За ова не би да коментирам, само се молам за здравје на Дарио, да куртули од повреди, да може уште многу години рекорди да руши и да дочека ОИ после сите неправди. За тие што се помалку упатени, прочитајте
тука подетално.
Јас само би се надоврзал околу нормите за ОИ и моето песимистичко (реалистичко) гледиште дека речиси е невозможно ние да фатиме норма, а за тоа се најмалку АМА НАЈМАЛКУ виновни спортистите и нивното “невложување доволно“, па за некој да каже ајде со повеќе тренинг ќе си дојде се.
Еве за споредба нашето најдобро што излегло од тука на 10км има 29:58, на 1500 ако не се лажам 3:44:98. Маратон погледнете го резултатот, мисловна именка е некој наш маратонец да истрча приближно до тие 2:11. Не ми е да доловам колку нема кај нас резултат и сме слаби, туку спротивното, колку со вакви мизерни услови успеваме да догураме само на талент и напорна работа, со 0 поддршка од државата. Е таа маргина да се бутне без поддршка од државата едноставно не може. Сакам да не сум во право, ама не гледам начин како. Не знам колку знаете ама идеална температура за трчање е од 9 до 11 степени. Да започнеме со летно време, насабјале во 5 сабајле да земеш да трчаш е 20 степени и мошне спарно, за поручек да не зборувам 35-40 степени. Да преминеме на зимно време, минусни температури, немање затворени сали за тренинг, надвор загаден воздух. Значи се сведува на тоа дека најмалку 6 месеци од годината условите според температурата се далеку од добри. Ајде да речеме дека добар атлетичар треба да има тренинзи на секакви услови дека не знаеш какви услови ќе има на некоја трка, се сложувам. Да преминеме на местата на тренинг, ако не е Скопје, имаме оштетен тартан во Охрид, нешто оштетено во Велес и толку? Децата што сакаат да трчаат на 10 години во Неготино, Кочани, Гостивар, Битола по магистрали, патишта и паркови да трчаат ли? Или во шуми? Ќе речете ако се има желба може секаде, ама дали знаете дека за вакви резултати од сликава треба најкасно до 7 години да почне дете да тренира, во 99.9% случаи после тоа е касно, мајките на 7 години да ги пуштаат децата да тренираат по магистрали, шуми и паркови ли? Во колку од градовите има школи за трчање, во колку има работа со деца? Знам Куманово како позитивен пример, Скопје исто, ајде да набројуваме градови во кои нема. Еве и во најголемиот мочан град во државава, фамозната метропола, имаш стадион кој ти работи како му прдне и исклучиво во работно време, имаш тартан во парк каде што има угорници и дрвен мост на сред тартан што ги мрзело да го направат и него со тартан, имаш кеј и парк шума, значи ако си нормален рекреативец со тенденции да напреднеш и сакаш да правиш брзини после работно време, а притоа истите се над 200 метра (под претпоставка дека двете точки во парк со мостот и угорницата се на 200 метра одалечени од вкупно 400м тартанот), тогаш ти немаш друга опција освен да ги правиш на циментото на кеј или по улици, магистрали, булевари. Парк шуми се нерамен терен за тоа, стадионот е затворен, тартанот во парк е очигледно погоден само за луѓе што шетаат со колички бебиња да им е мекичко дур газат, во тревата има дупки и не е безбедно да правиш брзини, немаш избор, имаш една и единствена опција, ама оп ќе крцнат колена ќе крцнат зглобови. Тие стипендии не се доволни да ги надополнат тие 6 месеци кога нема услови за тренинзи, ниту пак да ги заменат моменталниве места за тренинг со места каде што навистина ќе може да се тренира и да се прават подготовки со врвни атлетичари а не со брат ти или тренерот на точак што пејсира, ама и тие стипендии ги укинуваат. Извинете за долгово напишано, ама со ваква помош - непомош од државата, нема да достигнеме никакви норми и нема да дочекаме резултати за ОИ. Браво за Дарио и скромноста негова и за тоа што после секоја ваква неправда, со бес во себе, собира сили и негативната енергија ја канализира во треинг, а не во жалење и кукање.