Ќе пробам малце подетално да опишам што се случува во тимов.
Артета се виде дека има знаење и дека може да се носи тактички со тренерите што имаат поголемо искуство од него. Сите тука верувавме дека он е човекот што може да не однесе напред со неговата харизма,одлучност и суровост. И така и почнавме, со освојувањето на ФА Купот и со такви изданија во ФА Купот, со две тактички доминации против Сити и Челзи. Е сега, што се случи после тоа. Тоа требаше да се прелие во сезоната, ама сите знаевме дека играчите се проблемот и сите знаевме дека треба голема чистка во тимот и дека тоа е долг процес. Што направија Еду, Артета и Арсенал погрешно? Заебаа се.
Прво, цел скаутинг систем го отпуштија, што со години носеше таленти ко Мартинели, Гендузи, Мавропанос ( прејак е во Штутгарт не знам дали следите ) и кои своевремено носеа таленти ко Фабрегас,Насри и ред други. Во сред трансфер период они одлучија да отпуштат еден од најдобрите скаути што тимов некогаш го имал во Франсис Кагигао.
Второ, во сред трансфер период, одлучија огромни промени да прават во управа и реогранизација на истата. Раул ги водел преговорите со Атлетико за Парти, и можеби многу побрзо ќе го земевме Парти ако останеше Раул и ќе пробаа да се фокусираат на креативец во останатиот преоден рок. За играч ко Ауар, што е во тимот на годината според многумина во ЛШ, Арсенал понудиле само 25 милиона и покрај тоа што ДОГОВОРИЛЕ личните услови со Ауар и играчот прифатил да дојде. 25 милиона само...Еду мислеше mind games ќе игра со Жунињо и претседателот на Лион. Очаен потег, можда сме немале пари и тоа е точно ама ако ЕДЕН ЕБАН ИГРАЧ не продадовме за асални пари. Мустафи, Сократис, Озил, Луиз ( да не му се продолжеше договорот ), Колашинац, Лаказет, Џака, Холдинг/Чејмберс, од овие играчи со ПАМЕТНИ зделки можеше и крило да се земе, не само Ауар. Тука има кривица и Артета ако е вистина тоа што се шпекулираше дека он бил виновникот за Луиз да продолжи договор, за Џака да остане, за Вилиан да дојде, за Мустафи да остане. Ако Артета мислел дека со овие играчи ќе направи нешто во лигата, гадно се лажел, што веќе и сам може да го осети тоа. Немам проблем што Гендузи се даде, тоа мало гомно треба да се научи на дисциплина, ме боли курот како и колку е добар во Херта, со такво понашање кон тренер и соиграчи таму му е нивото, Херта. Тореира е толку слаб, што Атлетико Мадрид сакаат во јануари да го вратат назад. Не ме смејте со Мики, сите тука го делкавме Мики, сите го пцуевме скоро секоја утакмица, одеднаш он ќе бил спасителот хахахах. За Вилиан, не бев толку многу против оти мислев дека барем нешто ќе знае да направи, тука признавам, гадно се излажав и донесовме дури бетер играч од Мики. Нема искуство во оваа управа за да извадат ваков Арсенал што е толку длабоко завлезен во гомна. Ама, големо ама, се тоа може да се реши ако Кронке одлучат повеќе да вложат, и тоа многу повеќе, драстично повеќе. Се надевам ќе сфатат дека не прават пари вака и ќе се одлучат да го сменат пристапот.
Трето, Артета. Океј, бидна што бидна трансфер рокот. Земавме Парти и Габриел, одлични засилувања, земавме пензионер во Вилиан, потпишавме ростер играчи, според мене солидни во Седрик и Мари. Сега на Артета му преостанува да ги скроти егата на првотимците, не успеа одма по првите лоши резултати покажани. Одлуката да се замрзне Озил, се гледа од авион дека влијае врз моралот на играчите. Го сакале, го нејќеле Озил, не заслужува да биде скроз замрзнат, со сигурност па не заслужува да е замрзнат а ние да НЕМАМЕ поасално решение на некои од креативните позиции. За што и да е замрзнат а верувам е замрзнат ради коментарите за Кина, не од фудбалски причини. Друга грешка на Артета е тоа што проба да го смени системот од 3-4-3 во 4-3-3 или 4-5-1. Колку и некои од тука да не го сакаа тој систем со 5 во одбрана, тој систем одговара за вакви магариња, има поголема стабилност и не се изразуваат толку недостатоците во средината кога сме без Парти. Играчиве на првите неколку утакмици кога игравме 4-5-1 или 4-3-3 беа изгубени, не знаеја што да прават, се гужваа, се буткаа на крилните позиции, стоеја во место, не знаеја кај да се движат. И се тоа додава на нивниот морал, сум бил спортист и знам како е да имаш изгубено самодоверба, знам како е и за тренер што првпат се наоѓа во таква ситуација, со играчи кои имаат изгубено самодоверба, тешко е да ги вратиш, стварно е многу тешко. Тешко е за искусни тренери, не па за тренер ко Артета, што му е прва работа ко менаџер. Веќе кога тргна по надолна линија, Артета ништо не направи за да се смени траекторијата. Продолжи да ги игра играчите што СИТЕ НИЕ, ама баш цел свет гледаше дека не даваат се од себе и дека не прават ништо, проба со една стара спортска филозофија дека искуството се исплаќа. Јас искрено не разбирам Артета што гледа во Вилиан и што пробува да извлече од него, човекот не се залага веќе 7 утакмици и пак игра прва постава. Не разбирам зошто не му се даде шанса на Седрик во ПЛ, Белерин е теле невидено. Зошто не го проба еднаш АМН во средина, или па Себаљос да го игра понапред. Себаљос игра крило за Шпанија, кај нас игра последен... Зошто не му верува на ЕСР, не знам што треба да направи детево за да добие шанса, сите гледаме дека има потенцијал, во Хадрсфилд одигра одлична полусезона. Артета со овие потези ја губи, ја изгуби мојате доверба во него. Ама нешто ми кажува дека кој и тренер да дојде ќе ги игра овие посраници се додека не се продадат.
Четврто, спас? Зимање на искусен спортски директор, некој што е ruthless во зделките, некој што знае што му треба на тимов и да не слуша Џоорбаџијанци и срања такви. Враќање на скаутинг систем и повторно работење со млади додека не дојдеме во постабилна позиција. Треба да го следиме примерот на Лајпциг, на Дортмунд, на скоро па сите германски тимови ако сакаме #trusttheproces, оти труст д процес со Вилиан и компанија си иба мајката. Океј, ова се предлози знаејќи дека Кронке нема да променат ништо во нивниот пристап. Е сега, ако Кронке се одлучат да променат и да вложат 300м во еден трансфер период, тогаш е друга приказна.
Зимање на привремен тренер, јас озбилно би сакал Бенитез да дојде до крај на сезоната. Не сакам Алегри оти знам дека истава приказна ќе биде, Алегри со ништо ми нема докажано дека може да смени ситуацијава во Арсенал. Покетино сум на пола. Мое идеално решение е Нагелсман. Кога веќе испуштивме Клоп во 2015, зошто да не го земеме second coming of Klop
Јас бев за Нагелсман и уште пред Емери, али што знам, можеби прерано ќе беше за толку млад тренер ( ќе му се случеше истово на Артета ). И да се разбереме за мене Емери не е лош тренер, ни па Артета. Еве Емери има одлична сезона, а верувам дека и Артета ќе има одлични сезони пред него во кој и клуб да отиде. Само ете, not the right men in the right time.
Петто,
КРОНКЕ СЕ ПРОБЛЕМОТ.