Јас бев! Еве што собрав - сепак само тоа по кое што и одев. ASOIAF на македонски само за да ја дополнам полицата. Златната серија на Весели четвртак редовно си ги купував, ама овие броеви ми фалеа од времето на корона изолациите. Уште ми фалат 17 и 18, ама ги немаше со А корица, па ќе ги барам во Бункер директно. Тие двете вертикалните се подароци - атлас за син ми и некоја глупост за која дадов 270 денари, ама морав, заради корицата. Разговор со Спиноза беше подарок од Топер. Скакулци од Петре М Андреевски за да ја комплетирам едицијата, која еднаш ми беше комплетирана, но Скакулци ми ја украде една бебиситерка.
Вистинскиот улов се тие шесте најгоре, од Или Или. Само тие и ќе бидат прочитани, најверојатно.
Прегледај го приврзокот 265624