Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Честитки до сите што сте учествувале, сега на добри услови ќе летате :D
охоо, после она во саботата, па со цокули да трчавме полесно ќе беше на нозете :pos:
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Честитки за сите што трчавте, што гледав по слики условите со снегот и калта.. ЛЕГЕНДИ сте.. @boban984 видов на страва си испукал 42ка секоја чест!! Пиши некој збор кога си слободен за искуството :)
Лудило беше :) особено последните 10К ... како да трчаш во некое поточе, реално немаше услови за бркање време.
Снегот и калта ти ја земаат силата.

Јас правев друштво на еден другар кој првпат ја трча VMTM, па и тоа ми даде шанса повеќе да уживам во трката.

На такви услови, најдобро е да се предадеш и да го прифатиш неизбежното :) ... ќе се напраиш утоп и кал ... и ќе паднеш 99%.
Јас конкретно не паднав во трчање туку од пауза за мокрење ... правам чекор и оп на гз :)
Секоја година има нов предизвик на VMTM, пред 3 години беше пекол, лани беше ноќна (и најубава според мене), годинава калишта (најтешка).

Охриѓанецот е од друга планета, алал да му е, ѕвер е.

--- краток опис за трката ---

Авантура со сите салтанати. ✅
Шлапкање, трчање, скијање, санкање на гз, дружба и разни муабети.

Сите годишни времиња ✅
Тргнав во зима ... стигнав до пролет и лето по кратки ... на крај пак зима.

Сите типови подлога ✅
Асфалт, макадам, земја, мокра земја, кал кал ... мнооогу кал, кал со снег, кал барички, снег неразгазен, снег разгазен натапкан, снег потстопен клизав, снег подмрзнат, трева сува, трева мокра, мали барички, мини рекички, камењар со ситни камчиња, камењар со крупни камења ... мислам дека се покрив

Голема благодарност до цела организација и сите волонтери.

 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Овие SkopjeRun се бодат, уште една од низата трки кои сум ги чекал и сум се радувал да трчам, сите изданија досега сум ги трчал, ама пошто имаат лаком профитерски нагон ќе ги бојкотирам и нема повеќе да трчам ни на оваа трка. Нека си трчаат вработени по фирми кои групно ќе ги пријавуваат и ова ќе им е едно од 2те трчања во годината заедно со 5ката на Скопски. И тоа пази дупло покачување од 400 на 750/850, не ни гледаат постепено од година во година ко Скопски што цицаат, туку апла удри на цена, кој ги ебе криза што е пандемија и луѓето пари што немаат, мора да се профитира и да се искористи, па не се прават секој ден трки. Пошто нели 40 годишни вработени кои треба од сликите од Pic2Go профилната да си ја одберат се иднината на македонската атлетика, а не средношколци и невработени млади што немаат финансии да си ја дозволат трката.

1619101355164.png

Само да нема глупи муабети од типот “па Филип види и на другите трки поскапено е секаде, мора да пратат стандард“, ако почнам да пишуам реферати за искуства на блиски луѓе на трките со набилдани котизации, ќе им пропаднат бизнисите, од што ќе живеат :)
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
+1 и јас ќе ги бојкотирам.
Нема врска со тоа што се направив 100кг и едвај одам.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
Скапо е 750 без маица ко шо гледам, а имаат они јаки спонзори. За Охрид да не збориме 1500 е...

Кај нас(Кавадарци) 600, 700 и 800 по бранови со маица со финансиска поддршка само од општина и од една компанија. Со тоа што од лани имаме 180 тркачи и ако пуштиме уште 100ина пријави за годинава ќе биде 800 за трите трки, не за ќар да напраиме туку последниве тркачи лани плаќаа толку. Инаку маиците коштаат 300, медалот 180, чипот 65 денари и 60 денари за онлајн пријавата на смартрејс клуб шо значи пакетот не кошта точно 600 денари.
Со тие од вториот и третиот бран пријави и тие нешто пари од спонзори покриваме мерење време.
И пехари купуваме ме сум сигурен 18 ли беа 24 пехари ли беа о 800 денари

Е сеа да нема маица реално ќе биде 350 денари еве 400 максимум и ќе добиеме повеќе тркачи некоја наредна година.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.287
Поени од реакции
4.689
Елајте си да трчате на Гетеборг полката, за најмасовен во свет го рекламираат
70 евра учество на гладно
Вклучено вода на освежителни станици во цената
За банана се доплаќа на лице место, енерџи гелови или декстроза е мисловна именка
ГРАБЕЖ МАМЕ(32) им ...
 
Член од
13 октомври 2020
Мислења
7
Поени од реакции
3
Екипо ако не сум за тука измарширајте ме
Си пукам скоро секоја ден по една лесна 5 ка за 30 мин денеска малку убрзав со пејс 5.32 си дојдов дома лупнав ладен туш легнав и осетив стегање (болка) од предна страна кај срцето, пошто сите сте спортисти на некој нешто сл. Му се има десено? Помина за 5 мин ама ме здрма малку...
Поздрав
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Екипо ако не сум за тука измарширајте ме
Си пукам скоро секоја ден по една лесна 5 ка за 30 мин денеска малку убрзав со пејс 5.32 си дојдов дома лупнав ладен туш легнав и осетив стегање (болка) од предна страна кај срцето, пошто сите сте спортисти на некој нешто сл. Му се има десено? Помина за 5 мин ама ме здрма малку...
Поздрав
Не ми се десило.
Не би се грижел ако не се повтори. Не можеш да дистингвнеш дали болката е од коска/мускул/срце?
 
Член од
13 октомври 2020
Мислења
7
Поени од реакции
3
Не ми се десило.
Не би се грижел ако не се повтори. Не можеш да дистингвнеш дали болката е од коска/мускул/срце?
Што и да заболи на тој предел викаме срцето е, а сите доктори кажуваат дека таму не боли, или срцето не боли, мислев да не е неправилно дишење можеби, дехидратација или нешто слично, ке се јави некој ке каже
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Што и да заболи на тој предел викаме срцето е, а сите доктори кажуваат дека таму не боли, или срцето не боли, мислев да не е неправилно дишење можеби, дехидратација или нешто слично, ке се јави некој ке каже
Си се возбудил зошто си ја прешол границата, психички ти е.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Е анкциозен сум ...можно е
Можно е и да имаш кила на желудник, со трчање да се активирало. Барем кај мене е така.
Си се испитал?

После трчање знае да ме мавне тахикардија (и осеќам како дупка/стегање под градната коска) и да не се смирува одреден период, иако нели очекуваш да се смири срцето кога веќе не трчаш. Па ме фаќа паника...

Поминав и ехо и ЕКГ и стрес тест.
Срцето ми е добро.
 
Член од
13 октомври 2020
Мислења
7
Поени од реакции
3
Можно е и да имаш кила на желудник, со трчање да се активирало. Барем кај мене е така.
Си се испитал?

После трчање знае да ме мавне тахикардија (и осеќам како дупка/стегање под градната коска) и да не се смирува одреден период, иако нели очекуваш да се смири срцето кога веќе не трчаш. Па ме фаќа паника...

Поминав и ехо и ЕКГ и стрес тест.
Срцето ми е добро.
Можно е и да имаш кила на желудник, со трчање да се активирало. Барем кај мене е така.
Си се испитал?

После трчање знае да ме мавне тахикардија (и осеќам како дупка/стегање под градната коска) и да не се смирува одреден период, иако нели очекуваш да се смири срцето кога веќе не трчаш. Па ме фаќа паника...

Поминав и ехо и ЕКГ и стрес тест.
Срцето ми е добро.
Друже да знаеш колку екг имам направено годинава, и холтер носев зс пулс и за притисок 24 часа и многу др испитувања, тахикардија имам поради анкциозноста, кога имам интезивен страв ми се манифестира така, жарење во желудникот и јака вознемиреност, бидејки до сега не ми се десило дс ме боли кај срцето после трчање сакав да прашам, инаку сум активен спортист, со по најмалку 5 трчања или пешачења на долги дистанци, секој доктор што го прашав рече не е можно толку да бидеш активен и да имаш проблем со срце, тие 2 работи не одат заедно, еден ме праша и дали ебам нешто, вика додека станува нема причина за загриженост....викам докторе тоа ако е репер ке живеам мн долго
Али и рамото ме боли и осеќам како прескоци а кога ке отидам на екг ми го дава уредно, сите рекоа нервите се, ама коа ке пролупа се заборавам што ми рекле
 
Член од
18 април 2015
Мислења
59
Поени од реакции
104
качување на желудечна киселина (acid reflux) знае вака да се чуствува
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Друже да знаеш колку екг имам направено годинава, и холтер носев зс пулс и за притисок 24 часа и многу др испитувања, тахикардија имам поради анкциозноста, кога имам интезивен страв ми се манифестира така, жарење во желудникот и јака вознемиреност, бидејки до сега не ми се десило дс ме боли кај срцето после трчање сакав да прашам,
Али и рамото ме боли и осеќам како прескоци а кога ке отидам на екг ми го дава уредно, сите рекоа нервите се, ама коа ке пролупа се заборавам што ми рекле
ЕКГ и холтер си направил, ама не си направил гастроскопија, тоа ми беше зборот.
И јас имам проблеми со палпитации (како ти што викаш, прескокнува срцето) или тахикардија од чиста мира.
Јас ем знам дека сум анксиозен, ем знам дека имам кила на желудник, двојно сум е*ан.
Пак ќе кажам по не знам кој пат - јас кај д-р Кедев завршив (вујко ми е) пред повеќе години мислејќи дека е срце, излезе дека е комбинација од анксиозност + кила на желудник :)

Испитај си рефлукс/хијатална хернија (кила на желудник), најдобро со гастро.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom