Со цела почит, ама јас колку што знам Македонската армија нема ниту едно Турско оклопно транспортно возило. Освен ако не зборуваш за автобуси, тоа не знам.
Религијата тука нема никаква врска, мојот одговор беше контра на оној кој тврдеше дека Турските возила се да не речам супериорни во однос на некои си други. Што и сам знаеш дека не е така.
Јас убаво ви реков,подобро муабетиве свртете ги во друг правец оти како и да пробате да го поставите муабетот пак не ви држи вода.
Па теоретски има...
Ланд Роверите мислам дека најголем дел се донесени од Турција.
Има и верзија на оклопен транспортер,не сум сигурен дека ја произведуваат,а и не знам дали Ланд Роверот како Хамвито има можност за монтирање armour kit со што де факто станува оклопно возило...
Ленд ровери ,камиони,додатна опрема,врски листата е многу долга и скоро се е џилит ново и модерно.Помошта од Турција е рамна ако не и поголема и од онаа на САД.СО другите земји е и неспоредливо.И што е најбитно е квалитетна опремата.Ленд ровер има можност да додавање оклоп а има и специјално оклопено возило модификација на Турците ,,Акреп,, и истото беше присутно во борбите околу Арачиново.
Но и да е така тоа не менува ништо во фактот дека Ланд Ровер е машина конструирана,развиена и произведена во Британија,а после децении и децении производство во Британија и многу други земји и турциве купиле лиценца и го произведуваат и сега тоа за некого на форумов е причина да се гордее...:jaj:
И што има лошо во купување лиценца?Паметен потег си купиле лиценца за едно од најдобрите теренски возила во светот и си ги опремиле безбедносните сили.Попаметно здравје.
Смешно и тажно...никогаш,ама баш никогаш нема да ја достигнат една Шведска на пример.
СААБ,МФИ,Бофорс,Норма...ехеее друга галаксија...
Смешно и тажно е што во ова религискиве чиј е подолг муабети,се меша се и сешто и она што треба и она што не треба.Па така и муабетов.
Турција како земја добро знае што треба и полека и сигурно си тера.За разлика од Атина на пример која купува и троши огромни пари на готова опремма Турција купува технологија на чија база развива своја,што секоја земја вклучувајќи и онаа која ја спомна ти т.е Шведска го има правено и затоа е она што е сега.Па така Турција денес за потребите на својата одбрана има индустрија која може да одговори на сите барања во сите сегменти и со квалитет и можности на кои предничи единствено Русија или Америка и делумно Шведска,Франција,Германија.
Друга работа,возилово заради кое се расправате на претходнава страна воопшто не е оклопен транспортер туку MRAP и истото не е ни предвидено да се спротиставува на РПГ,туку на импровизирани експлозивни направи и мини.Така да самата споредба со дејството на РПГ е непотребна и погрешна,или во превод повторно останувам на она што го кажав дека колку што не држат вода тврдењата дека Турските оклопни или транспортни возила се супер моќни и отпорни на се или подобри од било што друго на светов,за што и му реплицирав на оној кој тврдеше ,уште повеќе не држат вода тврдењата дека нивните возила се нефункционални и во полураспаѓање.Затоа и подобро да се прескокнат истите па во овие вербалните ќотеци да се користат оние класика клишеата како во темата на ивил бети т.е едните ставаат видеа од религиски лудаци како Талибанците а другите контрираат веднаш со вест од напушени војници кои пукнале нервно па убивале од забава.И истиот мубает се врти и врти и врти а глумците исти.
И да,Тоукатер оној Американскиот МРАП во Ирак кој го постави за илустрација воопшто не е настрадан од РПГ туку од огромна експлозивна направа.
--- надополнето ---
Мака од што?
Од Турската воена технологија? :pos2:
Турците немаат воена технологија, имаат само лиценци.
И Израел е истиот муабет па ич не ти смета по потреба нели,да речеме кога треба да се каже дека истиот може да ја прегази за 24 часа___________(вметни било кога муслиманска земја)?Има воена технологија Турција и повеќе одколку што мислиш само не знаеш каде да бараш,слично како и Израел.Така да подобро батали и напаѓај го за нешто друго,ете класика се Бугарските муабети на пример каква сељачаана живее во АНадолија и колку се заостанати,Курдите ке ги решат итн итн...
Токму така.Турција е влажен сон за нас.