Доколку ЕУ и понатаму ги остават балканските држави во бесконечниот ред на чекање , Турција би можела да се најде на ЧЕЛО на тнр „Сојуз на отфрлени роднини“ .
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,6197933,00.html?maca=ser-Blic%20Online-2569-xml-mrss
Имаше ваква слична анализа и порано
Балканот се враќа во иднината?
Балкански трик, со кој сакаат да ја „штрекнат“ ЕУ
Турскиот јарем или турското владеење од 1400 до 1900 година на Балканот се користи како стандарден аргумент, кога треба да се објаснат пречките во модернизирањето на државата и општеството
Но во последно време Турците како да се носители на надеж во регионот, барем во заплетканата ситуација во Босна. Десетици делегации од Брисел и од Вашингтон си ги искршија забите во изминативе петнаесетина години, обидувајќи се да ја скршат тврдоглавоста на локалните босански матадори. Овие, пак, уште со мајчиното млеко ја добиваат вештината да манипулираат со моќните, но далечни владетели, а тоа не го знае никој подобро од Турците.
Од пред извесно време, турската дипломатија на Балканот стана многу активна. За неоосманлиите, како што понекогаш се нарекуваат, Босна не претставува изолиран проблем, туку прашање што треба да се реши во регионални рамки.
Затоа се бара помош и од Србија, која отсекогаш имала големо влијание врз српските татковци од другата страна на Дрина и на тој начин, со турско посредување, се подобрија односите меѓу Белград и Сараево.
- Наместо бесконечно и безуспешно да преговараме со дипломатите од Брисел и Вашингтон, разговорите меѓу Босанците и Србите може да се одвиваат со посредување на Турците и Русите. Тие подобро нé познаваат - вели еден висок босански функционер.
Дали балканската политика се враќа назад во иднината? Несомнено, двете сили имаат вековно искуство на Балканот. Но пак да не се работи за уште еден балкански трик, со кој сакаат да ја „штрекнат“ ЕУ, која како да се измори од проширувањето? Шефот на италијанската дипломатија неодамна вознемирено побара забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан, зашто, како што рече тој, во спротивно се заканува нов турски јарем.
Андреас Ернст
Андреас Ернст
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=625101452342&id=23&prilog=1&setIzdanie=22020