Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
Очекувам во официјалните резултати што ќе излезат на веб-страницата да нема проблем.

Инаку, не можам точно да проценам колку беа, ама мислам околу 2.000-2.500.

Секако дека ќе има податок кога ќе излезат сите резултати, па ќе може да се пресмета.
Автоматски споено мислење:

Излегоа резултати, мене пак ме нема на листата. Неверојатно!
Каква катастрофална организација значи...
 
Последно уредено:
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.233
Поени од реакции
4.409
Врвот беше денес, на една од станиците го прашувам еден извини колку е саат. Ми вика 11, ама не се секирај прв си, видиш :D
На сета мака 36ти км ме изнасмеа.

Шилегов со тротинетот се загледа у мене(сам стоев) и ми вика здраво, го глеам вака добар ли е гревов. Се оддалечи малце спремен да пцујам, на пцуење ме фати еден познаник
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Претивок маратон. Се сеќавам до лани имаше бендови, музика на секое ќоше, годинава тапа ништо. Господ здравје да му даде на човекот што свиреше хармоника на Рекорд, тој беше прв звук по стартот на маратон. Ужасна организација генерално ако треба да се оцени.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Јас не сакав ништо да пишам пред маратонов, за да не валкам никаква слика и моето мислење да не влијае случајно на одзивот, бидејќи тоа е последно нешто што сакам, сепак го ценам маратонов како нешто најголемо тука, ама организацијата е од година во година во надолна линија, да не кажам ужасна, колку и да не делува таква сликата од многуте луѓе кои во суперлатив пишуваат за маратонот, ама реалноста е дека треба критика и да се запраша некој дали на ваква манифестација од толкаво значење не и треба подобра организација. Се е убаво кога е во пикот, ама 90% од учесниците на вакви манифестации се од фирми пријавени, ако нив ги снема, а овој игнорантен однос од организаторите продолжи лесно може манифестацијата да ја има судбината како Охридски маратон, а и како секое добро движење што постои во државава.

Не е една работа, многу се. Прво соочување со лошата организација ми беше, кога еднаш не ми беше пратен ваучерот (2017 година), па пишував меилови, се јавував, во живо отидов да се провери што е работата, и испадна дека кога пријавувале групно за каде да се пратат ваучерите се пратил меил со печатна грешка, ми запишаа вистински меил и рекоа дека ќе испратат пак кодот, ама не ми испратија. После пак ги потсетив, ама тој ваучер никогаш не го добив, не ми беше до ваучерот не ни патував некаде, ама не се почувствував испочитувано како учесник кој учествува и придонесува. Неколку пропусти тука видов, прво кога им стигнало повратен меил дека меилот не постои, они не се потрудиле да видат што е работата, да пишат се извинуваме испратете ни друг меил каде да пратиме, второ невраќање на меилови и трето кога се испостави што е работата пак невраќање на меил и одбивање да се испрати иако рекле дека ќе го сторат тоа. Разбирам еднаш да се изуми да се врати, многу меилови се, ама ова воопшто не се препрати. Не барав ништо посебно, ти следува како учесник.

Друга работа, порано (2016 година памтам како последни добри спомени), кога ќе завршеше тркава плоштадот немаше што немаше, знам се прејадував и препивав од храна, секакви јогурти, овошја, грицки, лотарии, на пат кон дома ко елка бев наќитен, балони давав од што ми даваа по десет на секое детенце што ќе го сретнам по пат. Сега последниве години тага и јад, бананче, вода, евентуално нешто смоки или од Полео ако делат, тоа е тоа. Бројот на учесници расте, не може се помалку работи да има. Ова не зборам за 2020 и 2021 па Корона да е причина, зборувам и за 17,18,19, од година во година се помалку работи имаше.

Истото важи и за музичарите, не може бе ти на ова да имаш коментар “Па кај во Македонија има трка со музичари, забавуачи повеќе од ова“, треба со помали трки ли да се споредуваме? Зошто да не се споредуваме со трки во други градови, во кои за чудо има и помалку учесници, а 3 пати повеќе музичари поставени на цела стаза. Од таа котизација висока одвој средства и на секој километар ангажирај да има музичари на стаза, пошто стазата е кружна, 10 точки треба да покриеш и тоа е тоа, секаков жанр може да се опфати. Ангажирај дечиња основци да бодрат, напрај бесплатна екскурзија за најдобри транспаренти, нека има детски џагор во публика и мили дечиња за поддршка, со уникатни идеи и цртежи. Зошто да оди во надолна линија се, место да сме покреативни и да одиме во нагорна?

Исто и целиот однос во Ковид ситуација е крш. Дечките од Битола и многу други трки пробуваа да издејствуваат да може и невакцинирани да трчаат, кога не успеаа понудија рефундирање на парите, овие не ти нудат рефундирање, туку само виртуелно или премести за слена година. Тоа е крајно некоректно, ти не знаеш дали следна година ќе си во државава и жив и здрав во време на оддржување за да преместиш, а кога си се пријавил не си се пријавил сам тренинг да си правиш на кеј, туку да бидеш дел од духот на најголемото спортско движење кај нас. Комплетно непочитување како учесник добиваш, они најмногу можат да дозволат поврат од сите организатори кај нас. Знам многу организатори на трки кои едвај крај со крај скрпуваат со трките и секој неповрат многу повеќе би значел отколку неповратот на Скопски, а сепак враќаат пари.

И финално, бизарни ситуации има мал милион со попатните луѓе кои се ангажирани од Скопски маратон. Конкретно прехлани мое другарче имаше страшни болки во ногата и ги изоде последните 20 километри од маратонот, кога побарал помош на една станица црвен Крст, му рекле еве ти гелче намачкај си се сам да не пипам јас, само што си ги измив рацете. Ова е пред Корона времето, да нема забуни. Има уште милион случки но мислам дека доволно напишав, ако некој чита засегнат се надевам дека постов го тригерна да промени некои работи и да се ангажира МНОГУ повеќе, барем како во 2016 да се вратиме ако не можеме да достигнеме следно ниво. Годинава не трчав, а бев пријавен, ќе трчам виртуелно, тоа е тоа. Јас не сум хејтер ниту сакам да наштетам, од 2013 учествувам на Скопски и ќе учествуам дур ме држи здравје, со надеж дека ќе оди на подобро работата, а јас ќе бидам објективен секогаш да пофалам кога е добро, да критикувам кога е лошо. Браво за сите што истрчавте денес!
 
Последно уредено:
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Ти држи вода муабетов @FilipMKD007, но и сами како народ сме криви, што е крив организаторот што некој шупак од црвен крст несакал да помогне.

Што е она урлање на шоферите секоја година, секоја година истата приказна со нив, нервозен и нестрплив народ сме згора на тоа и некултурен, не се сите, но таков е впечатокот.

Публика немаше ич годинава и тие што беа излезени или затекнати, беа многу тивки, некоја тешка апатија не има удрено ... најверојатно од ковидов у комбинација со преубавата политичка атмосфера од моменталнава влада.


Сосема си во право дека порано на финиш имаше многу повеќе избор за храна и атмосфера поубава генерално, исто и за бендовите тоа барем можел организаторот да се потруди.

Можеби најтапа маратон у последниве 5-6 години.

Иначе времето беше идеално, најдобро до сега според мене ... за мене PB на полка 1ч 46мин, неофицијално и на 10K PB 48:06
 
Последно уредено:
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
Плус, не може на денот на маратонот да немаш каде да се јавиш за да воспоставиш контакт со организаторите. Ако не може баш тој ден, тогаш не знам кога...
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Ова со ваучерот што кажува @FilipMKD007 и мене ми се случи во 2017, уопште не стигна таа година ваучер. Исто и мене не ми требаше и не ме засегна, ама изгубив доверба во стартниот пакет, читаш нудат ова и она и знаеш дека е млатење празна слама.

Уште една работа мене не ми јасна и ужасно ме иритира до степен до кој верувам дека наредна година нема да се пријавам. Пријавувањето траеше до 15ти Септември. Ние преку фирма се пријавивме на 12ти Септември и добивме инфо дека за нас нема маички бидејќи касно се пријавуваме. What the actual fuck?!?
Разбирам тоа што покачуваат цена како одминува време, тоа ми е нормално, ама не може ем да плаќаш најскапо ем да нема маичка со изговор дека им биле пуштени на принтање, касно сме се пријавиле. Шупаци тешки се станати.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
Еве јас првпат бев пријавен на 5 км а претходно трчав на трчај бе во Битола.
Моето искуство е дека во Битола трката изгледаше многу по огранизирана него во Скопје.
Мене ми го згрешија името, фактички фирмата и ги пуштиле за наредна година и бидејќи имаше на имиња (требало тие што сме нови да не заменат со тие што нема да трчаат оваа година ама биле пријавени во 2019) и јас трчав за некој димитар, колегава моја трчаше за некоја Марија и нема смисла искрено.
Не беше толку атмосферата добра како Трчај бе, млитаво некако.

Не сум хејтер ама некако не сум воопшто импресиониран од самиот евент.
Можеби искуството е различно за маратонците и полу маратонците, ние дека трчавме по илинденска само неможи баш да се долови комплетно атмосферата.
 
Член од
18 април 2015
Мислења
59
Поени од реакции
104
На здравје уште еден Скопски Маратон. Честитки за сите PBs. Со 4 недели и 150км истрчани вкупно годинава, истрчан полумаратон за 2ч05м подобрување од 21минута од 2019 со што сум презадоволен. Условите беа идеални, сончево но не претопло, дувкаше ветерче милина, за разлика од лани пеколот на Гологанов. Атмосвера слаба - ептен слаба! Многу и рано беше 8часот ама споредено со последниот во нормални услови пред 2 години беше катастрофа. Сепак убаво искуство, преубав ден, многу насмеани и ведри лица.
 
Последно уредено:

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917
Честитки за сите што трчавте, маратонов ми е еден од омилените евенти во државава што како учесник што како дел од публиката, не го пропуштам веќе 10тина години, но мора да се сложам со повеќето дека се влошени работите од сите аспекти.
Во поглед на атмосфера ковидот секако играше огромна улога овие 2 години, лани беше тапа, годинава можеби уште бетер како што кажа бобан984 утепани сме нешто со расположение периодов, па и јас на себе осеќам. Во поглед на атмосфера 2017/18 можеби беа најдобрите години со музики на многу места публика и поддршка, транспаренти, хумор, општо расположение на повисоко ниво, што како тркач ептен го осеќаш кога се бориш со себе на стаза. Игра улога и локацијата на целта, сепак на плоштад беше подобра локација него ли Борис Трајковски, јебига строг центар и случајни минувачи ќе застанат да видат што се дешава, Борис е малце понастрана.
Пакетите уште тогаш веќе беа почнати да бидат се попразни, како идат цените за маратонов нагоре, пакетчињава се само посиромашни, исто и таму на целта е бедотија станато, едино што имаше безалкохолен хајнекен приметив.
Помалце учесници, странци речиси и да немаше, се придонесува за посиромашно искуство и веројатно дур трае целава фама со ковид и вакцини нема да се променат многу работите.
Јас годинава конечно штафета, уште таа трка ми фалеше. Времето беше супер, јас со некоe кило плус и со 3 трчања на кеј задоволен сум. 9км за 45 минути, со оглед на моите околности не е лошо. Четврто место бевме во вкупен пласман.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.860
Поени од реакции
54.394
Има некој искуство со TRAIL патики за трчање на асфалт?
Или ваквиот тип на патики се строго за офроуд односно треил трчање, ме сфаќате што сакам да прашам.

Ми искочија пред очи овие прееска
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Овие се за трејл, ама не делуваат дека се за нашиве планини. Не ми делуваат како да имаат силна конструкција, што наведува дека можно е да се за земјани, калливи патеки, како тревнатиот дел на кеј. Треба да го видиш составот на гумата или најдобро, барај reviews по интернетов.
Зависно од крампоните, може да ти ствара како ефект на пливање на ногата, што не знам дали е здраво. Го ублажува триењето, ама некако неправилно...а и трејл патиките се удобни исто како и другите.
Јас не би користел за на асфалт, чисто да не им ги трошам крампоните.
Инаку, конкретниов модел вака изгледа супер и ценава му е многу ок. Hoka, la sportiva, salomon се над 7, 8 бона.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Има некој искуство со TRAIL патики за трчање на асфалт?
Или ваквиот тип на патики се строго за офроуд односно треил трчање, ме сфаќате што сакам да прашам.

Ми искочија пред очи овие прееска
Има ... и можеш да, али зашто?

Обично трејл патиките се потешки и главната намена им е за офроуд, па затоа и ѓонот е со подлабоки забци и сл.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom