Одамна нема мислење на темава, имаше драми периодов кои настанаа поради доделување на стартно бројче на друг (поради неможност да присуствува тој што го земал за него), па имаше спротиставени ставови, дали е исправно или не.
Малку сум револтиран од коментари на луѓе кои без проблем менуваа имиња на бројчиња за први 3 места на нивни трки, и тоа откако завршуваше трката, а сега се против трчање со туѓо бројче кај луѓе рекреативци што над 2 часа истрчале полумаратон. Не ја разбирам малку организациската страна што е на мислење дека треба да пропадне бројчето ако не си во можност да трчаш поради повреда или други обврски. Значи од 100 пријавени, 80 ако не можат да дојдат, треба 20 луѓе да се појават според нивната логика, место да има можност друг да си трча со тие бројчиња, односно да можеш да си го подариш бројчето на некој близок. И друга работа што е епилогот, ако поради ваква бизарна причина се спротиставиш со толпа рекреативци, кои следна година нема да ти дојдат, па трките постојат ради луѓето, сигурно немаше никој да му е гајле ако само се одземеше второто место и на тоа завршеше. “Извинете сега увидовме пропуст, нема да е коректкно за другите ако машки резултат рачунаме во женска конкуренција“ и тоа е тоа.
Иначе посетив пак аутлетите во Лисиче после неколку месеци апстинирање, мислев ќе има некој добар попуст со 70% ама ништо. Поарно земете патики од СЦМ, цените се исти, бар ќе си најдете најнови моделчиња и најдобри дизајни на моделите. Лисиче двата аутлети се катаклизма. Едниов има модели од 2016 изгазени црни цели, ги допираш црно ти оставаат на раце, цели деформирани, тоа ултрабуст моделите на Адидас доле стиропорот место бел станат црн, а ценава вришти 9-10к. Овој другиов празни рафтови, по 10 пара машки патики и 15 женски, и тоа трае веќе година ипол, пропаднаа и двата начисто. Зборувам за патики за трчање, за пешачење и удобно газење секогаш ги има Дауншифтер и Револушн така да за тоа опремени се. Пегасус 38 се 5733 во Најк во СЦМ, 37мицата исто, во аулетот во Лисиче ги има Пегасус 36 за 5600, Реакт Милер за 6300, заврши тоа време кога најнови квалитетни патики се наоѓаа за 2к-4к во аутлети. За женски малку поокеј се цените во Лисиче, ги имате за 4к 38ца Пегасус, 4к Реакт Милер, Винфло 7 беа некоја пристојна цена 3к и нешто ама слабо бројчиња, ги имате исто Zoom Fly 3 за 4-5к. Од бројчиња 39 за женски имаше од сите овие, другите бројчиња не до толку.