и јас да сум на местото на Лака намерно ќе промашам гол шанса само за Артета да го избркат, цел тим пука од незадоволство и тоа е очигледно на терен и надвор од терен. Па и изјавата му е немал среќа, каква среќа бе пријателе, немаш игра, немаш 3 паса, немаш една асална акција по средина, играш преку бекови на нафрлени топки на Еди. Искрено незнам што чека и бордот но во пакет треба да летаат и ЕДУ и Артета. Може некогаш ќе биде добар тренер но моментално се на се ме разочара во Арсенал и се виде неговото неискуство, го зема купот насреќа или не си мислеше дека ќе функционира со истите играчи во лигата и сето тоа му се удри од глава. Фа купот како го земавме со дисциплинирана игра, со минимален посед на топка и среќно дадени голови по контри, епа таа игра не можеш да ја играш секое коло во премиер лига.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
10.972
Поени од реакции
8.724
Па не подобар али тука некаде се. Објективно ти кажувам, на Артета му фалат 8-9 играчи за да покаже резултати. Кога знаеле вилок, нкетиа и остали анонимуси да играат фудбал па сеа ајде заборавиле? Елнени кога играл фудбал бе другар, па сега чекаш да диктира темпо на средина и да креира нешто? Џака, шта речи, не разбирам што улога има човеков, а ти очекуваш со ваква средина да имаш шанси за гол. Моја грешка што не напомнав дека не сум фан на Арсенал, али следам премиер лига веќе долго време, ги гледам Арсенал кога и да имам шанса и ти кажувам со овие играчи е толку. Отвори очи и намали очекувања, полесно ќе ти биде. Не е толку лош Артета како што се прикажува тука, со тој играчки кадар толку може, до 8-9 позиција максимум
Па не подобар али тука некаде се. Објективно ти кажувам, на Артета му фалат 8-9 играчи за да покаже резултати. Кога знаеле вилок, нкетиа и остали анонимуси да играат фудбал па сеа ајде заборавиле? Елнени кога играл фудбал бе другар, па сега чекаш да диктира темпо на средина и да креира нешто? Џака, шта речи, не разбирам што улога има човеков, а ти очекуваш со ваква средина да имаш шанси за гол. Моја грешка што не напомнав дека не сум фан на Арсенал, али следам премиер лига веќе долго време, ги гледам Арсенал кога и да имам шанса и ти кажувам со овие играчи е толку. Отвори очи и намали очекувања, полесно ќе ти биде. Не е толку лош Артета како што се прикажува тука, со тој играчки кадар толку може, до 8-9 позиција максимум
Друже обие играчи што ги наброја Артета сам одлучи да ги форсира. Нкетиа кај Бирлса седеше на клупа, Елнени беше пратен во Бешикташ, Вилок е куп/ЛЕ играч за ротација, а Џака го кошташе Емери Артета и него го врати.
Не ки кажувај да намалам очекувања, ја кога ви објаснував овде дека од Арсенал е останато само името, уште додека Венгер ви продаваше магла како се/ќе се бориме за титула овде носевте розеви наочари и сега наеднаш ставивте од тие за заварување, прст пред око не гледате па уште ова бил максимумот, комедии.
Сега сме 15-то место бе, кој црно 8-9то ти кажуваш, за 15то место ли е овој состав, за 8 порази од 14,за месец дена не даден гол од игра, за НУЛА креирани шанси по натпревар?
Абе треба да лета одма, сега, веднаш, сместа па и без менаџер до крај на сезона да останиме е помал срам и брука од ова сега.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.491
Поени од реакции
6.125
Себаљос требаше да добие. Не знам што е со дисциплината во тимот, јас сфаќам црвен ако си последен играч и си викаш ај една за тимот ко Бекам на времето, или нешто со рака си играл те погодила гол да спасиш, јбг за тимот е, некогаш стварно нема да примите гол ради таа пожртвуваност и ќе се исплати црвениот. Ама сите црвени картони на Арсенал во 2020 година се поради ретардирани ситуации на средина на терен каде што ритнале, фатиле за врат, дигнале нога едно метро, многу несериозност, ај што играта е како тим од трета лига, туку и однесувањето на играчите е како да е тим од трета лига. Непотребни црвени, што рака на срце и не е некој хендикеп, не дека немаше да губиме ако не беа црвените, ама зошто кога е лошо уште толку да отежнуваат со несериозност и недисциплина.
Фрустрација.
Губеш секоја утакмица, гонеш резултат, живците се при крај, умот се губи лесно во фудбал, ако имаш играно футсал, голем фудбал било што, сигурно знаеш :D
Друго објаснување за ваквите постапки е играчите да се договорени и намерно да прават глупости, Ел нени кој Артета го врати од мртвите проба да добие црвен картон, не сметам дека е "прљав" играч.
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.659
Поени од реакции
393
Бордот му дава поддршка на Артета, искрено незнам ама веќе ич не му верувам на Артета. Човекот ја растури слогата во соблекувалната голем дел од тимот како што читав не се слагале со тоа што ги изоставил Сократис и Озил од тимот и ред други работи. А и човекот не знае да ги мотивира играчите, поразот од Евертон оде на негова вина. Холдинг капитен, Лака на клупа... Место да го играше Лака прва и да му ја дадеше капитенската лента за мотивација, овој стартуваше со Еди, Еди сирот не можеше да стартува кај Биелса во Чемпионшип кај нас доби повеќе минутажа од Лака од кога е дојден. Да не сум негативен ама мислам и пари да му дадат во Јануари нема ништо да смени во тимот...
Aма и изјавите што ги дава со процентиве е смешен жими се :pos:, му кажал некој дека Арсенал игра катастрофално??? :tapp:
1608546995016.png
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.759
Поени од реакции
2.256
Стварно ли Микел го изјавил ова? Што треба да значат овие проценти..демек само 7% била веројатноста дека ќе изгубиме со Тотенхем?
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.659
Поени од реакции
393
Стварно ли Микел го изјавил ова? Што треба да значат овие проценти..демек само 7% била веројатноста дека ќе изгубиме со Тотенхем?
https://www.arsenal.com/news/arteta-man-city-auba-and-handling-pressure
Да да се има на официјалната, типот е едноставно изгубен за сите пари. Каков процент имал Тотенхем да го тепа, па се фана како глушец во стапица кај Мурињо па уште проценти расправа, страшна работа... Бетер од Емери веќе излева со овие изјави...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
41.181
Поени од реакции
81.341
Стварно ли Микел го изјавил ова? Што треба да значат овие проценти..демек само 7% била веројатноста дека ќе изгубиме со Тотенхем?
Процентиве како да ги гледал од темата за ЛШ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom