Почна Денови на литературата во Литература.мк. Има настани секој ден во нивните книжарници плус попусти од 20 до 70% на многу изданија од повеќето издавачи во Македонија.
Плус, со секоја сметка над 1500 денари добивате грепка, а подароците се книги или комплети книги од кои некои навистина вредат. Штотуку го изгребав комплетот книги на Орхан Памук кој вреди сигурно преку 3000 денари. Иако ги имам сите, освен Ноќи на чума - ќе се дадат некому како подарок. Мислам дека акцијава им вреди за сите пари!