Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
А, е ова е веќе изненадувачки! Сите право, Топер криво. Сите криво, Топер право. Не памтам до сега, на било кој Саем во последниве 10 години Топер да имале некаков, било каков попуст. А сега, никој нема, тие имаат.
Имаат и книги на 50% во конкретен ден, види на фб. Инаку ова пркоси со нивната "политика". Попуст на саем, што е тоа!?А, е ова е веќе изненадувачки! Сите право, Топер криво. Сите криво, Топер право. Не памтам до сега, на било кој Саем во последниве 10 години Топер да имале некаков, било каков попуст. А сега, никој нема, тие имаат.
Ќе си ги докомплетирам ASOIAF на македонски, какви, такви. Да не ми стои на пола комплетот и да не ми се буни OCD-то. Плус, нешто за штрумфовиве дома, обавезно!
-20%, само не знам дали ќе бидат на саемов или не.Академска Книга ќе има штанд? Попуст? Нешто онлајн нарачки со попусти правеле во минатото?
Ги исконтактирав пред некој ден и ми рекоа дека попустот нема да важи онлајн Ако има некоја промена, пишете.Ќе контактирам утре да видам дали може да се изменаџира попустот преку нивниот веб шоп.
На сајт нема никакви индиции дека даваат попуст, чак што више некој цени ми е сомнителни али ај.... можда грешам.
Јас би сепак да одам. Не е се скроз така црно. Ама треба да ги пратиш оние ситните букви во догворот, понудите што не се на прва страна. На пример, тешко е да се поверува дека Абадон Уништувачот, книга на Сабато од 400 и кусур страни сум ја купил за 100 денари од Три, од оние акциине 5 книги за 500 денари. Или Мапа и Простор на Уелбек. Во оние 80 книги за 100 денари на Три или оние книги за 50 и 100 денари на Бегемот лежи правиот саемски улов. Во оној дел само попатно спомнат на последната страна од нивните каталози. Добрата вест за тие што ценат квалитетна книга* е што баш тие наслови ќе ги начекаш со поповолен попуст. Коелјо* на пример нема никогаш да падне на 100 денари за книга. Скапи се популарните книги, што ќе се трошат. Стравот на Голманот од Пенал од Петeр Хандке со години беше 100 денари на саем, па дури едно време го даваа гратис со сметка над (мислам) 1000 денари во Или-Или. Сега е 150 откога авторот зема Нобелова Награда. Проблематични се книги како Хари Потер на пример, кои се воедно и добри и популарни*. Така што во прилог оди тоа што економската логика на понуда и побарувачка по која се водат книжарите при одредување цени не соодветствува најчесто со квалитетот. Шундот е поскап од квалитетот затоа што е баран. Делува тотално нелогично за некој кој не ја познава македонската читателска публика. И не само читателска, туку секаква. Целата македонска фиромштаана на пример е набутана на прв крак Халкидики по цени кои некогаш се драстично па дури и дупло поскапи од оние на втор крак. А втор крак за прв е Малдиви.Констатација која би ја аплицирал за секој саем десет години уназад. Ама пак сум одел по саеми, шо да праам.
Епа оваа година нече мочи. И покрај тоа што можам да си приуштам многу повеќе литература ради ковид рестрикциите по кафани и стабилен буџет, бар до сеа.
Сума сумарум, бољи се индивидуалните попусти него ли групниов саем освен за човек кој сака сите книжари на едно место да ги начека. Па макар и да дал некоја стотка повеќе.